Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.407
Епа сега на Шоигу и Герасимов уште вечер треба да им се даде по еден куршум за да си го избришат самите срамот и неспособноста.
==========================================================================================================================================
Кој им дава наредби на нив?

Зошто сеуште и после илјадници испалени крсторувачки проектили не е срушен ниту еден единствен мост меѓу Полска и Украина? Целата опрема, оружје и муниција мора да пројде таму.
Ретко и железнички чворови се гаѓани.

Американците да беа во прашање прво мостовите, телефонските централи и интернет чворовите ќе ги удареа и секако сите можни министерства кои имаат нешто врска со одбрана, разузнување и логистика.

Тоа може да е само политичка одлука да не се гаѓа инфраструктурата и командата што значи ВВП треба да се праша.

--------

Што се однесува на нас и 2001 за жал имавме комбинација на дебили, неспособни и лудаци за “власт“ но тоа е друг муабет.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
и секако сите можни министерства кои имаат нешто врска со одбрана, разузнување и логистика.
А обично тие структури во случај на војна се собираат во зградите на министерствата и чекаат колективно да бидат збришани.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.407
А обично тие структури во случај на војна се собираат во зградите на министерствата и чекаат колективно да бидат збришани.
Американците секако ги рокаат, за секој случај.

Во Украина сеуште нормално си функционираат зградите со службеници на работа секиј ден. Рокни ги преку ноќ за да намалиш жртви но прати порака.

За мостовите стварно не ми е јасно.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Американците секако ги рокаат, за секој случај.

Во Украина сеуште нормално си функционираат зградите со службеници на работа секиј ден. Рокни ги преку ноќ за да намалиш жртви но прати порака.

За мостовите стварно не ми е јасно.
Можда не сакаат да спречат носење на западна воена опрема. Не си помислил на тоа?
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.407
Можда не сакаат да спречат носење на западна воена опрема. Не си помислил на тоа?
Да, но како тече времето се поглупа и поглупа ми изгледа одлуката. Америте ќе принтаат пари до бесвест, нивните вазали ќе праќаат оружје а Украина ке снабдува луѓе.

Барем дотокот на гориво и муниција можат со рушење на мостовите да го намалат. Исто така пистите на украинската авиација не се калибрирани пошто сеуште летаат.

Едноставно ми се чини на политичка одлука која ја плаќаат со животи непотребно.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Да, но како тече времето се поглупа и поглупа ми изгледа одлуката. Америте ќе принтаат пари до бесвест, нивните вазали ќе праќаат оружје а Украина ке снабдува луѓе.

Барем дотокот на гориво и муниција можат со рушење на мостовите да го намалат. Исто така пистите на украинската авиација не се калибрирани пошто сеуште летаат.

Едноставно ми се чини на политичка одлука која ја плаќаат со животи непотребно.
Според мене и според неколку анализи што сум читал, една од стратегиите што ги имаат е исцрпување на НАТО.

Замисли им ја уништуваш на НАТО опремата дадена на недоволно обучени војници, во своето предворје во малтене одбранбена војна на завзенени територии.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.499
Кој им дава наредби на нив?

Тоа може да е само политичка одлука да не се гаѓа инфраструктурата и командата што значи ВВП треба да се праша.
Одма ќе ти дадам контра пример. Трамп во 2019 нареди повлекување на сите трупи од Сирија во рок од некој 4 - 6 месеци:
https://www.nytimes.com/2019/10/13/us/politics/mark-esper-syria-kurds-turkey.html .

Генералот Матис неговиот министер за одбрана, не само што не започнува повлекување туку целиот период и внесува уште повеќе трупи. Периодот од 6 месеци они го користат за политички притисок, креирање на афери и на крај целото повлекување се заборава и се се завршува така. Ова е чист пример за саботажа. Е сега ако го извадел Генерал Матис пред трибунал за непослушност и му ги одземел сите чинови и го бутнел во затвор на едно 5-10 години, следниот генерал кога ќе му биде наредба нема да проба да си игра политички игри и ќе има јасен синџир на одговорност.

Во такви огромни бирократски машини, како што е Америка, како што е ЕУ, како што е Русија, инертноста е главна одлика. Во овој случај инертноста е децата да ти одат на школување во Лондон, да одиш во вилата во Монако, итн ... и можеш да бидеш сигурен дека високите ешалони ќе се борат како кучиња за да се врати старата состојба. Единствениот начин да се скрши интернтноста е чист синџир на лична одговорност и константно казнување и рокади.

