Мислев на ненаведувани проектили, млрс си служи за тоа. Повеќе десетици ракети за неколку десетици секунди. Рамници се скоро секаде, често можеш да приближиш и возила со млрс во домет, а ако можеш да ризикуваш хеликоптер секако поефикасно е да ризикуваш самоодно млрс.
Што се тиче ризикувањето на пешадија, се е работа на контекст. Не мора скаути да идат. Често има пешадија на дефанзивни позиции, со цели од спротивната страна (тенкови, транспортери, итн) што може со ласер да се циљаат за наведувани проектили.
Ми нема логика ова, ништо нема да погоди со еден/два проектили, во летање ги пука и тоа си див нагорен маневар. Hail Mary е слаб израз за веројатноста дека ќе погоди нешто, а ако погоди ништо посебно нема да направи. млрс затоа пукаат мноштво ракети, за да покријат зона на ефект (АоЕ). Тоа веќе има логика.
Ама нека каже некој што се разбира, ете може господинот
@Klinton да го прашаме.
Не се понашајте ко Хилари! Ќе укакате нешто, па господинот ќе ве оправа....
генерално измешавте баби и жаби и тоа не функционира баш така. Многу покомплицирано е сето ова ама ќе пробам во кратки црти....
Задолжителна е разликата меѓу директен и индиректен оган.
Директен оган е кога отвораш оган на цел непосредно и директно. Најпрост пример, војник со пушка гаѓа друг непријателски војник. Го гледа, знае што гаѓа, траекторијата на оган е релативно линеарна. Тука би спаѓал и оклопен транспортер со тежок митралез, тенк со сите оружја (освен наведувано артилериско дејствување), авион за блиска пешадиска поддршка или хеликоптер во случајов. Вие зборувате за хеликоптер кој дејствува во координација со војниците на земја. Класична воздушна поддршка на пешадијата. Комуницирање на пешадијата за каде да гаѓа леталото не се смета за наведувано орудие. Ако јас како војник имам потреба од воздушна поддршка, преку радио му кажувам на пилотот каде е целта,координати, колку бројна е целта, дали се движи, какво вооружување има, со што би сакал да ја гаѓа. Ако Пилотот смета дека е во состојба и авторизиран да го направи тоа, Ок, а може и да одбие. Оружје и орудие е дефинитивен негов избор, може да биде митралез, рекети 57мм на МИ17 или МИ24, бомби од различен тип и големина, ама ништо од ова не е артилерија. Во Арачиново 2001 гаѓаа со рекети 57мм од хеликоптер, некоја страна поназад има слично видео, тоа е класична воздушна поддршка. Ако има некоја гпс наведувана бомба, обично helfire за дронови и пониски летала, или 150кг до 250кг гпс или наведувани бомби од мали и големи бомбардери, тоа се уште се смета за воздушна поддршка, ама Русите во голем дел го немаат тоа.
за повеќе информации гуглајте CAS -close air support.
Индиректен оган е оган кој е посреден или непосреден но во парабола траекторија. Американците дури фрлање рачна бомба го сметаат за индиректен оган. Нејсе, не ни е битна таа бомба во моментов.
Индиректниот оган најчесто доаѓа од земја, и јас за овој оган ќе зборувам сега.
Има различна класификација за индиректен оган. Горна и долна група на агли (пр. разлика во траекторија на минофрлач и хаубица) калибар, тип на пропелант, тип на употреба итн итн итн. Ќе се концентрирам само на Руската воена Доктрина за да бидам краток.
Артилериско дејствување за поддршка на пешадија е најчесто 60мм-120мм орудија.
60мм минофрлач е дел од секоја мала пешадиска единица (одделение, тим, вод) и го носат 1 или 2 војници.
80-81-82мм минофрлач е дел од огнен вод на една пешадиска чета. Класично, 3 пешадиски водови поддржани од еден огнен вод и команден вод прават чета пешадиска.
Три пешадиски чети поддржани од минофрлачка батерија 120мм прават баталјон. Ова се нарекува органска артилерија со горна група агли (минофрлачи) Неорганска артилериска поддршка за еден баталјон може да биде хаубичка батерија 100мм -120мм, русите некогаш и претеруваат со 155мм кои се тешко маневрабилни освен ако не се самоодни.
