Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
И ние исто така.Европа ќе го јаде немиен...
Абе чипот краток спој добил, сместа на сервисирање да се однесе, како може вака "ирационално" да се однесува.
Ако рокнат овие ќе има пиштење.Германците се жалат: Во криза сме - секој трет Германец нема ни 1000 евра на страна
![]()
Се повеќе германски граѓани се соочуваат со големи финансиски потешкотии, а цените на енергенсите и на прехранбените производи би можеле дополнително да се зголемат во текот на есента и зимата, соопштено е денеска.
„Речиси една третина од германските граѓани, 32 отсто, не можат да издвојат 1.150 евра од финансиите со кои располагаат за ненадејни трошоци, на пример во случај на дефект на автомобил или потреба да купат некој уред“ – се вели во соопштението на Сојузниот завод за статистика во Визбаден, пренесува Индекс.хр.
Така, групата на овие граѓани е поголема отколку во Франција (27 отсто) или Холандија (15,1 отсто).
Во другите земји од Европската унија, како Хрватска, Романија, Грција, Кипар и Летонија, процентот на граѓани кои не можат да издвојат средства за ненадејни трошоци од сопствените заштеди надминува 40 проценти.
Во Германија, во 2021 година, две петтини од граѓаните располагале со помалку од 22.000 евра годишно.
Експертите сметаат дека материјалната состојба на граѓаните кои претходно имале финансиски проблеми дополнително се влошила за време на пандемијата на коронавирус и во последните месеци поради инфлацијата.
Во септември инфлацијата во Германија изнесуваше 10 отсто, а економскиот институт Ifo предвидува натамошен раст на цените.
„Поскапувањето пред се се однесува на струјата и гасот, но и на другите сегменти“ – изјави претседателот на Институтот „Ифо“ – Тимо Волмерсхаусер.
Според информациите од овој институт, повеќето трговски ланци планираат да ги зголемат цените во наредните недели и месеци, а истото важи и за рестораните и хотелиерите.
Минатата недела германската влада донесе нов пакет мерки во вредност од 200 милијарди евра, кои преку субвенции за енергенсите би им помогнале на граѓаните и стопанството да ја надминат новосоздадената финансиска состојба предизвикана од поскапувањето, пред се на енергетските производи.
Ако рокнат овие ќе има пиштење.
Прегледај го приврзокот 347294
Дајбоже да не сум во право (пошто сите не засега), ама зимава ми се чини дека и големите ќе пропаѓаат... Посебно големите.ne propagaat ovie... premnogu se golemi, i premnogu seriozni drzavi klienti
dasdsad
Дајбоже да не сум во право (пошто сите не засега), ама зимава ми се чини дека и големите ќе пропаѓаат... Посебно големите.![]()