Ок легитимна тактика, ако може само неколку контра прашања:
- Како оваа тактика за исцрпување на НАТО силите и ЕУ економијата ги спречува да ги вооружаат мобилизираните од Доњетск, Луганск како и доброволците од Русија. Дека моментално 90% од опремата им е од запленета Украинска опрема, складишта од Советскиот Сојуз, купена од граѓански организации и донации од "пријателски региони" како Крим.
- Зошто би ги исцрпувал ( и со тоа би ја водел војната) на територии каде што локалното население е пријателски настроено кон тебе како Југот и Истокот наместо да ги исцрпуваш во Северна и Западна Украина каде што воопшто не ни треба да ти биде гајле каде бомбардираш а и се далеку по рурални регионите. Ова што го прават е како да се повлечеш од Арачиново за да се бориш во Ченто. Зошто кога можеш Арачиново до земја да го срамниш и да не ти биде гајле.
- Како исцрпувањето на НАТО ги спречува најдобро опремените единици на Руската Армија да не можат да заземат град на 40 километри од граница по
автопат и месец дена силите да им бидат демонтирани пред да се повлечат. Ете Харков е голем град не може со толку малку сили да биде заобиколен а и добро бранет бил. А Суми колкав град е?
Прегледај го приврзокот 344558
Ај и суми им е голем, а Лопан и тој им е изгледа голем и далеку е многу па не можат да го бранат:
Прегледај го приврзокот 344559
- Флотата ај нема ни што да се дискутира, ниту пак може да се очекува многу кога не ни вложиле пари. А авијацијата што прави? 6 месеци во конфликт
не можат своја граница да поминат. А и немаат ни оружје да гаѓаат ниту од својата граница. 6 месеци гаѓаат минорни цели со калибри и искандери зошто авијацијата не само што не може да бомбардира ништо туку и сопствените аеродром им ги бомбардираат.
Јас мислам најдобро е сега да се повлечат да ги консолиридираат линиите околу Белгрород, Курск и Брајанск и да се спротистават таму на Украинците дека сепак е пријателска територија. А ако можат и таму дека е доста далеку и логистиката е проблем. Кај Минск и Воронеж 100% ги имаат.
Комедии, чиста саботажа од военото и политичко раководство.
Ако не е саботажа тогаш е криминална неодговорност и корупција поради која армијата не била спремна после 8 години да води војна. Во секој случај се знае што е казната, конфискација на цел имот и цела фамилија во први редови во казнени бригади да чистат мински полиња. Па следниот кога ќе помисли да краде пари од буџетот за војската и следниот кога ќе дозволува лоши дизајни да бидат внесувани како дел од стандардна опрема два пати ќе се размисли што ќе прави.
Да не ни почнувам како во периодот 2015 - 2018/19, после потпишувањето на договорите во Минск. Целото раководство како политичко така и воено на ДНР и ЛНР од перидот 2014 кое немаше пребегнато во Русија беше цел на атентати и сите ги испоубија. Слична ситуација беше и во Украина каде што про-руските политичари и јавни личности сите ги испоубија и испозатворија. Во истиот период не само што тука Руските тајни служби не го спречија, туку и самите они не убија ниту еден Украинец.
Истото е и сега. Сите градоначалници и политички личности на Украина се живи и здрави, додека Русите од Украина кои се одважија да бидат претставници на Русија, лево и десно украинците ги убиваат како муви. Е тоа е чисто предавство. А сега со повлекувањето од Харков ги оставија и локалците на милост и немилост.