Константно ги коментираш Комити, прв пат те цитирам, не ми сметаш ти лично, не ми смета ниту критика, ама нека има основа. За да критикуваш некој негативно, треба да си во најмала рака барем нешто подобар. Комити вадат знамиња со толкав труд вложен во нив, велиш два пати се ваделе и ги споредуваш со најлонски знаменца 5 пати помали (не го омаловажувам и тој труд) па мотките, па еден куп други работи, како и да е секој со своето мислење. Ама за денес со кое лице пишуваш со потсмев, хумор си употребувал, па најсмешно е што или сте во бојкот, или столчиња ви сметаат, или кошот ви сметал, па ај ќе мењаме страна како во лименката или сами не знаете што ви смета да навивате, или не е во Аеродром (иако беше) па не е проблем кој сака нека се шета во Скопје и пошто не можете да се соберете двајца без тројца ај ќе им се смееме на Комити дека не ги стигнале до Солун. Факт е дека никој не ни знаеше за утакмицава, пак за кратко време се екипирале, дали фрлиле некој камен, дали покажале само среден прст, пак нешто направиле, излегле, се појавиле на улица си ја пробале среќата, кај се другите групи? Ривалите не ви постојат, другиве групи со години изгледа како да не се ваш проблем, па испаѓа како најголем фокус да ви се Вардар и Комити, од друга страна барем колку што се сеќавам никогаш не сме имале таков проблем, затоа и смешно испаѓа.