Навивачки групи во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hooligan
  • Време на започнување Време на започнување
Пред точно 10 години...
Според мене најдоброто дерби од 2000та година па навака,огромен број навивачи на двете страни,пиротехника,кореографии,пароли,инциденти еден куп,солидно пополнета Јужна и интересен фудбал на терен,гостување со воз на Чкембари и кортео низ Скопје...
Колку е старо дербиво се приметува по маицата на еден дечко во први редови што е на видеово, сите можни подгрупи ги смени :D
 
Време во кое навивањето беше во мода, едноставно беше ИН да си присутен на трибина, статус во друштво. Луѓе кој тогаш беа дел од трибините, денеска не би ни помислиле дека некогаш во животот стапнале на трибина. Ама времето беше такво. Време кога се живееше за дерби, со денешново ракомет во никој случај не може да се спореди. Ние често сами себе се залажуваме дека навивањето некаде 2015/16 замрело поради репресија. Да се разбереме репресија сериозна може да трпат главните луѓе во навивачката структура, односно јадрото на групата. Репресија не трпи оној тип на навивач што пие пиво навива 90 минути си оди дома и животот продолжува нормално во наредните 6 дена. Кој нема никакви обврски према групата во текот на неделата. На крај краева, ултрасите кој биле под репресија се уште се активни на трибина (барем кај нас) додека тие другите не се. Треба да си признаеме едноставно модата да се биде навивач почна и заврши. Убаво време, убави спомени и најбитно сме биле 10 години помлади од денес :icon_lol: Време во кое маалскиот живот цветаше, време во кое лесно се анимираа луѓе за на трибина. Музиката, филмовите, јавното мислење се го надополнуваше лајфстајот да си навивач. Шарени трибини без некој страшни кодекси на облекување, чат-пат по некој шал и дрес од странски клубови. Селтик, Милан, Баерн зависни на која трибина си. За жал денес младите имаат други занимациии, не ги интересира трибина и навивање. Можеби некогаш ќе се повторат овие бројки.

Едно прашање за Чкембари без никакви провокации. Што се случи со екипата Green Army Bitola? Имаше на Мак-Тифо некое објаснување како екипа за акции и водечка група не се сеќавам баш најдоборо
1.jpg
 
Навивачите се тука не е дека повеќе не е во мода. Едноставно клубојте ни се толку мизерни шо не привлекват никаква гледаност. Лигата ни е закована последна во Европа,полошо никогаш не било. Малце да се мрднат работите од мртва точка да се има некој пристојни буџети од 1 милион ќе видите како ќе се врати жарта меѓу навивачите.Пелистер е падни стани веќе 20 години никакви успеси, уморени се луѓето од истата приказна. Друго стадионите ни се руина каде и да одиш никаква привлечност нема ни рефлектори ништо. Тука исто ффм и мвр цело време со забрани а и ко ќе дозволат гостување , не те остават вода да се напиеш или во вц да одиш. Сума сумарум ова е исходот и последиците, 50 ултраси.
 
Пред точно 10 години...
Според мене најдоброто дерби од 2000та година па навака,огромен број навивачи на двете страни,пиротехника,кореографии,пароли,инциденти еден куп,солидно пополнета Јужна и интересен фудбал на терен,гостување со воз на Чкембари и кортео низ Скопје...
За ова дерби треба да седнат по 10-15 души од двете групи, да раскажат се шо виделе тој ден и да се напиши една книга. Ете толку дешавки имаше тој ден :icon_mrgr:
Дефинитивно утакмица број 1 во понова историја.
 
@РексПен
Од збор до збор точно напишано погоре.

На трибините низ Македонија се останати само вистинските ултраси, тие кои некогаш биле и денес се на трибина, кај сите групи, голем дел од луѓето кои доаѓале не се стапнати на трибина последните години, башка што пола луѓе се иселиле од Македонија и од градовите, или па се во Скопје по работа или факултет.

