Повторно Нагорно Карабах ?

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување

Автоматски споено мислење:

Непотврдено..
 
Последно уредено:
Додека овие протестираат Азерите си навлегуваат. Го бомбардираат Јермук и веќе се приближуваат кон градот. Ништо од тој brokered peace, Азерите си прават инвазија и ќе враќаат за 25 годишната окупација на териториите околу Нагорно Карабах.

@c i t r o / @Shakespear ве тагирам за да ви покажам кај е темата зашто вие сигурно сте загрижени и за оваа инвазија и неможете да ја најдете темата. Вие знам дека во темите за Украина пишувате зашто сте загрижени за инвазии врз суверени земји, а не дека сте лицмерни и глумите загрижени само зашто има по западни медиуми.
 
Последно уредено:
Значи русите ги сјебаа и Ерменците?
Уште не се знае што се случува и што ќе се случува. Ако навистина им бомбардираат Руски мировници, верувам дека ќе одговорат. Ваков ист случај беше во Грузија кога им ги бомбардираа мировниците таму, после неколку дена делуваа.

Но без разлика, и да не се случува бомбардирањето, Ерменија веќе официјално го активирала членот 4. Обврска е на Русија да ги брани.

Искрено ова е веќе заебана игра. Најблиски сојузници на Азербејџан се Пакистан и Турција. Русија се наоѓа веќе пред сериозна и опсасна одлука. По народски кажано, изборот им е змија или магаре.
 
А Иран каде е? Нели и тие ќе изреагираа?
Автоматски споено мислење:

Единствена добра вест е што народот сака под итно да го тргне тоа гомното предавник Пашиниан.
 
А Иран каде е? Нели и тие ќе изреагираа?
Види демографската структура на Иран, се сомневам дека ќе застанат против Азербејџан. Повеќе Азери имаш во Иран отколку во Азербејџан.
 
Не е баш така едноставно со Иран, без разлика што имаат големо Азерско население.
 
Види демографската структура на Иран, се сомневам дека ќе застанат против Азербејџан. Повеќе Азери имаш во Иран отколку во Азербејџан.
Да ама зошто тогаш Иран рече дека ќе ја брани Ерменија ако Азербејџан влезе во нејзе? Зошто ваква лажна надеж за Ерменија?
 
Уште не се знае што се случува и што ќе се случува. Ако навистина им бомбардираат Руски мировници, верувам дека ќе одговорат. Ваков ист случај беше во Грузија кога им ги бомбардираа мировниците таму, после неколку дена делуваа.

Но без разлика, и да не се случува бомбардирањето, Ерменија веќе официјално го активирала членот 4. Обврска е на Русија да ги брани.

Искрено ова е веќе заебана игра. Најблиски сојузници на Азербејџан се Пакистан и Турција. Русија се наоѓа веќе пред сериозна и опсасна одлука. По народски кажано, изборот им е змија или магаре.
Дали е некоја руска тактика да го срушат Премиерот
 
Нема тактика добра за Ерменија во која тие го губат коридорот. Исто така таа опција не е добра ниту за Русија, ниту за Иран. Ако тоа го дозволат, ќе го дозволат само дека не се моќни да направат нешто повеќе.
 
Еве ти следиш вести, Иран што став има или ќутат уште?
 
Министерот за надворешни работи изјавил дека нема да дозволат да се смени границата. Ама од изјава и реализација... е пат.
 
Јас мислам дека набљудуваат терен и ситуација и се надеваат на прекин на огнот. Штом го рекле тоа , сигурно ќе го исполнат.
 
Нема тактика добра за Ерменија во која тие го губат коридорот. Исто така таа опција не е добра ниту за Русија, ниту за Иран. Ако тоа го дозволат, ќе го дозволат само дека не се моќни да направат нешто повеќе.
Не мислев добра тактика за Ерменците,туку Руска казна за премиерот кој наводно им свртил грб на русите.Како шо одит работата ке ги исчистат ерменците од нагорно ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom