Мечката се разбуди
Официјална Москва премина кон остварување на своите закани. Судејќи според се Украина ќе биде вратена во 19 век и приморана да капитулира.
Руската армија продолжува со жестоките ракетни и авио удари по територијата на Украина. За помалку од 12 часа извршени се 5 серии на масовни напади. Уништени се 11 клучни енергетски објекти ширум Украина, клучни железнички станици, воени објекти и друга инфраструктура.
Руската стратешка авијација работи без одмор, едни бомбардери полетуваат а други слетуваат. Црногорската флота истрела 48 крстаречки ракети утрово. Ракетните единици постојано истрелуваат разни ракети. Истрелани се над 200 ракети.
Зеленски од својот бункер изјави дека Русија решила да ја уништи Украина, и го моли НАТО да интервенира. Москва одговори дека тоа значи Трета Светска Војна.
Украинското ПВО е немоќно, и е преоптоварено. А некои западни воени аналитичари тврдеа дека Русија го потрошила својот ракетен арсенал. Ширум воените складови во Русија се распоредени илјадни различни ракети.
Интересно е да се види дали се работи за еднодневна операција на одмазда, или се работи за систематски планирана операција. Доколку се работи за систематска операција, Украина не ја чека ништо добро ...