PIRATIC
diplomiran klozetar
- Член од
- 26 јануари 2012
- Мислења
- 7.854
- Поени од реакции
- 6.495
И оваа тема читам веќе заминала во сатанизам, масони, илуминати, рептили, ционизам, хазари, кабала, ротшилд, рокфелер... Па нормално е да од секогаш имало, има и ќе има соработка помеѓу светските елити, тоа не е ништо чудно, туку сосема возможно, очекувано и реално, ставете се и вие на нивно место, ќе го правите истото што го прават и они, се со цел зачувување на своето влијание, моќ, богатство и.т.н. Монархиите биле зло, не чинеле, еве гледаме на дело ние Балканските народи и воопшто цела источна Европа која ги уништи монархиите и протера монарсите до кај догуравме, до кој социо-економски и културен степен т.е. колапс и уназадување со оние тоталитарни системи кои ја заменија монархијата во минатиот век Само напред терајте и фурајте со социјализмот и национал-социјализмот че не биде !