Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    728
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
Буквално пола од русофилите тука се иселеници по западни држави и во домашниот пазар и економија имаат точно 0 придонес, а кажуваат овдека кој е патриот кој не. :icon_lol:
Замисли која беда е тоа. Твојата држава не ти пружа услови да живееш како нормален човек, одиш во странска држава, не им го знаеш ни јазикот, ти даваат работа, ти даваат здравство, ти даваат нормални услови да живееш и да ги школуваш децата. Често дури и да се збогатиш и покрај тоа што си 'странец'. Ги уживаш сите привилегии и права кои ги уживаат 'домородците'. Ако немаш работа ти даваат социјална помош и додаток за децата иако не си им ни граѓанин. Се пушташ на фб/форум сереш какви говна од општества се, фрлаш клетви и секојдневно им посакуваш да се распаднат.
Сега брзо седев во кафана со пријатели, еден дечко ни објаснуваше дека требало на европскиве држави путин да им ја тресне нуклеарката, немало што да се преговара со педерана, живее во Берлин - ЦАР! :kruna:
 
Последно уредено:

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.707
Поени од реакции
49.027
Буквално пола од русофилите тука се иселеници по западни држави и во домашниот пазар и економија имаат точно 0 придонес, а кажуваат овдека кој е патриот кој не. :icon_lol:
буквално 90% од атлатнистите тука се шипурки и бугари кои исто така имаат 0 придонес. :icon_lol:
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.153
Поени од реакции
5.921
Сакаш да кажеш дека на тие што се останати без најблиски, без домовите, скоро цела година живеат во страв (што од бомбардирања, што од нивниот Гестапо), итн... Дека за нив најважно е „можност да се ослободат од руско влијание“?

Абе ти држи вода „аргументов“, нема што.
Не е мој аргумент, на Украинците е. Они беа свесни дека ако не се случеше војнава ќе ја изгубеја цела држава. Крим, ДНР, ЛНР... малку по малку ќе немаше Украина (освен како Руски приврзок). Вака само добија силна причина за мобилизација, а бидејќи противникот е Русија (како најголем опонент на САД и Европа) добија и уште добиваат силно вооружување.

Не знам кој беше еден од прорускиве ботови овде што имаше пишано за вистинските цели на Русија во војнава (територија и доминација), дека население се раѓа ама територија не. Епа и Украинците го знаат тоа и си се борат за својата територија. Загубените животи/домови/стравови кога тогаш ќе се надоместат, но загубената територија не.

А граѓанската војна во украина, 2014та?

Ај вака да те прашам, ако Русија на пример, ја урне владата во Мексико, стави нејзин режим, почне да праи воени вежби на границата со САД, почне да прави немири во Тексас, ги вооружува мексиканците со современо оружје, шири нацизам во Мексико против САД, ти би го поддржал тоа?

И како САД би реагирале?
Кој е кој во твојава споредба? Според тоа што ги мешаш САД делува дека си на Руска страна, а примерот твој го доловува спротивното:
Мексико = Русија вооружува сепаратистичка група на туѓа територија (Тексас = ДНР/ЛНР), државата (САД = Украина) е приморана да се брани за да си ја зачува унитарноста и презема воени дејствија против сепаратистите, на што Мексико = Русија почнува војна затоа што другата држава се бранела против нивните сепаратисти.

Или грешам нешто? o_O
 
Последно уредено:

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Замисли која беда е тоа. Твојата држава не ти пружа услови да бидеш живееш како нормален човек, одиш во странска држава, не им го знаеш ни јазикот, ти даваат работа, ти даваат здравство, ти даваат нормални услови да живееш и да ги школуваш децата. Често дури и да се збогатиш и покрај тоа што си 'странец'. Ги уживаш сите привилегии и права кои ги уживаат 'домородците'. Ако немаш работа ти даваат социјална помош и додаток за децата иако не си им ни граѓанин. Се пушташ на фб/форум сереш какви говна од општества се, фрлаш клетви и секојдневно им посакуваш да се распаднат.
Сега брзо седев во кафана со пријатели, еден дечко ни објаснуваше дека требало на европскиве држави путин да им ја тресне нуклеарката, немало што да се преговара со педерана, живее во Берлин - ЦАР! :kruna:
Тебе те чекаат да ти ги да дадат истите права и да те лечат и да ти ги школуваат децата.Коските има да ти ги изглодаат,не туку штракајте глупости по тастатура.
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Ова е така ама неможеш да си возрасен човек и да очекуваш сами да си стават санкции
Ова е поентата. Затоа ни треба мултиполарност, затоа што овака ќе имаш гаѓања на нуклеарна централа и никој нема да одговара.

Замисли која беда е тоа. Твојата држава не ти пружа услови да бидеш живееш како нормален човек, одиш во странска држава, не им го знаеш ни јазикот, ти даваат работа, ти даваат здравство, ти даваат нормални услови да живееш и да ги школуваш децата. Често дури и да се збогатиш и покрај тоа што си 'странец'. Ги уживаш сите привилегии и права кои ги уживаат 'домородците'. Ако немаш работа ти даваат социјална помош и додаток за децата иако не си им ни граѓанин. Се пушташ на фб/форум сереш какви говна од општества се, фрлаш клетви и секојдневно им посакуваш да се распаднат.
Сега брзо седев во кафана со пријатели, еден дечко ни објаснуваше дека требало на европскиве држави путин да им ја тресне нуклеарката, немало што да се преговара со педерана, живее во Берлин - ЦАР! :kruna:
Сето ова за ниско платена работа со бугарски пасош, или како високо квалификуван кадар кој им е потребен.

Наместо да ги имаш во твојата држава истите услови, да може да се развиваш, ти живееш во колонија каде што странски западен капитал ти е насаден овде и мораш да му работиш за 300 еур месечно.
Ако сакаш да се вратиш овде и инвестираш, мораш да плаќаш на локални шерифи за да не те уништат. А, и да добиеш работа, мора да имаш партиска книшка.

Се што е вредно во државава, сите природни богатства, инфраструктура и клучни гранки како ЕВН, ги пропаднаа, па ги приватизираа, повторно на тие странците.
Не е ни чудо што имаат такви добри услови во своите земји, кога цицаат ресурси од пола свет.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.431
Поени од реакции
11.349

Украинците не биле глупи биле прозападни зашто убаво се живеело таму не ке бидат со русите, ова нон стоп се верглаше тука
Македонија која е 200% прозападна насочена што фајде? Ете сам кажа бедотија сме ама не само ние туку и земји бо ЕУ што се ама битно луѓе паѓаат на фората дека ке живеат ко германци а уствари измеќари нивни сме и никад ние, украинците, молдавци, татари нема да бидеме на исто рамниште у ЕУ
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
Тебе те чекаат да ти ги да дадат истите права и да те лечат и да ти ги школуваат децата.Коските има да ти ги изглодаат,не туку штракајте глупости по тастатура.
Ништо не е другар бесплатно на светов ти ќе си работиш и затоа те прибираат, нема в банка на шалтер да те седнат
ама дека ќе те остават в ходник в болница да умреш како овде или дека нема да можеш децата да ги школуваш да не се лажеме
појди во русија без да знаеш руски и види како ќе поминеш и генерално како ќе се снајдиш :)
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.298
Поени од реакции
11.599
Па која е разликата де, прочита воопшто што напишав? Ајде по пластично ќе пробам остај Асанж и Сноуден настрана. Ајде вака кажи ми дали ист третман ќе добиеја критичарите на војна предизвикана од Западните држави и критичарите од Русија/Куна за војна предизвикана Русија/Кина. Ако сметаш дека е исти третманот може да завршиме дискусија.

Не знам дали воопшто имате претстава колкава е граѓанската слобода во Русија и Кина, пример да земеме од тука на форумов како што си јадеме гомна и пцуеме по сељакот од муртино и владеачката гарнитура, во Русија/Кина немаат таква слобода, кажи ми ти дали би сакал да живееш во држава каде што поради тоа што си напишал нешто за Заев на форумов под наредба на паријата ти идат дома и те ставаат доживотно затвор, во овие држави се случува и тоа често и тоа е оптимистичкито сценарио што може да се случи.

Не знам што очекуваш под граѓанска војна што би се десило во САД, очекуваш Бајден да се извини и целата елита да отстапи власт и богатство? Ако мислиш дека така функционираат структурите на моќ тогаш океј, што би рекол еден член на форумов како во песната Imagine од Џон Ленон.

Ако за тебе е дефанзива јуришот кон Киев тогаш можеби или јас не го разбирам доволно зборот или ти. Дефанзива ќе беше ако имаше јуриш кон Москва

Како што викаше еден член тука, егзистенцијално прашање го направивте овај геополитички интерес.
Можеби ''не разбираш'' доволно?
Не ''доволно'', туку воопшто не разбираш.
 
Последно уредено:

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Ништо не е другар бесплатно на светов ти ќе си работиш и затоа те прибираат, нема в банка на шалтер да те седнат
ама дека ќе те остават в ходник в болница да умреш како овде или дека нема да можеш децата да ги школуваш да не се лажеме
појди во русија без да знаеш руски и види како ќе поминеш и генерално како ќе се снајдиш :)
У било која сектор да работиш горе,секогаш ке бидеш од трет ред граѓанин независно од образование,интелегенција.
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
Ова е поентата. Затоа ни треба мултиполарност, затоа што овака ќе имаш гаѓања на нуклеарна централа и никој нема да одговара.
Фер поента

Сето ова за ниско платена работа со бугарски пасош, или како високо квалификуван кадар кој им е потребен.
Можеш и со Македонски пасош, нормално според способностите јас знам стотици луѓе кој се навака-натака со мк пасоши.

Наместо да ги имаш во твојата држава истите услови, да може да се развиваш, ти живееш во колонија каде што странски западен капитал ти е насаден овде и мораш да му работиш за 300 еур месечно.
Ако сакаш да се вратиш овде и инвестираш, мораш да плаќаш на локални шерифи за да не те уништат. А, и да добиеш работа, мора да имаш партиска книшка.
за ова никако неможе да се криви тие

Се што е вредно во државава, сите природни богатства, инфраструктура и клучни гранки како ЕВН, ги пропаднаа, па ги приватизираа, повторно на тие странците.
Не е ни чудо што имаат такви добри услови во своите земји, кога цицаат ресурси од пола свет.
Во голема мера ги приватизираа и разграбаа и наши друже, да не речам повеќе. А и не е тоа поентата. Поентата на постот ми беше ако живееш во западни земји и ги користиш приликите што ги пружаат нема потреба да сереш против нив и да кажуваш приказни. Јас и ти што сме овде може да сереме за кого сакаме и колку сакаме.
Автоматски споено мислење:

У било која сектор да работиш горе,секогаш ке бидеш од трет ред граѓанин независно од образование,интелегенција.
Не знам можеби, ова е ептен субјективна работа. Јас лично имав секакви искуства и голем дел од луѓето не ги болеше многу стојко да не речам не им менуваше кој сум од кај сум, има дел тешки луѓе али тоа мислам го има во секој народ. Ние источните народи реално мислам дека сме далеку по ксенофобни како луѓе неголи што се тие али пак велам поентата беше сосема друга на постот
Автоматски споено мислење:

Украинците не биле глупи биле прозападни зашто убаво се живеело таму не ке бидат со русите, ова нон стоп се верглаше тука
Македонија која е 200% прозападна насочена што фајде? Ете сам кажа бедотија сме ама не само ние туку и земји бо ЕУ што се ама битно луѓе паѓаат на фората дека ке живеат ко германци а уствари измеќари нивни сме и никад ние, украинците, молдавци, татари нема да бидеме на исто рамниште у ЕУ
Тоа е just the reality of life. Никогаш ти како украинец, чечен, белорусин, дагестанец, калмик, козак, ерменец нема да бидеш на исто рамниште со русин. Никогаш ти како кореец, ујгур, виетнамец, монгол, тибетанец, непалец нема да бидеш на исто рамниште како кинез. Тоа што било кој се приклонува кон некоја голема сила не е за да биде РАМЕН на неа туку за да биде во подобра позиција од кога не бил на неа приклонет. На пример пољакот не е на исто рамниште во еу со западно европејците ама не беше ни во советски сојуз на исто рамниште со просечниот русин разликата е што сега пољакот смета дека живее подобро него тогаш, колку е тоа така останува сите сами за себеси да си процениме :)
 
Последно уредено:
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
Запре нешто офанзивата или што е работата? Многу сте се распрајле муабет....
Не е запрена, сега може да си правиме муабет? :icon_lol:
Иначе дечково од ЛНР вика непријателот бил на порта готово али немало простор за паника :icon_lol:
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.697
Поени од реакции
33.892
Не е мој аргумент, на Украинците е. Они беа свесни дека ако не се случеше војнава ќе ја изгубеја цела држава. Крим, ДНР, ЛНР... малку по малку ќе немаше Украина (освен како Руски приврзок). Вака само добија силна причина за мобилизација, а бидејќи противникот е Русија (како најголем опонент на САД и Европа) добија и уште добиваат силно вооружување.
Koи Украинци, квинслизите кои ги ухлебија преку невладини организации, наци групации, олигархијата, и аристократијата во највисоките ешалони на власта?
Или оние обичните луѓе, вистинските Украинци чии блиски се погинати, кои живеаат во страв, голем дел се избеглици, итн...

Вториве не им е до водење војни кои се чисто во амерички интереси. Дури и некои да биле во заблуда, ужасите на војната секако го освестиле големото мнозинство? На крај кога сѐ ќе се заврши, тие ќе бидат тие што ќе ги плаќаат сметките. Тие што ќе останат живи.

edit:
Територии? Кажи им го тоа илјадницие мајки чии синови погинаа. Татковци, браќа, сестри... Деца.
Територии? Па не ме јеби бе другар, па немаше да ни да дојдат во ситуација да губат територии да не им направија Америте државен удар и да ги тераат да убиваат Руси на истокот од државата, да ги бутаат во НАТО, итн.
 
Последно уредено:
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
Опрема собраа укриве да наоружаат баталјон
Уште еден доказ дека воопшто не се работи за организирано повлекување туку за бегање газ преку глава
94B2A3F5-B82C-45FD-AF31-C06A6730A1AD.jpeg
30269987-B8D6-45B9-BAF4-6C3359320AF6.jpeg
E5ABEB0D-E987-44F3-AEDE-EE123AF870AB.jpeg
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.776
Поени од реакции
2.754
Не е запрена, сега може да си правиме муабет? :icon_lol:
Иначе дечково од ЛНР вика непријателот бил на порта готово али немало простор за паника :icon_lol:
Како не е запрена, никаква вест нема од фронтот. Ајваровка да не прават :ROFLMAO:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom