Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.826
Поени од реакции
36.861
Ако не се бори, ќе умре. Нели е тоа доволен мотив?
Мислам дека скоро на сите Руси со исклучок на неколку петарди, дали про-Путин или Анти-Путин, им е јасно дека ако Русија ја изгуби војната во Украина тоа ќе биде епска катастрофа за нив.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168

И да не им е, е прилично неважно. Многу малку војни во светот се воделе со војска што е желна да ги води. Ако ја изгубат, ќе се правдаат дека биле приморани од лошиот Путин, кој е историска грешка. Ако ја добијат, ќе глумат херои и доброволци, славејќи го царот Путин.

Ни прва, ни последна таква војна. Заблудата дека просечен Дмитри или Џо има контрола врз својот живот и дека неговото мислење има битност во стратешки одлуки е смешна.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314

Не би се сложил во целост. Важноста на војнава за опстанокот на Русија е речиси иста со важноста на втората светска војна. Русите тоа го знаат, бидејќи еднаш ги преживуваа 90тите години, а тоа што ги чека после пораз, ќе биде бајаги полошо. Може не им е јасно на сите Руси, меѓутоа повеќето тоа го знаат. Тоа е една од причините што не верував дека Русија ќе влезе воопшто во војнава.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.437
Поени од реакции
5.153
Ова е една од клучните причини зошто употребата на нуклеарно оружје е веројатна во војнава.
Неточно.
... една од клучните причини за употреба на јадрено оружје е агресијата на западната империја врз РФ. Сите или скоро сите потези кои до сега ги повлече РФ се реакција на агресивноста на ЗападнатаИмперија, разбирлива е нивната агресивност сепак се работи за процеси на глобално редефинирање при што тие ја губат својата позиција на хегемон па затоа и го палат целиот свет.
Во моментов единствен начин за избегнување на употреба на јадрено оружје е распуштање на ОТАН, за жал тоа нема да се случи без да...
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.255
Поени од реакции
18.205
Ова е една од клучните причини зошто употребата на нуклеарно оружје е веројатна во војнава.
Дали ти делува дека се свесни за тоа? Да беа свесни, сега ќе имаа милион доброволци. А не путин за уши да ги носи на фронт.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Дали ти делува дека се свесни за тоа? Да беа свесни, сега ќе имаа милион доброволци. А не путин за уши да ги носи на фронт.
Ти, и многу други сте свесни дека живееме заложници во држава окупирана од нарко картел. Дали си спремен со оружје во рака да излезеш и да се бориш против тоа.

Тоа е нормално, се чека од другите. Тоа не значи дека тие што се за уши довлечени да се борат, немаат мотивација.

Очигледно дека на Русија им фали топовско месо (тоа што западот го доби со Украинците). Најмотивирани за борба се оние кои немаат друг избор, тоест луѓето од Донбас, а тие имаат најмалку обука.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.255
Поени од реакции
18.205
Да се надоврзам на претходната дискусија што ја имавме пред некоја недела.

Прегледај го приврзокот 346870

Прегледај го приврзокот 346871

Западната воена област ( која ги содржи Петровград, Москва и сите поголеми урбани центри) беше одговорна за фронтот од Чернигов до Харков.
Јужната Воена област е Кавказот и најужните делови од Европска Русија и беше одговорна за Керсон до Запорожје.
Централната воена област е Сибир и беа позиционирани во Доњетск и Луганск како подршка.

Западната Воена област е нормално најголема, нај-престижна и со најголемиот број на елитни формации. И како што гледаме непотизмот, корупцијата и неминовно предавството комплетно ги имаат руинирано како структура. Во овие 7 месеци војна, не само што не беа во состојба да напреднат повеќе од 10 км од граница со "нај-елитните" формации, туку буквално и со нивните дејствија го руинираа напредокот и на Јужната и на Централната Воена област.

Волкаво ниво на неспособност е предавство и ако истото предавство не се искорени на традиционалниот начин Русија ако сака може да мобилизира уште 1 000 000 војници. Не прави никаква разлика, кога имаш офицери кои ќе ги предадат.

Али најважното е што ете со намерното недејстување успеаа да почнат да прават поделби и наскоро ќе се појават и фракции. Чим почне фракционирањето, војнава може да се претвори од надворешно прашање во внатрешно Руско прашање посебно кога над глава виси и пензионирањето на Путин. Ако почнат да маневрираат и за која фракција да се намести за следна власт тоа е тоа. Прва Светска Војна II дел.
Сеа коа не им иде, т.е генералот бил крив, т.е војниците биле меки.
Грешката е стратегиска и на највиско ниво, односно некој бил тотално одлепен од реалност кога ја донел одлуката за напад. Ни најдобриот генерал ни најдобрите војници нема да сменат два клучни факти:
1.Украинците нема да се предадат мирно, после 8 години војна шансите ова да пројде како крим беа 0.
2. Русија по сите параметри беше опаѓачка сила, илузијата дека може да се носи со западот во било кој сегмент е само тоа, илузија.

Што и да преземат сега, нема да ги смени овие работи.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.164
Поени од реакции
22.743
Групава кај Харков фијаско по фијаско доживува, не знам што е проблемот дали се неспособни, ограничени во дејствувањето или нешто трето али ако продолжат вака ќе се вратат Луханск да го бранат до крај на октомври.

FeAwL-DXoAIAyYn.jpeg
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.826
Поени од реакции
36.861
Дали ти делува дека се свесни за тоа? Да беа свесни, сега ќе имаа милион доброволци. А не путин за уши да ги носи на фронт.
Мислам дека се апсолутно свесни, само не им се гине поради неспособноста на руската воена команда.

Според мене, кај рускиот народ полесно ќе помине користење на нуклеарно оружје во Украина отколку генерална мобилизација. Само користењето на нуклеарно оружје има други импликации на надворешен план.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.437
Поени од реакции
5.153
Мислам дека се апсолутно свесни, само не им се гине поради неспособноста на руската воена команда.

Според мене, кај рускиот народ полесно ќе помине користење на нуклеарно оружје во Украина отколку генерална мобилизација. Само користењето на нуклеарно оружје има други импликации на надворешен план.
Одлично сега откако заклучивте дека руската воена команда е неспособна што се предвидува кога ќе се тргне на Москва?
И уште нешто, дали прво (пред походот на Москва) ќе има референдум во Аљака за враќање во РФ или тоа ќе биде подоцна?!

Околу мобилизациите, по почетокот на СВО од страна на РФ многумина од Украина ја напуштија...
...во разговор со еден од нив инаку огнен украински патриот, на прашање -зошто кога толку ја сака Украина не останал да ја брани?
...го дал следниот одговор: реков дека сум украински патриот а не американски!
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
И да не им е, е прилично неважно. Многу малку војни во светот се воделе со војска што е желна да ги води. Ако ја изгубат, ќе се правдаат дека биле приморани од лошиот Путин, кој е историска грешка. Ако ја добијат, ќе глумат херои и доброволци, славејќи го царот Путин.
Многу точно и многу неточно во исто време. Факт е дека никоја војска не сака да гине и никој војник после малку на фронт не сака да биде војник сем мала маргина на психопати кои уживаат. Факт и супер забелешка е дека ако победат сите го слават царот и се херои а ако изгуба сите биле против војната и знаеле дека не е во ред ама царот не чинел(нацистите на пример класика се за ова)

Арно ама мислењето на војниците не е важно само до одреден степен односно одреден процент, ако почне во армијата да владее генерално дефетизам тоа и тоа како станува важно. Посебно опасно станува кога се работи за командна некомпетенција. Имаш мотивирана војска која си ја брка работата горе долу ок арно ама офицерскиот кадар не ја тера работата како треба, те праќаат пример да заземаш место за кое се бориш со месеци и ти гине пола единица а после ради глупости(не стигнало појачање или муниција на време) си го изгубил за два дена.
Руското прашање внатрешно затоа е и толку комплексно. Боро погоре ја спомна прва светска војна и тоа е феноменален пример. Од таа војна русите требаше да научат многу а не научија ништо. Русија и Австро Унгарија се најдобриот пример и двете неславно завршија.

Првиот проблем кој ја уништи царска русија а после русите сепак си го пренесоа во новата советска држава а подоцна и оваа што ја имаат денес е јазот помеѓу офицерите и подофицерите заедно со војниците. Додека западните армии здраво се потпираат на подофицерските чинови или NCOs кај русите подофицерите и војниците немаат многу слобода односно одлучуваат најмногу офицерите и дури и најмали единици се потпираат на потпоручници и нагоре. Тоа предизвикува многу долг и тежок ланец на команда кој потоа влече споро и најчесто не навремено реагирање и дејствување во генерала.

Додека офицерството е префригано високо опшество од москва кое често исто како кај нас до чинови и титули дошло со лижење курови подофицерство и војската се руралци и народи од другите републики. Русите од секогаш користат други народи во први борбени линии ама тоа е нож со две острици, замисли ситуација, имаш единици кои се целосно составени од бурјати, ингуши или чечени, обично се добри војници и си ја бркаат работата, додатно се доста поврзани помеѓу себе и со нивните подофицери старешини, тука доаѓаат поручниците и капетаните од москва и петербург, кои се друг народ со долу наведениве дечки не ги сметаат за луѓе и додатно се некомпетентни. Нивната глупавост и неспособност подолу наведениве ги кошта животите. Колку време милсиш дека ќе му треба на чеченот да сфати дека гини за туѓи глупави интереси многу далеку од неговата татковина и згора на тоа не постигнува ништо. Е сега на еден двајца такви мислењето навистина не значи многуали на 80% и тоа како значи бидеќи многу лесно ако тие луѓе се одметнат во една држава како Русија може да прерасне во граѓанска војна како и што се случи. Рачунај овде немаш хомогена нација туку збир од колонијални државички и една мастер држава, сите тие луѓе се таму против своја воља и за идеали во кој воопшто не веруваат. Во прва светска војна цели дивизии и армии, си го земаа оружјето и си одеа од фронт дома. Па после требаше да се прати една дивизија за да ја врати пред пушка одметнатава дивизија од Кубан назад на борбени линии, арно ама праќаш донски козаци да ги стават на ред кубанскиве козаци и тие исто како нив наместо да ставаат ред бегаат дома на Дон. Многу лесно тоа незадоволство преминува во тотален колапс на фронтот и 20 мали армии кои си прават што сакаат.
Не велам дека тоа ќе се случи во Русија, ама ако почне обвинувања покажување со прсти и општо незадоволство во редовите на војската ова понашање не им е ич страно на русите и другите народи.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.868
Поени од реакции
6.380
Одлично сега откако заклучивте дека руската воена команда е неспособна што се предвидува кога ќе се тргне на Москва?
И уште нешто, дали прво (пред походот на Москва) ќе има референдум во Аљака за враќање во РФ или тоа ќе биде подоцна?!

Околу мобилизациите, по почетокот на СВО од страна на РФ многумина од Украина ја напуштија...
...во разговор со еден од нив инаку огнен украински патриот, на прашање -зошто кога толку ја сака Украина не останал да ја брани?
...го дал следниот одговор: реков дека сум украински патриот а не американски!
Мене од се што пратам ми изгледа дека квантитетот Русите го фрлија на југот, херсон и запорожје , нели со недели се брмчеше за акумулација на Укроси кај Угледар ? очекуваа дека доле кај и да е ќе тргне офанзивата па акумулираа дефанзива таму... горе оставија да бранат тие што се повлекоа од Изјум Харкив... 3 до 5 к војници, премалку , сооднос на 5 на 1 имале украинците кај Лиман според некој проценки, ако се точни... е сега цел тој реон им е преслабо бранет и утврден.. дали ќе си ја сватат сериозно работата и на тој дел русите ќе видиме, ако не лисичанск и северодонецк пиши пропало за 10тина дена макс.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Многу точно и многу неточно во исто време. Факт е дека никоја војска не сака да гине и никој војник после малку на фронт не сака да биде војник сем мала маргина на психопати кои уживаат. Факт и супер забелешка е дека ако победат сите го слават царот и се херои а ако изгуба сите биле против војната и знаеле дека не е во ред ама царот не чинел(нацистите на пример класика се за ова)

Арно ама мислењето на војниците не е важно само до одреден степен односно одреден процент, ако почне во армијата да владее генерално дефетизам тоа и тоа како станува важно. Посебно опасно станува кога се работи за командна некомпетенција. Имаш мотивирана војска која си ја брка работата горе долу ок арно ама офицерскиот кадар не ја тера работата како треба, те праќаат пример да заземаш место за кое се бориш со месеци и ти гине пола единица а после ради глупости(не стигнало појачање или муниција на време) си го изгубил за два дена.
Руското прашање внатрешно затоа е и толку комплексно. Боро погоре ја спомна прва светска војна и тоа е феноменален пример. Од таа војна русите требаше да научат многу а не научија ништо. Русија и Австро Унгарија се најдобриот пример и двете неславно завршија.

Првиот проблем кој ја уништи царска русија а после русите сепак си го пренесоа во новата советска држава а подоцна и оваа што ја имаат денес е јазот помеѓу офицерите и подофицерите заедно со војниците. Додека западните армии здраво се потпираат на подофицерските чинови или NCOs кај русите подофицерите и војниците немаат многу слобода односно одлучуваат најмногу офицерите и дури и најмали единици се потпираат на потпоручници и нагоре. Тоа предизвикува многу долг и тежок ланец на команда кој потоа влече споро и најчесто не навремено реагирање и дејствување во генерала.

Додека офицерството е префригано високо опшество од москва кое често исто како кај нас до чинови и титули дошло со лижење курови подофицерство и војската се руралци и народи од другите републики. Русите од секогаш користат други народи во први борбени линии ама тоа е нож со две острици, замисли ситуација, имаш единици кои се целосно составени од бурјати, ингуши или чечени, обично се добри војници и си ја бркаат работата, додатно се доста поврзани помеѓу себе и со нивните подофицери старешини, тука доаѓаат поручниците и капетаните од москва и петербург, кои се друг народ со долу наведениве дечки не ги сметаат за луѓе и додатно се некомпетентни. Нивната глупавост и неспособност подолу наведениве ги кошта животите. Колку време милсиш дека ќе му треба на чеченот да сфати дека гини за туѓи глупави интереси многу далеку од неговата татковина и згора на тоа не постигнува ништо. Е сега на еден двајца такви мислењето навистина не значи многуали на 80% и тоа како значи бидеќи многу лесно ако тие луѓе се одметнат во една држава како Русија може да прерасне во граѓанска војна како и што се случи. Рачунај овде немаш хомогена нација туку збир од колонијални државички и една мастер држава, сите тие луѓе се таму против своја воља и за идеали во кој воопшто не веруваат. Во прва светска војна цели дивизии и армии, си го земаа оружјето и си одеа од фронт дома. Па после требаше да се прати една дивизија за да ја врати пред пушка одметнатава дивизија од Кубан назад на борбени линии, арно ама праќаш донски козаци да ги стават на ред кубанскиве козаци и тие исто како нив наместо да ставаат ред бегаат дома на Дон. Многу лесно тоа незадоволство преминува во тотален колапс на фронтот и 20 мали армии кои си прават што сакаат.
Не велам дека тоа ќе се случи во Русија, ама ако почне обвинувања покажување со прсти и општо незадоволство во редовите на војската ова понашање не им е ич страно на русите и другите народи.
Добро, ако им се деси команден колапс од такви размери, тогаш не ни заслужуваат да бидат империја. Последен пат кога им се случил, се создале држави како Казахстан, Украина, Белорусија... Па го смислувале СССР како обид да спасат нешто. Нема да биде поразлично и овој пат.

Засега се приметуваат индиции на неспособност во командниот кадар, ама не мислам дека е од таков катастрофален размер.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.437
Поени од реакции
5.153
Мене од се што пратам ми изгледа дека квантитетот Русите го фрлија на југот, херсон и запорожје , нели со недели се брмчеше за акумулација на Укроси кај Угледар ? очекуваа дека доле кај и да е ќе тргне офанзивата па акумулираа дефанзива таму... горе оставија да бранат тие што се повлекоа од Изјум Харкив... 3 до 5 к војници, премалку , сооднос на 5 на 1 имале украинците кај Лиман според некој проценки, ако се точни... е сега цел тој реон им е преслабо бранет и утврден.. дали ќе си ја сватат сериозно работата и на тој дел русите ќе видиме, ако не лисичанск и северодонецк пиши пропало за 10тина дена макс.
Се говори дека оваа СВО е темелена врз доктрината Герасимов, која е поивеќеслојна мислам детално ги обработува економските политичките, воените аспекти и сите заедно ги комбинира ...
Понатаму според достапните информации, кои во услови на војна скоро секогаш се пропаганда, РФ започна СВО со групација од 200.000 војници(тоа беа проценки на ОТАН и никогаш не беа потврдени од страна на РФ,), но не се рече дали се тоа оперативни единици(за изведување на напад-одбрана) или севкупен број значи и логистика и се друго... се говореше дека по април грото од тие сили е повлечен на територијата на РФ, а дека одбраната е оставена на локаните милиции на ДНР и ЛНР и еден мал број на борбени ефективи на РФ при што се вклучени “музикантите“ и “кадировци“...

Кога НАТО почна да ги снабдува бандеровците (инаку јас не го делам мислењето како многумина за западот дека е цивилизиран и демократски, се додека тој и таков цивилизиран свет не им дозволува на Македонците да можат слободно да се наречат Македонци и се додека ги забрануваат Достоевски, Толстој или Чајковски ги сметам за нацифашистички џган) со далекудометни орудија, од страна на хакери е пресретната комуникација при што се виде дека НАТО во реално време им ги доставува информациите за геолокациите за сојузничките сили (РФ +ДНР + ЛНР) останува нејасно и колкава и каква координација има помеѓу овие сили, за Лиман се говори дека повторно сили на ЛНР биле ангажирани, за жал тие се многу скромно опремени и веројатно немаат таква “врска“ за да бараат воздушна или артилериска подршка (онаа што ме изненадува е дека многумина ги анализираат случувањата -се претставуваат како аналисти- на линијата на фронтот ама имаат скромни знаења и не знаат колку видови има во ВС на РФ а да не говориме за нивната тактика, оператика или стратегија,... ама тоа е, тоа го има на пазарот тоа ќе се продава.

Според ... најмногу грешки се прават затоа што се издвојува воениот аспект и врз истиот се гради наратив, во случајов не е баш така, играта е многу поширока-глобална, се игра на повеќе табли, на пример во Самарканд се говорело идната година да започне се реформирање на ОН затоа што истиот станал инструмент на западнта империја како СБ, ММФ и други тнр меѓународни институции...

...се смета дека за да се разберат случувањата подобро е можно само ако се гледаат сеопфатно односно севкупните потези кои се прават на политички-економски и воен план, дека се работи за процеси и дека воените игри се само дел од тие процеси.

И една ударна вест, откриен е одговорниот за уништување на 3 крака од СТ1 и СТ2!
Screenshot.png
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
Добро, ако им се деси команден колапс од такви размери, тогаш не ни заслужуваат да бидат империја. Последен пат кога им се случил, се создале држави како Казахстан, Украина, Белорусија... Па го смислувале СССР како обид да спасат нешто. Нема да биде поразлично и овој пат.

Засега се приметуваат индиции на неспособност во командниот кадар, ама не мислам дека е од таков катастрофален размер.
Не не ни јас не тврдам дека е али се чувствува тој јаз и тоа секој ден се посилно
како помеѓу борците на лнр и днр така и помеѓу малцинските војски
кулминација е ова што кадиров си дозволува вака да критикува
неможе а да не ме мавне умот таму бидеќи баш звучи како генералите warlords кои произлегоа од псв
 
Kajgana Shop

На врв Bottom