Да се надоврзам на претходната дискусија што ја имавме пред некоја недела.
Прегледај го приврзокот 346870
Прегледај го приврзокот 346871
Западната воена област ( која ги содржи Петровград, Москва и сите поголеми урбани центри) беше одговорна за фронтот од Чернигов до Харков.
Јужната Воена област е Кавказот и најужните делови од Европска Русија и беше одговорна за Керсон до Запорожје.
Централната воена област е Сибир и беа позиционирани во Доњетск и Луганск како подршка.
Западната Воена област е нормално најголема, нај-престижна и со најголемиот број на елитни формации. И како што гледаме непотизмот, корупцијата и неминовно предавството комплетно ги имаат руинирано како структура. Во овие 7 месеци војна, не само што не беа во состојба да напреднат повеќе од 10 км од граница со "нај-елитните" формации, туку буквално и со нивните дејствија го руинираа напредокот и на Јужната и на Централната Воена област.
Волкаво ниво на неспособност е предавство и ако истото предавство не се искорени на традиционалниот начин Русија ако сака може да мобилизира уште 1 000 000 војници. Не прави никаква разлика, кога имаш офицери кои ќе ги предадат.
Али најважното е што ете со намерното недејстување успеаа да почнат да прават поделби и наскоро ќе се појават и фракции. Чим почне фракционирањето, војнава може да се претвори од надворешно прашање во внатрешно Руско прашање посебно кога над глава виси и пензионирањето на Путин. Ако почнат да маневрираат и за која фракција да се намести за следна власт тоа е тоа. Прва Светска Војна II дел.