Што се однесува на нас и 2001 за жал имавме комбинација на дебили, неспособни и лудаци за “власт“ но тоа е друг муабет.
Не туку имаш свесно вршење на саботажа за лични и туѓи интереси. Гледај ја воената ситуацијата и ќе видиш како намерно се прави замрзување на конфликтот за да се претстави невозможност за воено решение и после тоа се "преговара". Copy-Paste ситуација секаде каде што Америка е преслаба во моментот да дојде до тотална победа. И после те раскрчмува дел по дел, се додека не ослабиш доволно за во втората рунда да се има тотална победа.

Исто како што беше со Грузија во 2008, Руската војска е на 20 километри од Тибилси. Грузиската војска е непостоечка на терен и Сакашвили јаде машни на телевизија. Наместо да влезе Русија и да постави свои луѓе на власт и со тоа да добие копнен коридор до Ерменија и Иран они се повлекуваат и дозволуваат нови про-ЕУ/НАТО луѓе да дојдат на власт и денеска во 2022 НАТО да одржува вежби таму.

Што е тоа ако не е саботажа? Единствената причина зошто во Африка им оди горе доле добро и ги истеруваат работите до крај е зошто буквално целата операција иде преку Вагнер и нивните структури кои веќе се доволно големи да бидат само-одржливи.


Ептен те фати и тебе еуфоријата изгледа.
И сам знаеш, нема што можам друго да одговорам освен: Ќе каже времето.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.407
Според мене и според неколку анализи што сум читал, една од стратегиите што ги имаат е исцрпување на НАТО.

Замисли им ја уништуваш на НАТО опремата дадена на недоволно обучени војници, во своето предворје во малтене одбранбена војна на завзенени територии.
Уништуваш 90% Советска опрема најмногу донирана од ЕУ држави и куртони како нас која ќе биде заменете со Америчка опрема додека ти гинат војници а про-Рускиот народ го оставаш на цедило.
А губат и Русите опрема секако. Само Американците се во плус.

Разбирам играње “добри момци“ и слично ама војска им гинеше дека локалното население ги сликаши и геолоцираше на интернет.

Кога веќе не се деси Шаакашвили момент во Киев почнуваш озбилно, мостови, патни и железнички чворови и авио писти.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Уништуваш 90% Советска опрема најмногу донирана од ЕУ држави и куртони како нас која ќе биде заменете со Америчка опрема додека ти гинат војници а про-Рускиот народ го оставаш на цедило.
А губат и Русите опрема секако. Само Американците се во плус.

Разбирам играње “добри момци“ и слично ама војска им гинеше дека локалното население ги сликаши и геолоцираше на интернет.
Цела воена техника на источното крило на САД е десеткувана. Тие што треба да бидат први на удар на Русија, во случај на војна. И сакаш да кажеш дека државите од западното крило не даваат оружје и муниција... САД секако дека на кратки стази е добитник во ситуацијава, меѓутоа без разлика на тоа генерално сојузниците на САД бајаги ослабуваат, не е тоа многу стратешки потез да тргуваш со бедата на твоите сојузници.

Кога веќе не се деси Шаакашвили момент во Киев почнуваш озбилно, мостови, патни и железнички чворови и авио писти.
Тоа под услов да го прифатиме западниот наратив дека Киев ќе паднел за 3 дена, ако не не се способни Русите. И пак ли треба глупостите да ги објаснувам со Хостмел аеродромот, па како се спремале трупи да слетаат на аеродромот на кој е само на 50 километри од Руска граница или како тоа се спремал десант на Киев. Смешки.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.499
Замисли им ја уништуваш на НАТО опремата дадена на недоволно обучени војници, во своето предворје во малтене одбранбена војна на завзенени територии.
Ок легитимна тактика, ако може само неколку контра прашања:

  1. Како оваа тактика за исцрпување на НАТО силите и ЕУ економијата ги спречува да ги вооружаат мобилизираните од Доњетск, Луганск како и доброволците од Русија. Дека моментално 90% од опремата им е од запленета Украинска опрема, складишта од Советскиот Сојуз, купена од граѓански организации и донации од "пријателски региони" како Крим.

  2. Зошто би ги исцрпувал ( и со тоа би ја водел војната) на територии каде што локалното население е пријателски настроено кон тебе како Југот и Истокот наместо да ги исцрпуваш во Северна и Западна Украина каде што воопшто не ни треба да ти биде гајле каде бомбардираш а и се далеку по рурални регионите. Ова што го прават е како да се повлечеш од Арачиново за да се бориш во Ченто. Зошто кога можеш Арачиново до земја да го срамниш и да не ти биде гајле.