Клубовите немаат никакви успеси, никаква инфраструктура, 3-4 стадиони и сали низ државава дали имате способни за да примет гостинска публика ( навивачи ). Незнам како да ви кажам трул е системов, трула е државава, ниедна сфера од општеството не функционират како шо требит, а ние бараме полни копови, полни трибини и незнам какви изданија како пред 8-10 години кога тифо сцената беше на едно многу високо ниво.

Шо е то е...да сме живи и здрави ние малкумина шо останавме по трибините и да се држиме....

ПС:
Барем че имаме убај спомени во глава :D
 
Последно уредено:
Како прво една работа во која имаме погрешна перцепција е дека навивањето зависи од квалитетот на спортот , всушност тоа зависи исклучиво од менталитетот, има држави каде имаш вонсерски спорт па нема н од навивање, имаш држави со бетер квалитет на спорт од нашиов па се друга димензија навивање во светски рамки, пример Индонезија.

Времето кое се нарекува златно имаше поклопување на многу фактори, прво појавата на социјалните мрежи кои тогаш беа главен ветар во грб во полза на навивањето а сега се еден од факторите кои ги кочи групите, навивањето на светско ниво ги живееше своите најдобри денови, ултрас субкултурата си беше револуционерна и најсилна на светско ниво тој период, генерациите 85-95 беа генерации кои беа во пикот и имаа голема маса на луѓе, силен маалски живот, рап музиката растураше кај младиве а речиси сите беа навивачи и го промовираа тоа, денес навивањето на квалитативен план е многу над тоа време но едноставно социјалната ситуација во општеството и менталитетот не дозволуваат да има респектабилни бројки, квалитетот на спортот од тогаш до денес освен за кошарката е горе-доле исти , дури во ракометот е неколку класи над тој период.
 
Едно прашање за Чкембари без никакви провокации. Што се случи со екипата Green Army Bitola? Имаше на Мак-Тифо некое објаснување како екипа за акции и водечка група не се сеќавам баш најдоборо
Green Army Bitola, според кои се беа таму, околу 20-тина луѓе, беше неприкосновена екипа кај нас. Кој ги знај луѓето ќе потврди, без понатамошни објаснувања. Како група многу брзо се растури поради нарушени меѓусебни односи и некои различни гледишта. Грото сеуште се активни и водечки луѓе во Чкембари.
30.09.2012, еден од мене текст, кој сака нека чита. Таа година влеговме ние прва лига, а пред таа сезона вардар не играше втора лига ради случајот миравци. Стартот на сезоната ни беше брутален со топ домашна утакмица против шкендија, топ гостување со инциденти во тетово, турново... ама и екипата која ја имавме тогаш, тврдам дека во Македонија немавме рамни. Мангупи, докажани на улица, со име со репутација со се, и плус имавме дечки шо работеа на изглед на трибина. Тогаш ако не се лажам и го напрајвмеме и ударното знаме кое го користиме и ден денес. Пред дербито, толкава фама се имаше напраено, еуфорија која одамна не била кај нас. Со душа чекавме да им ја испејме среде скопје, вчера вардар денес миравци, која тогаш беше ХИТ. 27 години Чкембари се поклопи, патување со воз и то беше то. 700 карти беа поделени во возот, имавме подршка и од кавадарчани и велешани. Уште беше актуелно едно видео од на железничка кога бевме со апоел утакмицата и кога стигнавме ск, сакавме реприза на истото. Испадна и појако од тоа. На железничка не пречекаа уште 50-тина наши, а џандари мн слабо. Да не прам рекапитулација на се, оти ќе треба до утре да пишам, воглавно инциденти на одење со ватерполистите кај мавровка, со несреќни комити/скопјани кои пробаа да ја напaднат опашката на кортеото кое пак за нивна несреќа беше можеби во екипа појако и од тие напред. Бркање со комити низ парк. На стадион некој талент од кај нас фрли со тапанот полн со пиро по обезбeдувањето. На полувреме, дешавката со бајракот и упадот на комити. На бегање во паркот, конечно прв дуел на кој за жал мн, мн малку комити откако ги исфрлија камењата останаа со раце да се тепат. На железничка кога стигнавме ХАОС, не се знаеше кој на шо мава и зошто. Целосно демолирана железничката и едно кафанче во близина и неколку куќи. Се на се, НЕПОВТОРЛИВО
 
Дербито ни остана само сеќавања, кузнај во блиска иднина дали ќе имаме вакво нешто (зборам за на фудбал), прво клубојте гледате кај се сега, падни стани, еден стадион, 58 години го прат, забрани и олеснување на задачата на џандарите...
И двете гостувања ни беа топ, ама првото на 30.09 е вистинското ! Аууу каква еуфорија имаше, најјаките гостувања се со ВОЗ ! Гледајте кој фешти ги прат сегде низ Европа кај шо одат со воз.
Тогаш точно 8 вагони тргнавме со навивачи, плус првите 2 беа поделени со патници (ненавивачи) композиција од 10 вагони тргна за ск, попатно од Прилеп не знам дали се качија некој прилепчани, оти тогаш знам замрсени беа односите со нив на пелагониските дербиња :cool: некоја сезона претходно....
За Велес знам не чекаја Лозари, само шо стигна возот бакљада напраја надвор, заедно со велешани :pos:
Скопје само шо стигнавме, одма од воз и проблеми со специјалците, си мислеја сите се паметни овие шо дојдоја :icon_lol: се тркалаше еден по скали шо чуваше ред да не се слегва на долу, збеснаја тогаш сите, арно не се мана јуриш надолу, ќе се испогазевме сите, стампедо ќе беше....
По пат дешавките кај Мавровка со белите мечки и нивното каменување, па дешавките кај Жабарот и другото каменување и на одење и на враќање фрлаја со цигли со кои куќа се гради, тие шо останаја на неколку метри од нас беа салам тепани, на влез на утакмицата некое педерче скУпско од горе од јужна стигна до ограда негде и со запалена бакла фрли и избега, ко беше дешавката низ парк, еден добро познат лик на битолчани за побрзо да стигни кај противниците, пливаше низ вардар :D какви легенди имаме во градо чудо е :pos: на бегање хаосот на железничка не се знаеше ни кој јади ни кој плаќа....
После во воз само шо тргна го каменуваа одма (абе од ко знам цел живот се со камењата врака од на Тито времето каменуваат и уште се правдат тука ама ај) летаа камења од сите страни џамојте искршени сол, од долу од булеварот, после потаму Лисиче ново каменување, ама во старите вагони, во секое купе има безбедносна рачка која ги блокира тркалата и застанва возо, па така тука мажињата немаше кај да бегат и му се влезе дома на тие неколку куќи на мештаните :pos::pos: па вадеја ножиња од кујната, најјако беше едно чиче во цела гужва, напад дома му прат тој излегваше колата да си ја брани да не му ја искршат :pos::pos: Дури да стигнат Алфите мислам тогаш беа, касно беше се, се деси шо се деси, одма со палките се нацртаја тие, памтам една марица стигна, така изнервиран џандаро, му рикна меџачот, не можеше да тргни, кој па мајтапи паднаја тука :ROFLMAO: За овие гостувања книга се пиши со 200 страни и да ја платиш и да читаш ! Точно така НЕПОВТОРЛИВИ гостувања !
А и имаше бројка, сега пола се иселени, смена на генерации, ептен, тогаш таа екипа на Чкембари беше страв и трепет, ептен спремна екипа, повеќето и со жолт картон за дх :D ама мажишта во права смисла на збор !
А и се знаеше Недела е ден за фудбал и сите на стадион, со неколку плакати низ уличишта/факултати и Широк Сокак се праеше мобилизација и се знаеше, шал, дрес и сите на стадион, то беше, копот беше секогаш исполнет, со Шкендија памтам како шо пиша Фаворито, прво коло, топ избедба, со Победа една или две сезони претходно како шо се сеќавам беа топ утакмици на навивачки план, со Турново, Напредок, Тетекс, имаше кворум се беше на трибина....
Сега овие генерации, фб, инстаграм, стори, рилс сегде најави, уште да ги крениш од дома и на пола пат ќе ти речи не идам, овие генерации со тие од пред 10тина и повеќе години шо идеја се голема разлика, кај сите општо групи, ќе му остани само да читат вака и да гледат јутјуб во иднина :cenzura:
 
Од тој натпревар многу јако видео од нашето навивање извади член на Пирати, снимано од јужна. Штета што го избриша (или бар јас не можам да го најдам) набрзо, поради ривалитетот кој го имавме и пофалбите кои ни ги даде, а наидоа веројатно на осуда меѓу другите од Пирати.

Гарантирам дека онакво навивање како од првите минути од видеото немало никогаш. Се сеќавам дека ќутевме неколку минути во знак на револт кон управата (сега не се сеќавам зошто беше тоа, ќе треба да побарам во постовите од тогаш :D), ама после кога ја згрмевме химната и О Сузана, такво нешто на фудбал ретко се гледало.
И тоа замислете, во тоа време луѓето беа незаводолни од бројката, малку сме биле. Сега таа бројка во цела сезона заедно не може да ја собереме :D

Ќе издвојам два моменти. Неуспешното крадење на бајракот од страна на наш член. Чкембари го етикетираа ко педерско, али реално членот повеќето од Чкембари (барем помладите поважни членови) го знаеја и успеа од сред нивна трибина да го земе (без борба, оставен на земја), што за мене не е педерски потег. Треба да имаш храброст да влезеш меѓу толку навивачи и да го украдеш и да бегаш по цел терен. Не беше симнато педерски од ограда, туку буквално земено од сред трибина, до навивачите. Носеше редарски маркер, ама сепак беше познат наш член меѓу неговите генерации и како што кажав голем дел од Чкембари го познаваа. Ова не го пишувам за да ги напаѓам Чкембоси, туку да истакнам дека потегот беше многу храбар, далеку од педерски. Преку пола трибина, дојде до атлетска патека, трчаше преку цела патека, додека 10тина членови на Чкембари се пуштија по него, ама не верувам да го стигнеја. И тогаш еден играч на Пелистер му го собра од раце...

Второ, крајот на утакмицата. Буквално ја урнавме вратата од запад. Каков хаос беше тоа во парк на франкофонија, мислам дека желките испија милион камења тогаш. ЕБР беа фокусирани кон носењето на Чкембари кои во тој момент беа кај жабарот и само мал дел од единицата беше во паркот. Ама се наместија во линија и машки го примија цело каменување. Тогаш во Комити имаше огромен револт од ЕБР од низа случувања во минатото, така што буквално канонада им се случи. Овие се кријат и викаат ПРЕСТАНЕТЕ ДА ФРЛАТЕ, ЗОШТО ИДЕ ЗАСИЛУВАЊЕ И ЌЕ ВИ ЕБЕМЕ МАМАТА :D
Засилувањето дојде од пред влада и тогаш настана хаос.
Се сеќавам дека ја свртев маицата наопаку (да не се чита дека е Комити) и скокнав доле на кеј. Успејав да дојдам и под мостот и да се пцуеме малку со крајниот дел од групата на Чкембари. Јас од доле се цепам, фрлам по некој камен во еуфорија, од горе еден божем ќе скока доле, ебр пцујат по мене, па дојде полиција и на кеј и фатив кидавела.
Другариве мои ги најдов пред собрание, ебр одеше позади нив и ги бркаше низ цел град. Буквално сите што излегоа од стадион без разлика дали Комити или обични фанови, беа бркани скоро до Рамстор на таа страна од градот.
 
Како тргнало одамна а и се поблиску сме до тоа темата да биде едно своевидно место каде што ќе се споделуваат мемоари од навивачкиот живот во Македонија, многу ме депремира тоа како спомените остануваат , да тие се тука но од спомени не се живее, не сме луѓе без животна енергија ко старите дедовци па расправаме се што сме правеле дека сме без живот во нас, туку кај нас има уште многу што да се допринесе но целата клима во државата просто не убива, ако не се свестиме и енергијата не почнеме да ја трошиме директно да ги промениме причините кои го допринесоа до тоа да дојде, единствено позитивно у мемоариве е што сите се еднодушни на тоа и не водат тоа до глупи и бесцелни дискусии како кога се коментира сегашнава ситуација.

Кога зборуваме за тоа златно време треба да им објасниме на помладава публика која не прати :D:D:D:D дека ние бевме генерации кои буквално живеаа за навивање, во тоа време се собира екипа од 15 до 35 години, седиш во собирното место на групата и зборување за навивање од 4-5та балкански лиги, 3та Полска, 7ма Германија, ненадминливите жабари, јужноамериканциве (Скопје обединето за Сан Лоренцо :pos::pos: ), а оние најболните плус руси, украинци скандинавци и некоја држава која пола од тие што седат немат појма кај е, секој ќе има свој фаворит па докажување со другиов дека твоиве се подобри од неговиве, се седнувало во 19:00 часот и се главело без престан до 5 сабајле, тогаш пробиваа социалните мрежи, па ќе почнеш некој муабет со некој од друга група се главело во споделувања искуства, докажувања кој е подобар, ќе баталиш излегување со другари за да продолжиш квалитетна дискусија со некој од ривалите, самите и не размислувавме за ништо друго освен навивање, другите субултури исто цутеа а навивањето како супериорна во однос на останативе ги собираше под нив, какви само излегувања имаше, спортски упеси за прв пат а и по самите медуими од тогашната власт вртеа пропагадни материјали кои ни го билдеа патриотизмот, не сакавме да чуеме за друго место за живот освен Македонија, едноставно освен пари имавме се друго што значи убав и квалитетен живот, навивање, другари, излевања, се живееше на максимум.

Денес самата ситуација е друга, по годините на падот на навивање падна еуфоријата , сите субкултури доживеа тотален колапс, ноќниот живот отиде у канта со ефтин соседски турбофолк, нема веќе култни места како порано, дрога на секој чекор (не дека тогаш немаше ама не до толку), маалскиот живот уште пред тоа замираше со Коронава умре тотално, генерацииве преполовени што од бела чума што од иселување на нивните, освен ФБ се појавија нови социјални мрежи кои тогално ги сјебаа и им наметнаа други вредности и претстави за тоа што е живот, друго денеска над младиве се врши стравичен притисок од страна на општеството, по дифолот способните биле надвор а тука останувале неспособните (тотално нема врска), тоа е таква тортура што ги порази дури нашиве генерации не па нив, тој нема време да размислува за навивање кога е преокупиран како да дојде до пасош на туѓа држава или како да најде чаре да дојде до виза и да замине надвор, од младина која е со таков товар и која размислува само како да фати кидавела ништо не бива, нема ниту една продуктивна работа од нив денес да остават белег да зборат како било во нивно време, едноставно од тие генерации нема да остане ништо, сем овој трапот како глобален тренд ако продолжат да го прават.

Можеби најважно од тоа време е што тогаш живеевме живот не болеше патка за кој што има, како што имаше еден култен транспарент на една група Немаме пари битно сме другари, додека денес сите се фокусирани само на материјалното и заборавија како се живее, штета што нема да почуствуват ни 25 % од тоа што ние го имаме поминато не само во навивањето, него во целокупното живеење како младина.
 
2012 беше најдобрс година за Македонска ултрас сцена, големи екипи,големи бројки, кореографии, графити, дербиња помеѓу Вардар и Пелистер и Мзт Работнички, нашиот успех на ЕП во ракомет, кај што издоминиравме во Ниш и слични страсти.
 
Да не се заборави 2012 беше утакмицата на Вардар со Бате до ден денес тоа е најголема бројка на навивачки на Мак Тифо сцената од 2000 год па навака.Иако се играше на крај на Јули кога Скопје е празно и сите се по одмори пак +3000 Комити беа присутни на натпреварот.
 
Да не се заборави 2012 беше утакмицата на Вардар со Бате до ден денес тоа е најголема бројка на навивачки на Мак Тифо сцената од 2000 год па навака.Иако се играше на крај на Јули кога Скопје е празно и сите се по одмори пак +3000 Комити беа присутни на натпреварот.

Повеќе од 5000 Комити беа, кои на запад, кои на неутрална трибина како Стара Гарда Комити.
 
Back
На врв Bottom