Да, не е задолжително писмен договор, но пожелно е да биде во писмена форма заради контрола, ако дојде, да си бидеш на чисто, дека си купил одредени производи и истите си ги продаваш, се' друго си правиш по пропис како постојната роба, само што во конкретниот случај наместо фактури од добавувачи, ќе го имаш договорот како доказ од физичкото лице (продавачот).Конкретно сакам action figures од суперхерои кои пријател мој ги има купувано низ годините како колекционер и сака да ги продаде а, јас сакам да ги откупам и да ги ставам да се продаваат кај мене во продавница. Тоа се решава со купопродажен договор?
Можеш да се договориш со пријателот твој да биде договорот за продажба со продажен налог, тоа значи дека не му плаќаш наеднаш туку од секоја продадеба фигура му ја плаќаш одделно надокнадно купопродажната цена или до одреден период ги ставаш на продажба и ако и колку продадеш после му ја плаќаш продажната цена, така ти нема да си во загуба случајно ако не се продадат фигурите а твојот пријател ќе знае со сигурност дека ќе заработи пари или во спротивно ако не се продаваат фигурите ќе му бидат вратени и тоа фино ќе биде уредено со писмен договор, на крајот е важно обете страни да се задоволни, ако си заинтересиран пиши ми во порака.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)