Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.670
Поени од реакции
33.846
1.
Химарсите беа предуслов, не единствен, не целосен, ама предуслов за целата операција.
се цитирав за да ме прочиташ пак

2.
блицкриг значи „светлосна војна“ - брза, војна на маневрирање - тоа беше изведено. Да, блицкриг се поврзува со Хитлеровите тенковски девизии ама тоа е мит, исто како што името блицкриг е измислено од Британците и нивната пропагандна машина. Германците го нарекуваат тоа Шверпункт.

3.
првиот дел си во право, за пешадијата и оклопот не си
за одговорите 2. и 3.
https://www.youtube.com/watch?v=wbKYbLUkIpk еве ти една добра серија документарки на темата, многу детално објаснето колку оклоп а колку пешадија имале и како војувале

4.
можеби, тоа не менува ништо во мојата изјава, не викам дека не си овде во право

5.
види одговор 1.
Ај да не се расплинуваме.
Две работи: Прво, дали ти тоа тврдиш дека иницијалната офанзива на Украинците во харковскиот регион инволвирала бројни тенкови/оклоп? Пошто ова никој не го јавил ни на руска ни на украинска страна, или барем јас не сум свесен за тоа. Информациите беа за брз пробив со лесни теренски возила со војска, баш во ИСИС стил. Заобиколување на урбаните и утврдените места, оставање војска за блокада на повлекување од истите, и продолжување напред и напред. Оклоп и артилерија, и логистика, тоа било многу подоцна на терен. Ако ти имаш поинакви информации, ајде да ги видиме.

Второ. Дали во иницијалниот пост ме цитираше за мојот коментар со релативната неважност на химарсите за текот на војната, или не?
Што релативизираш сега со „адвокатски финти“, вака кажав така мислев.

Остај тоа, се согласуваш или не со констатацијата дека химарсите досега не влијаат значајно на текот на војната (со оваа бројност, и со оваа снабденост со муниција)? Ама одговори без условни малку веројатни (барем да се повторат пак) моменти како „со нив го погодија мостот со што ги излажаа Русите да го остават небрането местото каде Украинците ќе напаѓаат“. Така можеш да кажеш и дека некоја мува била предуслов за украинската офанзива, да не го укасала на Шојгу по нос па после да не ја бркал 10 минути - на време ќе наредел испраќање појачање ама вака заборавил.

Многу приказни се тоа дека химарсите имале диверзантска вредност, пошто буквално се може да има диверзантска вредност. Не значи дека тоа нешто е статистички воено значајно во војната.
Автоматски споено мислење:

Briefly on the Oskol front. The situation is tense, the Khokhol does not reduce the intensity, mainly artillery works, covering the sorties of small groups of 15 people in pickup trucks. Tanks roll out from Liman to the south, shoot at positions and checkpoints and leave.

But our people are really good. Morale is high, which is the most important part of combat work. The 20 OA and volunteers are repelling the attacks without any panic. Today the Khokhol attacked n / n Kolodesi, tried to come in from three sides at once. But units of the "twice-guards" 20th OA held their positions.

I would like to note one interesting feature. Before the attack, Khokhol conducts artillery preparation not only in the attack area, but along the entire front at once, apparently, so as not to calculate the direction of the attack.

Translated with www.DeepL.com/Translator (free version)

Тоа „Khokhol“ им е некој сленг за Украинците.
 
Последно уредено:

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.153
Поени од реакции
5.921
Како све ова што си го пишал има врска со тоа јас што го пишав. Ако мислиш дека на Русија и фали опрема да војува, нема што да се праи муабет, оди надоврзи се на мантрите на шипците и вулгарите на другата тема....
Па ваљда немаше да гледаме вакви видеа ако не беше тоа случајот...

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.670
Поени од реакции
33.846
^^ Ова е сериозно ретардирано... Некој да постира видеа со р'ѓосани калаши и да го пласира тоа како вистинит настан, е инфантилност левел 9000.

