Дербито ни остана само сеќавања, кузнај во блиска иднина дали ќе имаме вакво нешто (зборам за на фудбал), прво клубојте гледате кај се сега, падни стани, еден стадион, 58 години го прат, забрани и олеснување на задачата на џандарите...
И двете гостувања ни беа топ, ама првото на 30.09 е вистинското ! Аууу каква еуфорија имаше, најјаките гостувања се со ВОЗ ! Гледајте кој фешти ги прат сегде низ Европа кај шо одат со воз.
Тогаш точно 8 вагони тргнавме со навивачи, плус првите 2 беа поделени со патници (ненавивачи) композиција од 10 вагони тргна за ск, попатно од Прилеп не знам дали се качија некој прилепчани, оти тогаш знам замрсени беа односите со нив на пелагониските дербиња

некоја сезона претходно....
За Велес знам не чекаја Лозари, само шо стигна возот бакљада напраја надвор, заедно со велешани

Скопје само шо стигнавме, одма од воз и проблеми со специјалците, си мислеја сите се паметни овие шо дојдоја

се тркалаше еден по скали шо чуваше ред да не се слегва на долу, збеснаја тогаш сите, арно не се мана јуриш надолу, ќе се испогазевме сите, стампедо ќе беше....
По пат дешавките кај Мавровка со белите мечки и нивното каменување, па дешавките кај Жабарот и другото каменување и на одење и на враќање фрлаја со цигли со кои куќа се гради, тие шо останаја на неколку метри од нас беа салам тепани, на влез на утакмицата некое педерче скУпско од горе од јужна стигна до ограда негде и со запалена бакла фрли и избега, ко беше дешавката низ парк, еден добро познат лик на битолчани за побрзо да стигни кај противниците, пливаше низ вардар

какви легенди имаме во градо чудо е

на бегање хаосот на железничка не се знаеше ни кој јади ни кој плаќа....
После во воз само шо тргна го каменуваа одма (абе од ко знам цел живот се со камењата врака од на Тито времето каменуваат и уште се правдат тука ама ај) летаа камења од сите страни џамојте искршени сол, од долу од булеварот, после потаму Лисиче ново каменување, ама во старите вагони, во секое купе има безбедносна рачка која ги блокира тркалата и застанва возо, па така тука мажињата немаше кај да бегат и му се влезе дома на тие неколку куќи на мештаните


па вадеја ножиња од кујната, најјако беше едно чиче во цела гужва, напад дома му прат тој излегваше колата да си ја брани да не му ја искршат


Дури да стигнат Алфите мислам тогаш беа, касно беше се, се деси шо се деси, одма со палките се нацртаја тие, памтам една марица стигна, така изнервиран џандаро, му рикна меџачот, не можеше да тргни, кој па мајтапи паднаја тука

За овие гостувања книга се пиши со 200 страни и да ја платиш и да читаш ! Точно така НЕПОВТОРЛИВИ гостувања !
А и имаше бројка, сега пола се иселени, смена на генерации, ептен, тогаш таа екипа на Чкембари беше страв и трепет, ептен спремна екипа, повеќето и со жолт картон за дх

ама мажишта во права смисла на збор !
А и се знаеше Недела е ден за фудбал и сите на стадион, со неколку плакати низ уличишта/факултати и Широк Сокак се праеше мобилизација и се знаеше, шал, дрес и сите на стадион, то беше, копот беше секогаш исполнет, со Шкендија памтам како шо пиша Фаворито, прво коло, топ избедба, со Победа една или две сезони претходно како шо се сеќавам беа топ утакмици на навивачки план, со Турново, Напредок, Тетекс, имаше кворум се беше на трибина....
Сега овие генерации, фб, инстаграм, стори, рилс сегде најави, уште да ги крениш од дома и на пола пат ќе ти речи не идам, овие генерации со тие од пред 10тина и повеќе години шо идеја се голема разлика, кај сите општо групи, ќе му остани само да читат вака и да гледат јутјуб во иднина