МРЛС или мултипл рокет лончинг систем е огнена поддршка на високо ниво како засебна единица. Пример еден баталјон Град систем поддржува бригада до најмногу дивизија. Тие не комуницираат преку радио директно со војници на терен. Тоа може да се случи само преку повисоки истанци и неколку комуникации се потребни за артилерискиот командант да рече Плотун Оган. Овие системи не се блиска артилериска поддршка, туку артилерија за обликување на боиштето, најчесто артилериска подготовка е потребна пред фронтален напад. Има и други намени. Во случајот кога Украинците тргнаа кон Купијанск преку отворена рамнина, Русите имаа шанса да искористат рекетна артилерија да ги здробат и никогаш да не се деси тоа што се деси, ама немаа муда и немаа Командант да рече Плотун Оган.
Да не го тупам премногу, ГМЛРС Русија нема ама е Гајдед МРЛС како Химарс е стратешко орудие а не за блиска борба. Наведувањето може да биде на вакви орудија со ласер обојувач, гпс сигнал, точна координата, теренски релјефен ориентир за оптичко наведување.... во сите случаеви е статична стратешка цел на гаѓање: мост, магацин, објект, штаб, стовариште на гориво....... Не се користи за блиска борба и војска во маневар
За домашна работа гуглајте shoot and scoot
Комплицирано е тоа, ставаш луѓе во ризик, бидејќи тој ласер може да биде откриен (мораат подолго време да ја држат целта бидејќи не знаат кога точно ќе биде испукан проектилот) и тие луѓе веднаш да станат цел. Башка временска координираност, башка хеликоптерот во ризик.
Не, не функционира така. Скоро секогаш проектилот е наведуван од леталото/возилото од кое е истрелан. Едно е маркирање на мета, друго е гаѓање на истата.
И не, нема да истрелаат 10 плус проектили кои се наведувани кон една мета. Која е логиката да гаѓаш нешто со наведуван проектил, а да истрелаш десетици од нив?
Ги користат како артилерија. Предноста е што непријателот не може да возврати, бидејќи хеликоптерот веднаш се враќа за разлика од артилериските оружја што едно им треба време да истрелаат повеќе проектили и друго, побитно им требаат минути за да бидат преместени од таа позиција што непријателот набрзо ќе ја открие (заради траекторијата на проектилите) и ќе возврати со иста мерка. Негативноста е што се непрецизни и вклучуваат скапи возила во процесот.
Статичен објект е во смисла на толкава операција.
И нормално дека губат, немаат воздушна доминација, немаат SEAD ни на дел од фронтот. Но тоа е поентата, доктрината на Русија е дека не им треба сето тоа. Сите делови од армијата напредуваат подеднакво. Непријателот не може да се приближи со авиони, бидејќи веднаш до фронтот имаат одбрана од земја и воздух. Исто и со копнените сили.
Меѓутоа во случајов, непријателот има слични оружја и слични стратегии, бидејќи сепак беа дел од една доктрина, воспоставена уште во ВСВ.
Патем, што мислиш, како Западна армија ќе си помини во војна со она што го има Украина? Вклучително и САД? Знаеш, нема тенк отпорен на наведувани против тенковски ракети (С. Арабија со абрамсите), нема лесно совладување на ПВО (Сад со Ирак), особено солидно ПВО, нема напредок на терен ако авијацијата е неуспешна (САД со Србија) и нема победа против таква армија без солидни жртви (САД во секоја војна, како и многу други). Лесно е да се зборува за загубите на едните без да се земат во предвид загубите на останатите.
Особено во вака голем судир каков што не постоел, можеби од војната во Виетнам.
Не ни пробуваат да воспостават воздушна доминација. Не можеш да го кажеш ова, бидејќи на терен нема ниту еден обид од Руска страна да се направи ова. Пишав погоре и зошто.
со ништо од твојот пост не се сложувам, абсолутно за се сметам дека си грешка.
Само ова ќе го кажам: Воздушна доминација е задолжителна ако сакаш воена победа од Прва светска војна навакај. Несериозно е да речеш дека Русија не пробува воздушно да доминира