Да се надоврзам на претходната дискусија што ја имавме пред некоја недела.
Прегледај го приврзокот 346870
Прегледај го приврзокот 346871
Западната воена област ( која ги содржи Петровград, Москва и сите поголеми урбани центри) беше одговорна за фронтот од Чернигов до Харков.
Јужната Воена област е Кавказот и најужните делови од Европска Русија и беше одговорна за Керсон до Запорожје.
Централната воена област е Сибир и беа позиционирани во Доњетск и Луганск како подршка.
Западната Воена област е нормално најголема, нај-престижна и со најголемиот број на елитни формации. И како што гледаме непотизмот, корупцијата и неминовно предавството комплетно ги имаат руинирано како структура. Во овие 7 месеци војна, не само што не беа во состојба да напреднат повеќе од 10 км од граница со "нај-елитните" формации, туку буквално и со нивните дејствија го руинираа напредокот и на Јужната и на Централната Воена област.
Волкаво ниво на неспособност е предавство и ако истото предавство не се искорени на традиционалниот начин Русија ако сака може да мобилизира уште 1 000 000 војници. Не прави никаква разлика, кога имаш офицери кои ќе ги предадат.
А со ваков однос прашање и на време е пред да почне со револт и во другите формации. Не може ДНР/ЛНР, Вагнер, Чеченците, Доброволците, и овие на Југов ( + ВДВ и Маринците од Тихиот Океан) да се борат без прекин веќе година дена. Додека "елитните" си седат во Белгород и Брајанск и буквално одбиваат да пратат и еден полк да помогне во одбрана на скоро обиколен град.