  3. Како исцрпувањето на НАТО ги спречува најдобро опремените единици на Руската Армија да не можат да заземат град на 40 километри од граница по
    автопат и месец дена силите да им бидат демонтирани пред да се повлечат. Ете Харков е голем град не може со толку малку сили да биде заобиколен а и добро бранет бил. А Суми колкав град е?


    1662984575864.png

    Ај и суми им е голем, а Лопан и тој им е изгледа голем и далеку е многу па не можат да го бранат:

    1662984810872.png

  4. Флотата ај нема ни што да се дискутира, ниту пак може да се очекува многу кога не ни вложиле пари. А авијацијата што прави? 6 месеци во конфликт
    не можат своја граница да поминат. А и немаат ни оружје да гаѓаат ниту од својата граница. 6 месеци гаѓаат минорни цели со калибри и искандери зошто авијацијата не само што не може да бомбардира ништо туку и сопствените аеродром им ги бомбардираат.

Јас мислам најдобро е сега да се повлечат да ги консолиридираат линиите околу Белгрород, Курск и Брајанск и да се спротистават таму на Украинците дека сепак е пријателска територија. А ако можат и таму дека е доста далеку и логистиката е проблем. Кај Минск и Воронеж 100% ги имаат.
Комедии, чиста саботажа од военото и политичко раководство.

Ако не е саботажа тогаш е криминална неодговорност и корупција поради која армијата не била спремна после 8 години да води војна. Во секој случај се знае што е казната, конфискација на цел имот и цела фамилија во први редови во казнени бригади да чистат мински полиња. Па следниот кога ќе помисли да краде пари од буџетот за војската и следниот кога ќе дозволува лоши дизајни да бидат внесувани како дел од стандардна опрема два пати ќе се размисли што ќе прави.


Да не ни почнувам како во периодот 2015 - 2018/19, после потпишувањето на договорите во Минск. Целото раководство како политичко така и воено на ДНР и ЛНР од перидот 2014 кое немаше пребегнато во Русија беше цел на атентати и сите ги испоубија. Слична ситуација беше и во Украина каде што про-руските политичари и јавни личности сите ги испоубија и испозатворија. Во истиот период не само што тука Руските тајни служби не го спречија, туку и самите они не убија ниту еден Украинец.

Истото е и сега. Сите градоначалници и политички личности на Украина се живи и здрави, додека Русите од Украина кои се одважија да бидат претставници на Русија, лево и десно украинците ги убиваат како муви. Е тоа е чисто предавство. А сега со повлекувањето од Харков ги оставија и локалците на милост и немилост.
 
Последно уредено:

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.407
Цела воена техника на источното крило на САД е десеткувана. Тие што треба да бидат први на удар на Русија, во случај на војна. И сакаш да кажеш дека државите од западното крило не даваат оружје и муниција... САД секако дека на кратки стази е добитник во ситуацијава, меѓутоа без разлика на тоа генерално сојузниците на САД бајаги ослабуваат.
Ниту една членка на НАТО нема да биде нападната од Русија така што источното крило им е мирно.

Оружје и муниција даваат да, но сепак се додека гинат Руси (и Украинци) не е битно.

Сакам да кажам дека ова можеше да биде завршено до сега и ЕУ веќе да моли за гас а сега имаат големо подигање на моралот и ќе го засилат дотокот на оружје, муниција у уште побитно гориво.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Ниту една членка на НАТО нема да биде нападната од Русија така што источното крило им е мирно.

Оружје и муниција даваат да, но сепак се додека гинат Руси (и Украинци) не е битно.

Сакам да кажам дека ова можеше да биде завршено до сега и ЕУ веќе да моли за гас а сега имаат големо подигање на моралот и ќе го засилат дотокот на оружје, муниција у уште побитно гориво.
Колку само површно размислување. Ако е така тешко дека некој ќе употреби нуклеарки, ама сепак ги имаат. Немора да одиш многу назад, отиди во времето на студената војна. Што мислиш која била можноста да се нападне некоја членка од блоковите? Но сепак имало трка за вооружување и слични глупости.

Вооружувањето на границата со непријателот ти дава стратешка и тактичка предност. Зошто куровми НАТО одлучи дека најмалку 100К војска треба да пратат во тоа исто источно крило кое нема да биде нападнато?

