Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    747
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.381
Поени од реакции
43.194
поголем среден прст кон меџународната заедница од ова нема.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.161
Поени од реакции
5.940
Додека @jamajka се секира за вооружувањето на Украинската Армија, ова е моменталната состојба на новите рекрути во Руската Армија:

 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
Додека @jamajka се секира за вооружувањето на Украинската Армија, ова е моменталната состојбата со новите рекрути во Руската Армија:

Така е, толку сте селективни во вестите што ги конзумирате, што почнавте да навлегувате во хистерија. Посочив западни извори, а згора на све, сакајќи да ме демантира, феникс посочи уште еден кој го тврдеше истото. Ти ги прескокна тие и отиде на кромид вестите за проблемите.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.161
Поени од реакции
5.940
Така е, толку сте селективни во вестите што ги конзумирате, што почнавте да навлегувате во хистерија. Посочив западни извори, а згора на све, сакајќи да ме демантира, феникс посочи уште еден кој го тврдеше истото. Ти ги прескокна тие и отиде на кромид вестите за проблемите.
Друже ти целосно си изгубен во свемир... Постираш вести како демек на западот му снемува оружје и цврсто веруваш дека баш тоа постираното е вистина, а во реалност гледаме како Украинската армија е сè поопремена и поопремена. Кој ти гарантира дека објавената вест не е намерно пласирана како тактика за Русија да мисли дека кај и да е НАТО ќе престане да праќа оружје, или некоја друга позадинска причина?

Од друга страна, секојдневно излегуваат видеа од Руските војници на фронт каде што се жалат дека немаат основна воена опрема (храна, вода, пушка, муниција), и воопшто нема никаква организација.

Каде е кромид веста тука?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
Додека @jamajka се секира за вооружувањето на Украинската Армија, ова е моменталната состојба на новите рекрути во Руската Армија:

Тоа е што милионити пат се има покажано.На Русија воопшто не и е гајле за животот на војникот само да оствари некоја цел,или барем делумно. Башка и што со мобилизацијава претежно се опфатени НЕруси,уште толку подобро за нив.Типовско месо на умоболната припаганда од Кремаљ.
 

saskon

Член од
22 август 2008
Мислења
2.231
Поени од реакции
5.465
Читајќи ми делува како овде едни со други буквално ќе се потепате :). Слично како навивање за фудбал, очекуваш твојот тим да го здроби другиот. Некои овдека се би потепале од спротивниот табор.
Бил ли некој од вас во војна? Знаете ли како изгледа тоа?

2001.
Прво ти се потат дланките и те стегаат градите. Тоа е страв. Секојдневно повремени истрели од спротивна страна. Бевме добро засолнати, не беше тоа страшно. По некое време чудно но оној почетен страв едноставно поминува, стануваш имун на истрели и детонации. Со двоглед гледаш само да го лоцираш местото од каде се истрелите, излегува потоа тенк. Две три воспитни гранати и не пука потоа од тоа место. Следуваше она што никој не треба да го види. Напад на едно село во кумановско. Ја штитевме колоната воени, полициски и санитетски возила. Пукав со моќно противпешадиско оружје популарниот шарец. Снајпер ме гаѓаше 6 саати. Не постојат зборови со кои може да се објасни како тоа изгледа. Само може да се почувтвува како изгледа кога некој пука во тебе. Видов ранети и убиени македонски војници. Те фаќа бес, немаше сила што ќе ме тргне од таму, војната од обичен човек те прави ѕвер преку нишанот на твоето оружје. Не посакувам на никого тоа да го види или почувствува.
Се вратив, тогаш дома не ми беше средено. Имав само една соба средена, толкави ми беа можностите. Заедно спиевме жена ми на една, детето во средина, јас на другата стана. Ист сон цели две години, цевка од тенк Т55. Еднаш во сонот замавнав со тупаница, среќа во ѕидот. Ако удрев на другата страна ќе си го отепав детето.
Она од 2001 е пичкин дим за ова што сега е во Украина. Оние кои ќе го дочекаат живи крајот на војната нема повеќе да бидат луѓе.
А вие отидете прошетајте малку надвор, ако немате фатете си девојка, напијте се по некое пиво со пријателите или едноставно начукајте се онака машки. Животот е убав, а војната деструкција на сето човечко во луѓето.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.901
Поени од реакции
36.958
Тоа е што милионити пат се има покажано.На Русија воопшто не и е гајле за животот на војникот само да оствари некоја цел,или барем делумно. Башка и што со мобилизацијава претежно се опфатени НЕруси,уште толку подобро за нив.Типовско месо на умоболната припаганда од Кремаљ.
Овие на видеото се од Москва регрути.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
Друже ти целосно си изгубен во свемир... Постираш вести како демек на западот му снемува оружје и цврсто веруваш дека баш тоа постираното е вистина, а во реалност гледаме како Украинската армија е сè поопремена и поопремена. Кој ти гарантира дека објавената вест не е намерно пласирана како тактика за Русија да мисли дека кај и да е НАТО ќе престане да праќа оружје, или некоја друга позадинска причина?

Од друга страна, секојдневно излегуваат видеа од Руските војници на фронт каде што се жалат дека немаат основна воена опрема (храна, вода, пушка, муниција), и воопшто нема никаква организација.

Каде е кромид веста тука?
Од прилика кај изворот е кромид веста.

А за тактиката на замајавање не мора до Америка да идеме, погледни кај нас, све што имавме, дадовме, како и цело источно крило на НАТО. Сега имаме помалку оружје, него што имавме кога се отсели ЈНА. Сега на пример Србија може да не освои со ПС Врање.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Тоа е што милионити пат се има покажано.На Русија воопшто не и е гајле за животот на војникот само да оствари некоја цел,или барем делумно. Башка и што со мобилизацијава претежно се опфатени НЕруси,уште толку подобро за нив.Типовско месо на умоболната припаганда од Кремаљ.
На двете страни има недостатоци тоа е јасно. Но еве отвори ТИМЕ МК, да прдне Шојгу и сите медиуми до еден - готово е, се распадна Русија.
Зеленски да стави видео кај што шмрка никој нема да објави ако не е позитивна вест.
Од двете страни има страшна пропаганда, вистината на крај ќе се види.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
Еве го овај гувернерот на Херсон, што тврдеше вчера дека кога се повлекуваме одиме напред, со нови предлози...

Шојгу е глинен гулаб во моментов.

 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.399
Поени од реакции
18.556
Читајќи ми делува како овде едни со други буквално ќе се потепате :). Слично како навивање за фудбал, очекуваш твојот тим да го здроби другиот. Некои овдека се би потепале од спротивниот табор.
Бил ли некој од вас во војна? Знаете ли како изгледа тоа?

2001.
Прво ти се потат дланките и те стегаат градите. Тоа е страв. Секојдневно повремени истрели од спротивна страна. Бевме добро засолнати, не беше тоа страшно. По некое време чудно но оној почетен страв едноставно поминува, стануваш имун на истрели и детонации. Со двоглед гледаш само да го лоцираш местото од каде се истрелите, излегува потоа тенк. Две три воспитни гранати и не пука потоа од тоа место. Следуваше она што никој не треба да го види. Напад на едно село во кумановско. Ја штитевме колоната воени, полициски и санитетски возила. Пукав со моќно противпешадиско оружје популарниот шарец. Снајпер ме гаѓаше 6 саати. Не постојат зборови со кои може да се објасни како тоа изгледа. Само може да се почувтвува како изгледа кога некој пука во тебе. Видов ранети и убиени македонски војници. Те фаќа бес, немаше сила што ќе ме тргне од таму, војната од обичен човек те прави ѕвер преку нишанот на твоето оружје. Не посакувам на никого тоа да го види или почувствува.
Се вратив, тогаш дома не ми беше средено. Имав само една соба средена, толкави ми беа можностите. Заедно спиевме жена ми на една, детето во средина, јас на другата стана. Ист сон цели две години, цевка од тенк Т55. Еднаш во сонот замавнав со тупаница, среќа во ѕидот. Ако удрев на другата страна ќе си го отепав детето.
Она од 2001 е пичкин дим за ова што сега е во Украина. Оние кои ќе го дочекаат живи крајот на војната нема повеќе да бидат луѓе.
А вие отидете прошетајте малку надвор, ако немате фатете си девојка, напијте се по некое пиво со пријателите или едноставно начукајте се онака машки. Животот е убав, а војната деструкција на сето човечко во луѓето.
А што има везе муабетов? Не дека некој планира да иде да се бори таму.
Темава е кооперациски муабет, за тие што сакаат такви дискусии.
Не можеме било како да влијаеме за тоа што се случува таму.
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
80% accounti na twiter se botovi :oftopik: ama gledam mnogu twiteri na temava


 

Kajgana Shop

На врв Bottom