Дајте задржете сериозност на темава. Ако ви е досадно и ви се јаде бурек, идете на општата тема за Украина. Не ја усерувајте и оваа дискусија со инфантилни глупости.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.163
Поени од реакции
22.742

Вистина е видеото за калашите но фали второто видео од наредниот ден каде што им даваат нови.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.670
Поени од реакции
33.846
Небитно, не може да знае дали е вистина или не а на крају краева не е ни важно. Не е темава за такви трачарски моменти. Има украинска тема и за тоа, овде намерата е поозбилни да бидат дискусиите - и фокусирани на битки, текот на војната, настани, итн. Пишува во уводниот пост. Аман, во насловот пишува!
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
На четири места Украинците ја имаат преминато реката Оскил и активно напредуваат. Исто така го имаат преминато Сиверско Донетск и имаат пробиено помеѓу Јампил и Лиман. Таму на север кај русите нит се знае кој јаде, кој пие, кој командува. Целосен хаос.
И до кај се Украинците? Го искористија ли целосниот хаос во Руските редови кај што не се знае кој јаде, кој пие, кој командува? Или и за тоа не ги бива?
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
Ај да не се расплинуваме.
Две работи: Прво, дали ти тоа тврдиш дека иницијалната офанзива на Украинците во харковскиот регион инволвирала бројни тенкови/оклоп? Пошто ова никој не го јавил ни на руска ни на украинска страна, или барем јас не сум свесен за тоа. Информациите беа за брз пробив со лесни теренски возила со војска, баш во ИСИС стил. Заобиколување на урбаните и утврдените места, оставање војска за блокада на повлекување од истите, и продолжување напред и напред. Оклоп и артилерија, и логистика, тоа било многу подоцна на терен. Ако ти имаш поинакви информации, ајде да ги видиме.

Второ. Дали во иницијалниот пост ме цитираше за мојот коментар со релативната неважност на химарсите за текот на војната, или не?
Што релативизираш сега со „адвокатски финти“, вака кажав така мислев.

Остај тоа, се согласуваш или не со констатацијата дека химарсите досега не влијаат значајно на текот на војната (со оваа бројност, и со оваа снабденост со муниција)? Ама одговори без условни малку веројатни (барем да се повторат пак) моменти како „со нив го погодија мостот со што ги излажаа Русите да го остават небрането местото каде Украинците ќе напаѓаат“. Така можеш да кажеш и дека некоја мува била предуслов за украинската офанзива, да не го укасала на Шојгу по нос па после да не ја бркал 10 минути - на време ќе наредел испраќање појачање ама вака заборавил.

Многу приказни се тоа дека химарсите имале диверзантска вредност, пошто буквално се може да има диверзантска вредност. Не значи дека тоа нешто е статистички воено значајно во војната.
Автоматски споено мислење:

Briefly on the Oskol front. The situation is tense, the Khokhol does not reduce the intensity, mainly artillery works, covering the sorties of small groups of 15 people in pickup trucks. Tanks roll out from Liman to the south, shoot at positions and checkpoints and leave.

But our people are really good. Morale is high, which is the most important part of combat work. The 20 OA and volunteers are repelling the attacks without any panic. Today the Khokhol attacked n / n Kolodesi, tried to come in from three sides at once. But units of the "twice-guards" 20th OA held their positions.

I would like to note one interesting feature. Before the attack, Khokhol conducts artillery preparation not only in the attack area, but along the entire front at once, apparently, so as not to calculate the direction of the attack.

Translated with www.DeepL.com/Translator (free version)

Тоа „Khokhol“ им е некој сленг за Украинците.
Друже извини, навистина немам намера да те навредам, ама за мене е очигледно дека ти и тактички и оперативно си неписмен. Џабе е јас да ти објаснувам кога ми ги извртуваш зборовите и ми ја промашуваш поентата.

еве да ти одговорам, ама немам надеж дека нешто ќе смени

прво
нема врска дали има оклоп или не, се вика војна на маневар, оклопот многу помага ама не е задолжителен. И да, имаше едно чудо снимки од тенкови и оклопни борбени возила во офанзивата, беа дел од неа. Во колкав број, исто како химарсите може да нагаѓаме.
Во модерно комбинирано војување нема стрикни правила на бројки, има план за војување со средствата кои ги поседуваш. Нацистите главниот удар го правеле со тенкови и Штуки, Русите ставаат поголем акцент на артилерија па на тенкови, Американците најмногу акцент ставаат на авијација.
Основата на мобилно војување или војување на маневар е дека не му даваш на непријателот да се соземе поради брзината на нападот. Удираш на најслабата и најнебранета точка, ги пресекуваш линиите на комуникација, заобиколуваш утврдени позиции и им ја уништуваш позадината - логистика и артилерија. Тоа го направија и Украинците и сите гореспоменати страни во различни војни. Нема врска ова со ИСИС, специјалните единици на САД во Авганистан користеа Тојота Хилукси, исис тактика ли е тоа?

второ
предуслов е аргумент кој во комбинација на други аргументи постигнува определена цел. Не значи дека ако предусловот не е исполнет целта нема да се оствари, ама ќе помогне.
Химарсите направија пепел од Крим до Керсон, уништија авиони на земја, уништија ПВО, уништија мостови, уништија мунициски депоа и депоа за гориво..... си ја одслужија нивната цел.

Тоа што не е бранета територијата во Харков не е случаен детал, Русите наседнаа на диверзијата на Украина и тоа скапо ги чинеше, сакале ние да признаеме или не
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Тоа што не е бранета територијата во Харков не е случаен детал, Русите наседнаа на диверзијата на Украина и тоа скапо ги чинеше, сакале ние да признаеме или не
Без разлика на тоа дали наседнале или не, реално кажано и да не наседнаа, нема шанса да го оставеа Керсон небранет ради Харкив, кој реално нема таква стратешка тежина во дадениот момент. Русите од друга страна ја сватија ситуацијата доста на време и можеби спречија можна катастрофа на нивните трупи. Блицкригот кој го изведоа Украинците беше успешен, но ако гледаме од далеку беше многу ризична операција. Со организирана одбрана со неколку автоматски ПВО топови (попут панцир и тунгуска па и постари попут прага) на добри позиции, може лесно да се неутрализираат лесни и брзи оклопни возила во предел каков што е дадениот. И без тоа Украинците ги кошташе многу оваа операција и беше очаен обид за да се прикаже некаков успех и може да се каже пирова победа. Реално кажано, јас ваква ризична операција никад не би се усудил да направам, освен во моменти на очај.

Незнам дали пратиш руски извори, ама после офанзивата рекоа дека се враќаат Чеченските сили и дел други ресурси кои биле на одмор. Значи реално најмалку 1/3 од војниците им се одмараат, а одбраната ја врши остатокот. Кога ќе ја видиш целосната слика, тоа е и причината што Русите престанаа да напредуваат. Едноставно ресурсите не се доволни ефективно да ја бранат цела територија. И не верувам дека тоа е нешто што не го планирале или не го очекувале.

Иначе поврзано со тоа, Русите не напаѓаат како Американците на кои во Авганистан и во Ирак им беше важно да завземат клучни точки и да изградат тврдини, додека територијата околу тие тврдини воопшто не се контролира тоест се дава на некои локални вазали да ја контролираат, што дефакто воопшто не е функцинално, што се виде и во Авганистан и во Ирак. Русите идат на целосна контрола на територијата и нивна интеграција во Руската федерација. Затоа и споредбата со Американските инвазии е несоодветна.
 
Неколку факти, што според мене не ги демантираше иако се обиде:

- јас реков дека украинската офанзива била во ИСИС стил, што не е неточно, без разлика дали воедно е и блицкриг/шверпункт или не е
- не е неточно моето мислење дека химарсите немаат таква значајна улога во војнава како што вели пропагандата и како што повторувате вие што навивате за другата страна
- дали тоа е точно или не е, не може да се утврди со приказни и претпоставки дека тоа со бројките на химарс се „воени тајни“, тоа е класично мачкање очи
- ако не може да се утврди бројот на оружјата и количината на муниција тоа значи и дека не може да утврди ни учинокот (без разлика за причите за пепел во Крим и Керсон)
- на крајот од војната ќе видиме што е точно и кој бил во право

Ако имаш намера да продолжиш да контрираш, коректно би било да приложиш аргументи за неточноста на горенаведените факти.

Никогаш не сум се претставувал за било што друго освен како заинтересиран лаик. Јас не се навредувам колку што се обидувам да ти укажам на иронијата кога ме нарекуваш лицемерен (за потоа на свој начин да ретерираш за химарсите, но како и да е).
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Иначе, областа околу Красни Лиман може да се каже дека е целосно отсечена. Имаат пат Русите само преку вештачкото езеро, веќе е поризично повлекувањето одколку одбраната.
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
Неколку факти, што според мене не ги демантираше иако се обиде:

1 јас реков дека украинската офанзива била во ИСИС стил, што не е неточно, без разлика дали воедно е и блицкриг/шверпункт или не е
2 не е неточно моето мислење дека химарсите немаат таква значајна улога во војнава како што вели пропагандата и како што повторувате вие што навивате за другата страна
3 дали тоа е точно или не е, не може да се утврди со приказни и претпоставки дека тоа со бројките на химарс се „воени тајни“, тоа е класично мачкање очи
4 ако не може да се утврди бројот на оружјата и количината на муниција тоа значи и дека не може да утврди ни учинокот (без разлика за причите за пепел во Крим и Керсон)
5 на крајот од војната ќе видиме што е точно и кој бил во право

Ако имаш намера да продолжиш да контрираш, коректно би било да приложиш аргументи за неточноста на горенаведените факти.

Никогаш не сум се претставувал за било што друго освен како заинтересиран лаик. Јас не се навредувам колку што се обидувам да ти укажам на иронијата кога ме нарекуваш лицемерен (за потоа на свој начин да ретерираш за химарсите, но како и да е).
ок извини ако те навредив лично, да се поправам, лицемерна е постапката.
1. Украинската офанзива беше школски пример како се прави операција со маневрирање, нема благе везе со ИСИС, тоа што немале премногу оклоп не ги прави ИСИС стил.
2. да се копирам од погоре
„Химарсите направија пепел од Крим до Керсон, уништија авиони на земја, уништија ПВО, уништија мостови, уништија мунициски депоа и депоа за гориво..... си ја одслужија нивната цел “
тоа е многу значајна улога, Химарс завршија одлична работа
Јас навивам за мир, не навивам за никого. Сметам дека Украинците го имаат моралното гледиште бидејќи се бранат, ама не се цвеќиња за мирисање.
3. јас и ти можеме само да нагаѓаме
4.не ме зезај, нема вајда јавно да изнесат бројки кои може оперативно да ги компромитираат. Евидентно беше дека од кога стасаа химарси, намали огнената супериорност на Русија, намали количеството на муниција што дотогаш лесно стигнуваше до фронтот. Ако тоа не е влијателно, јас не знам што е. Офанзива најидеално се запира со артилерија. На пат, во транспорт, поклопуваш неколку плотуна и завршена е таа офанзива. Ама Русија не го направи тоа во Харков, како што го направи во Керсон, зошто?
5. ќе видиме
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
Без разлика на тоа дали наседнале или не, реално кажано и да не наседнаа, нема шанса да го оставеа Керсон небранет ради Харкив, кој реално нема таква стратешка тежина во дадениот момент. Русите од друга страна ја сватија ситуацијата доста на време и можеби спречија можна катастрофа на нивните трупи. Блицкригот кој го изведоа Украинците беше успешен, но ако гледаме од далеку беше многу ризична операција. Со организирана одбрана со неколку автоматски ПВО топови (попут панцир и тунгуска па и постари попут прага) на добри позиции, може лесно да се неутрализираат лесни и брзи оклопни возила во предел каков што е дадениот. И без тоа Украинците ги кошташе многу оваа операција и беше очаен обид за да се прикаже некаков успех и може да се каже пирова победа. Реално кажано, јас ваква ризична операција никад не би се усудил да направам, освен во моменти на очај.

Незнам дали пратиш руски извори, ама после офанзивата рекоа дека се враќаат Чеченските сили и дел други ресурси кои биле на одмор. Значи реално најмалку 1/3 од војниците им се одмараат, а одбраната ја врши остатокот. Кога ќе ја видиш целосната слика, тоа е и причината што Русите престанаа да напредуваат. Едноставно ресурсите не се доволни ефективно да ја бранат цела територија. И не верувам дека тоа е нешто што не го планирале или не го очекувале.

Иначе поврзано со тоа, Русите не напаѓаат како Американците на кои во Авганистан и во Ирак им беше важно да завземат клучни точки и да изградат тврдини, додека територијата околу тие тврдини воопшто не се контролира тоест се дава на некои локални вазали да ја контролираат, што дефакто воопшто не е функцинално, што се виде и во Авганистан и во Ирак. Русите идат на целосна контрола на територијата и нивна интеграција во Руската федерација. Затоа и споредбата со Американските инвазии е несоодветна.
Русите платија длабоко во крв за секое село, уличка, куќа и ров. Многу тешко и многу бавно го освоија тој предел. На крајот си го дадоа со гратис депоа за артилерија, материјално ги живнаа Украинците.
Украина плати во крв за сопствената офанзива, да, нема победа без крв. Ама Украина се брани, секое освоено село е поттик и морална победа, Русија напаѓа и во очите на руската јавност - губи. Гледаме дека оваа офанзива директно поттикна мобилизација, што е чекор пред пропаст за Русија. Слободно можам да кажам дека Украинците во оваа операција ги остварија своите цели и оперативно и стратешки.

Економија расте со слобода на пазар на добра и слобода на пазар на труд. Ако пазарот на труд е десеткуван бидејќи работниците се на фронт.... тешко дека економски ќе исплива Русија од оваа каша. Украина е во поголема чорба од Русија економски, но Украина е спонзорирана од запад, Русија е цицана со попусти од своите „сојузници“

Победила или изгубила, после војнава Украина ќе пропадне како држава, никој не го спори тоа. Што со Русија? Во истиот котел? Велика Британија испадна како победник од Втора светска војна. Ја доби војната и ја изгуби империјата. Истото ќе се случи и со Русија, а може да ги изгуби и двете.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Извесно е дека Русите ќе го изгубат Лиман и целата област околу него во наредните неколку дена.
Препровери си ги изворите.
Автоматски споено мислење:

Русите платија длабоко во крв за секое село, уличка, куќа и ров. Многу тешко и многу бавно го освоија тој предел. На крајот си го дадоа со гратис депоа за артилерија, материјално ги живнаа Украинците.
Види како се одвиваат генерално Руските офанзиви во војнава, тешко бомбардирање до целосно уништување, па после влегување во градот и чистење на герилски остатоци од војската, ако има. Нема акции нема воени маневри, нема ништо. Воопшто немаат costy пристап во однос на човечки жртви Русите, не ја гледај ти западната пропаганда. А тоа што земале, што нашле Украинците сигурно не е нешто што ќе го користат со години, за неколку дена и тоа е тоа.