И дали можеше или не можеше да биде завршено до сега, тоа е прашање на план. Дали сакаа Русите да биде завршено до сега, дали го планираа тоа. одговорот е НЕ. Русија има вклалкулирано влезено во долг конфликт. За тоа говорат многу индикации. Припремата на економијата за страшни санкции., рестартот на фабриките за муниција и оружје, билатералните договори за соработка со стратешки важните земји. Буквално во Украина се истура артилеријата, без никакви знаци на запирање веќе 6-7 месеци. Војската се штеди, колку што се може нели. И нема никакви амбиции за напредок иако кај војската има еуфорија и желба да се напредува.

Значи планирана е долга војна. А зошто е тоа така, можеме да претпоставиме, ама и не е толку тешко. Замисли да го завземеа Киев за 5 дена како што викаш. Што ќе се случеше? Азов и Прави Сектор тек така ќе се предадеа? Тогаш Европа и САД ќе финансираа герилска војна, која реално ќе беше ефтина за нив и нема да се замараа со испраќање на артилериска муниција или софистицирани Химарси. Источниот блок на НАТО ќе си го задржеше вооружувањето, и генерално све ќе беше исто, а Русите ќе имаа само главоболка. Вака имаат главоболка западњациве кои пошто премногу инвестираа, не можат тек така да кренат раце и се навлечени на бајаги поголеми влогови.
Автоматски споено мислење:

Ок легитимна тактика, ако може само неколку контра прашања:

  1. Како оваа тактика за исцрпување на НАТО силите и ЕУ економијата ги спречува да ги вооружаат мобилизираните од Доњетск, Луганск како и доброволците од Русија. Дека моментално 90% од опремата им е од запленета Украинска опрема, складишта од Советскиот Сојуз, купена од граѓански организации и донации од "пријателски региони" како Крим.

  2. Зошто би ги исцрпувал ( и со тоа би ја водел војната) на територии каде што локалното население е пријателски настроено кон тебе како Југот и Истокот наместо да ги исцрпуваш во Северна и Западна Украина каде што воопшто не ни треба да ти биде гајле каде бомбардираш а и се далеку по рурални регионите. Ова што го прават е како да се повлечеш од Арачиново за да се бориш во Ченто. Зошто кога можеш Арачиново до земја да го срамниш и да не ти биде гајле.

  3. Како исцрпувањето на НАТО ги спречува најдобро опремените единици на Руската Армија да не можат да заземат град на 40 километри од граница по
    автопат и месец дена силите да им бидат демонтирани пред да се повлечат. Ете Харков е голем град не може со толку малку сили да биде заобиколен а и добро бранет бил. А Суми колкав град е?


    Прегледај го приврзокот 344558

    Ај и суми им е голем, а Лопан и тој им е изгледа голем и далеку е многу па не можат да го бранат:

    Прегледај го приврзокот 344559

  4. Флотата ај нема ни што да се дискутира, ниту пак може да се очекува многу кога не ни вложиле пари. А авијацијата што прави? 6 месеци во конфликт
    не можат своја граница да поминат. А и немаат ни оружје да гаѓаат ниту од својата граница. 6 месеци гаѓаат минорни цели со калибри и искандери зошто авијацијата не само што не може да бомбардира ништо туку и сопствените аеродром им ги бомбардираат.

Јас мислам најдобро е сега да се повлечат да ги консолиридираат линиите околу Белгрород, Курск и Брајанск и да се спротистават таму на Украинците дека сепак е пријателска територија. А ако можат и таму дека е доста далеку и логистиката е проблем. Кај Минск и Воронеж 100% ги имаат.
Комедии, чиста саботажа од военото и политичко раководство.

Ако не е саботажа тогаш е криминална неодговорност и корупција поради која армијата не била спремна после 8 години да води војна. Во секој случај се знае што е казната, конфискација на цел имот и цела фамилија во први редови во казнени бригади да чистат мински полиња. Па следниот кога ќе помисли да краде пари од буџетот за војската и следниот кога ќе дозволува лоши дизајни да бидат внесувани како дел од стандардна опрема два пати ќе се размисли што ќе прави.


Да не ни почнувам како во периодот 2015 - 2018/19, после потпишувањето на договорите во Минск. Целото раководство како политичко така и воено на ДНР и ЛНР од перидот 2014 кое немаше пребегнато во Русија беше цел на атентати и сите ги испоубија. Слична ситуација беше и во Украина каде што про-руските политичари и јавни личности сите ги испоубија и испозатворија. Во истиот период не само што тука Руските тајни служби не го спречија, туку и самите они не убија ниту еден Украинец.

Истото е и сега. Сите градоначалници и политички личности на Украина се живи и здрави, додека Русите од Украина кои се одважија да бидат претставници на Русија, лево и десно украинците ги убиваат како муви. Е тоа е чисто предавство. А сега со повлекувањето од Харков ги оставија и локалците на милост и немилост.
Боро, ти си еден од поинтелегентните на форумов, треба подлабоко да размислуваш. Може и си во право, неможам и јас да сум сигурен во тоа. Ама неможам да мислам дека Русија да даде таков влог и да крене раце заради некомпетентност. Тоа е малце веројатно. Има горе и доле во една војна тоа е нормално, нека не те фаќа еуфорија. Нека поминат две три недели и ќе збориме пак. Малце ќе бидат појасни работите.
 
Последно уредено:

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.407
Колку само површно размислување. Ако е така тешко дека некој ќе употреби нуклеарки, ама сепак ги имаат. Немора да одиш многу назад, отиди во времето на студената војна. Што мислиш која била можноста да се нападне некоја членка од блоковите? Но сепак имало трка за вооружување и слични глупости.

Вооружувањето на границата со непријателот ти дава стратешка и тактичка предност. Зошто куровми НАТО одлучи дека најмалку 100К војска треба да пратат во тоа исто источно крило кое нема да биде нападнато?

И дали можеше или не можеше да биде завршено до сега, тоа е прашање на план. Дали сакаа Русите да биде завршено до сега, дали го планираа тоа. одговорот е НЕ. Русија има вклалкулирано влезено во долг конфликт. За тоа говорат многу индикации. Припремата на економијата за страшни санкции., рестартот на фабриките за муниција и оружје, билатералните договори за соработка со стратешки важните земји. Буквално во Украина се истура артилеријата, без никакви знаци на запирање веќе 6-7 месеци. Војската се штеди, колку што се може нели. И нема никакви амбиции за напредок иако кај војската има еуфорија и желба да се напредува.

Значи планирана е долга војна. А зошто е тоа така, можеме да претпоставиме, ама и не е толку тешко. Замисли да го завземеа Киев за 5 дена како што викаш. Што ќе се случеше? Азов и Прави Сектор тек така ќе се предадеа? Тогаш Европа и САД ќе финансираа герилска војна, која реално ќе беше ефтина за нив и нема да се замараа со испраќање на артилериска муниција или софистицирани Химарси. Источниот блок на НАТО ќе си го задржеше вооружувањето, и генерално све ќе беше исто, а Русите ќе имаа само главоболка. Вака имаат главоболка западњациве кои пошто премногу инвестираа, не можат тек така да кренат раце и се навлечени на бајаги поголеми влогови.

Ајде ќе видиме.

Уште една ваква офанзива да изведат Украинците (па и повторно со свои големи жртви) ќе биде интересно какво ќе е расположението и кај војската и кај народот.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Ајде ќе видиме.

Уште една ваква офанзива да изведат Украинците (па и повторно со свои големи жртви) ќе биде интересно какво ќе е расположението и кај војската и кај народот.
Чекав да го средиш постот па да одговорам.

Генерално кажав и јас, офанзивава успешно одекна и го доби посакуваниот политички моментум. Живна опозицијата во Русија и либералните куртони демек пацифисти и националистите кои сакаат општа војна. А богами и западот се осоколи, па слушнавме изјави и од официјални лица да се оди на Москва :)

Направи промена во перцепцијата, Но за да има ваков начин на војување некакви стратешки придобивки треба ова да се случи пак и пак во блиски временски интервали,ако остане на ова ќе значи само скапа офанзива и дополнително дисперзирање на силите на граница со Русија. Таа територија нели треба да се брани. Или пак со комбинирани вакви акции да се завземе Керсон, што вистински ќе им зададе главоболки на Русите.

Иначе со оглед на ситуацијата во која се наоѓаат ова беше единствениот рецепт за прикажување за некаков си брз успех. Според мене доста паметен потег на Русија што се повлече, зборам од воен аспект. Тој регион за моменталните дејства и со моменталните ресурси претставува терет. Уште одма вчера го потсетија Русите светот и локалното население, дека се способни за многу повеќе и така малку го амортизираа пр ударот.

и да, ќе видиме што ќе се дешава понатаму, јас останувам оптимист во однос на Русија. Според мене, до сега им оди според планираното.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.156
Поени од реакции
3.389
Еве видео демек е од централата во Харков, има првична ексползија, па помоќна со голем ударен бран, некој позапознаен да објасни, ни Твитер експертите немаат некое објаснување.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom