Како прво човекот е човек не е човеколик во смисла мајмун. Ако на тоа алудираше.
Ако навистина потекнува од некој таков заеднички предок - бааги сме променети преку искуството и волјата за промена која се појавила при првата иницијација!
Ако ја ѕирнеш „Книгата на Законот“ ќе знаеш дека одговорот е ДА: ќе се пишува нова книга за новите луѓе кои ќе бараат нови искушенија и надминувања! Види го последното поглавје од книгата. И сигурно ќе има друга форма, друг збор, други ритуали и друг начин на призивање на највнатрешното кај човекот - прв меѓу еднаквите во универзумот кој толку малку го познаваме.
За 1800 години од сега - кои сме ние да се заморуваме со трендовите кога за 5 дена не знаеме дали ќе станеме здрави од креветот?
Само христијанството и исламот се проклето закачени дека со нивното завршување ќе дојде и крај на човештвото. Не дојде ниту ќе дојде крај.
Тоа не неразумно, пристрастно и само обичен страв од смртта и надминувањето или исчезнувањето. Историски овие религии нема да исчезнат никогаш.
Не го ограничувајте човекот дури и да е најмалку способен, од него може да произлезе нишка која ќе ги освои бесконечните пространства на Нуит! Ова го има како пример и во светата книга на евреите (извини, не можам да кажам на христијаните, бидејќи не е нивна).