Украина плати во крв за сопствената офанзива, да, нема победа без крв. Ама Украина се брани, секое освоено село е поттик и морална победа, Русија напаѓа и во очите на руската јавност - губи. Гледаме дека оваа офанзива директно поттикна мобилизација, што е чекор пред пропаст за Русија. Слободно можам да кажам дека Украинците во оваа операција ги остварија своите цели и оперативно и стратешки.
Не е можно да си толку слеп, неможам тоа да го поверувам. Дали мислиш дека Русија некогаш планирала ова да го изведе без дополнителна мобилизација, на начинот на којшто го изведува со целосна контрола на територијата, а не како Американците со пунктови и бази тук там?

Мобилизацијата е планирана да се случи пред 2 месеци, заедно со референдумите. Зошто се нема случено, тоа е политичка одлука, поради која ја дадоа Харкивскато област. Дали е погрешно или не, не можеме сеуште да процениме, зошто не ги знаеме сите информации. Да кажеш дека Русија е пред пропаст, не само што е нон сенс, туку изгледа пародично.

Да ги видиме фактите:
- Русија со 200К армија влезе во Украина која горе доле брои 1М армија.
- Според западни извори источното крило на НАТО е тотално демилитаризирано, а на западните НАТО земји воените резерви им се пред крај. Тоа збори дека Украина активно е бранета со огромна сума НАТО оружје и Украински глинени голуби и по некој доброволец и платеник.
- Русија со тие 200К кои BTW редовно ротираат, завзема и сеуште држи 120.000 километри квадартни Украинска земја и сеуште без никаков проблем масивно користи артилерија, нанесувајќи им масивни загуби на луѓе и техника.

Дали сеуште мислиш дека Русија е пред колапс, само затоа што не го бранеле Харкив? Еве ако не ти се верува, Лиман го бранат, гледај што се случува.

И како дополна, блицот што го направи Украина, не е блиц каков што го опишуваш, од причина што блицот е уствари серија на последователни такви напади. А не еден единствен напад. Украинците не успеаја да го повторат нападот. Имаа обид во Запорожје ама Русите ја ебаа браната и им ги уништија таму силите. Ова што се случува во Лиман не ни наликува на блиц.

Како што кажав и претходно, доколку Украина не повтори таков ист напад, ситуацијата ќе се врати во позциона борба и ќе биде никому ништо. Украинците изгубија драгоцени ресурси кои додуше и да се користеа за одбрана нема да имаа никаков ефект, затоа што Русите само делкаат со артилерија. Али барем имаат ПР победа.

Економија расте со слобода на пазар на добра и слобода на пазар на труд. Ако пазарот на труд е десеткуван бидејќи работниците се на фронт.... тешко дека економски ќе исплива Русија од оваа каша. Украина е во поголема чорба од Русија економски, но Украина е спонзорирана од запад, Русија е цицана со попусти од своите „сојузници“
Да зборевме пред 30 години, сосема ќе се сложев со ова, но денеска друга е приказната. Блокот што е на другата страна, го гледа ова како можност да се ослободи од Американското самоволие и не е веќе 10% од светската економија, туку 50%. А тие сето ова не го гледаат како проблем, туку како можност. Попустите и не се толку важни, затоа што истите попусти Русија ги даваше и на Европа, која имаше најефтин гас. Денеска дури и со попустите, гасот што го продава Русија е неколкупати со повисока цена одколку што беше пред војнава. Така да ако по утрото се познава денот, тогаш катастрофата не се надѕира во Русија, туку на западот.

Кога ќе погледнеш малце по убаво, ќе сватиш дека Русија нема што да изгуби, додека западот ја губи доминантната позиција.
Победила или изгубила, после војнава Украина ќе пропадне како држава, никој не го спори тоа. Што со Русија? Во истиот котел? Велика Британија испадна како победник од Втора светска војна. Ја доби војната и ја изгуби империјата. Истото ќе се случи и со Русија, а може да ги изгуби и двете.
Русија далеку во потешки лајна била, па излегла без никаков проблем. Ова што се случува за нив не е пропаст, туку е излез. Кога тоа ќе го сватиш, ќе сватиш дека Русија во никој случај нема ништо да изгуби во војнава, што го нема изгубено од претходно.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom