Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
13 април 2021
Мислења
3.480
Поени од реакции
11.387
Значи не се можни луѓето што се дома и во недела сабајле во 06-07ч се занимаваат со било што, само за да бидат слушнати дека се дома и дека се вредни и работливи.
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.558
Поени од реакции
3.350
Пробувам да го сватам светот..одам позади него...му дишам у врат...:coffee:
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
2.031
Сметаат и оние што вреват и тропаат цел ден.
Бам бум рано сабајле, попладне и доцно навечер без осет.И оние со зурли и тапани за венчавка.
Луѓе треба да учат, да работат и да спијат.Но, некои господа и госпоѓи се оперирани од осет.
За вакви треба престрог закон.Сè да им се одземе.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.480
Поени од реакции
11.387
Ја немам ништо против некој да работи, да си средува по дома, ама барем да биде доволно разумен и да размисли кога е погодно време за тоа. Не дека сум некоја спанка голема, ама моторна пила, чекан, и што ти уште не, во 06.30, 07.30, па макар и 08.30 за ВИКЕНД веќе е на граница со бесрамно непочитување на другите и некултура.

За инат, пуштив AC/DC на макс и уживав во утринското кафе

 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.516
Поени од реакции
8.226
Со моето скромно 1 годишно вегетаријанско искуство морам да се вклучам и да го проширам муабетот. Сепак, порано или подоцна пак ќе се вратам на тоа, секако кога и нашава средина ќе качи некој левел и во тој поглед.

Проблемот со Македонија е што луѓето не се свесни дека различностите се ок и тие се основ за раст и развој на секоја индивидуа и општество. Не сакам да звучам ептен европски и либерално ама во овој поглед така си е. Луѓето едноставно немаат доволна свест дека постои нешто што се вика приватност и право на лично уверување и убедување.
Ретко кој има респект за твојата приватност и за твоите размислувања и животни одлуки.

Моментот кога одлучуваш дека си вегетаријанец, па и интроверт, рачунај дека тебе ти е ставен Х дека си freak и терсене. Им ја гледаш реакцијата и тој сељачки етикетирачки поглед у тоа не-еманципираната фаца. What, you think you’re better than me?
Во развиени држави тоа е сведено на “Oh, ok…“ или “How is that going“ и преминувате на друга тема. Ок, освен ако тоа не е директна и блатантна провокација. Овде у вукојебинава тоа мора да е натегање, етикетирање и осуда.

Што и да направиш кај себе за своја среќа и добробит, ако е револуционерно и радикално како на пример постанување веган или станување рано или медитација, одма 50 бранови на токсичен македонски менталитет (некои би рекле дека тоа се гласовите на Ѓаволот) со хејтање и пикање нос кај што не треба.
НИКОГАШ, НИЕДНАШ не биле стимулирачки коментари со поткрепа и поддршка во твојата одлука која тебе ќе те подобри во тој поглед.

Во однос на тоа, пошо сега сме во ете таа фаза од животот. Со девојка ми сме заедно 10+ години, верујте дека сум многу блиску до шамарање на секој без оглед на близина што ќе даде коментар “Ајде бе, шо чекаш, време ти е за женачка”. Хк пу со сочна плунка како Бивис и Батхед играта на времето од кров што плукаа.

1) Каква е таа основна некултура и пикање нос у приватни теми да го поставиш тоа прашање. Па не мора до толку да праиш small talk, се да ти ебам што ти мрда по двор. И тоа од човек што се жени после 3-4 месечна врска со девојче што е 10 години помало од него. Нит живееле нит седеле заедно. Едвај се знаат. Или луѓе што премиса у животот им е “следната со намера ќе ја затруднам”. Дури и тогаш, јас сум бил као, ок, ако е тоа твоја лична одлука, најдоброто нешто што можам ја да го направам е да те поддржам, колку и да не се согласувам со тоа. Пошо секако ти самиот за себе знаеш многу повеќе за твојата ситуација и размислување отколку јас. Секогаш сум бил искрен и supportive без оглед на се. Ама никогаш не сум бил “глас на ѓаволот” и да одвраќам некој од нешто и да го пунам со хејтерско неконструктивно несогласување.

2) Замисли сеа некој у оваа закоравена средина да каже - “бракот е перверзна институционализација на љубовта меѓу маж и жена” и да излезе и да каже дека смета оти неговиот живот со партнерката ќе биде боље ако не стапат во брак, имаат деца и оформат фамилија. Нешто налик Пике и Шакира. Тоа е непоимливо за вукојебинскиот медиокритетен мозок.

3) Стапуваш во брак, ама свадба да не правиш. Ерес, харам во оваа клошарска средина. Какви се овие фрикови на природата, да не праат свадба?

4) Замисли седат двајца “еманципирани, едуцирани и морални индивидуи” и едниот му вика на другиот “Ајде бе, време ви е, кога ќе праите свадба”. Така директно и ноншалантно. Ја верувам дека 90% од тие случаеви нема да комуницираат после таков муабет до крај на живот. Invasion of privacy level 500. Наместо такви ГЛУПИ муабети, еманципираниот свет ќе те праша - „Кои се твоите/вашите ставови околу бракот како институција” или да се потруди барем да ја дознае твојата позиција наместо дифолтно адаптирајќи го матриксот на хордата. Ама ние, за жал сме заглавени во еден сељачки и провинциски мајндсет каде што се што не е матрикс и мејнстрим веднаш се отфрла и етикетира.

Да не почињам со темата посетување на психолог или психијатар. Жално е да се слуша како се дотепува човек кој не е присутен на маса и се деградира пошто има психички проблем и потешкотија и тоа го слушаат луѓе кои апсолутно тоа не треба да го знаат. Да слушаш како единствениот другар кој знае дека другиот има проблеми и го таста пред други е најпоразително нешто на кое можеш да присуствуваш. Жално.

Друга работа, ноншалантно прашување за твоите финансиски примања. Секој знае за секого колку плата зема. Секој си го прашува тоа прашање и си е отворен да ја споделува својата плата во обид за учество во натпревар наречен “ирационално куромерие”. Тоа е стожер на твојата приватност.
Најмизерно нешто во светот е да слушаш ниско и социопатско дичење за тоа дека некој зема blown put of proportion плата (дуплирани цифри ради куромерие). Упте подолно е да гледаш како некој си лечи комплекси пошто бил сиромав цел живот. It‘s everywhere.

Македончето, вечито со уста побрза од мозок. Вечито со куромерачки менталитет и интенција за поставување на сопки и константно оговарање и етикетирање. -
Сите пуни себе и сите само за себе зборуваат, можат комотно 3 саатна седенка у кафана или на кафе да ја направат во cringe монолог за детаљите од својот живот. Само јас, јас, јас.

Седнете со некого во кафеана и слушајте, не зборувајте. Ако целата седенка, тие што седат со вас ни еднаш не ве прашаат “како сте” или “што праите” или “што има ново” или барем тронка интерес за вас, туку зборат само и само за себе, станете си, кажете чао и комотно избришете ги од вашиот живот. Такви луѓе не ви се потребни. Токсични орки кои ви го трошат времето и едноставно не ви се потребни.

2022 а сеуште еден тон ствари се табу во вукојебинава. Поразително скроз. И да, табуата кај нас се доста хардкор. Веќе не е ни табу, него некое ново комбо од табу и дискриминација.
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2021
Мислења
3.480
Поени од реакции
11.387
The irony.
Вегетаријанците се жалат колку е тешко да си вегетаријанец, заради притисокот што го трпат од околината. Последниве мислења само од вегетаријанци како зборат лошо за карнивори. Не, дефинтивно ви е тешко многу заради тоа што народот во Македонија не е способен да прифаќа различности па имате потреба цели постови да посветувате на тоа што јадете и да се правдате зошто, од кои причини, како итн.

Јадете тоа што сакате, кога сакате, како сакате. Секој има право на тоа и никој нема право да му суди. Само немојте со вавкви срцепарателни постови и беспотребно драматизирање.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.540
Поени од реакции
29.107
1662362664898.png


Замисли што би било доколку карнивори блокираа пристап до продукти за вегани. Абе фино лепо идеш у месара и ги маваш со најефтината салама, јер повеќе и не заслужуваат.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин


Види ја првата, љиљакова фризура, поранешна емо девојка израсната со Токио хотел, моментален слушач на Манескин, пие бело вино од пластична туба и пуши Вест црвено.

Втората, девојка несфатена од околината, интроверт, комшиите сеуште не и го знаат името, фура фризура од 1980та како Ипче Ахмедовски, слушач на Морисеј, омилен режисер и е Вуди Ален. Во слободно време црта глупи цртежи и става 40 сториња на ден од јапонски анимеа и слични безвезни видеа, нешто природа планини мориња ау.

Третата, глупо дете, правник, работи како некој курац у приватна ИТ компанија. Дрска и безобразна. Се ебе како луда и на сите им вика не кажувај на другите. Обично е тивка освен кога ќе наидат на тема веганизам. Тука е најпаметна.

Четвртата, тврдокорна лезбејка, мушкаданка, глупача. Не гледа филмови, во секој муабет замара луѓе што не се вегани, идиотка, немажена, нема девојка, сака да лиже млади и сеуште неоформени девојки. Феминистка. Прва се вакцинирала против корона.

Последната, фризерка, не знае зошто е тука. Во слободно време скришно јаде кашкавал и се тови со чоколади. Фина девојка, сеуште во потрага по среќата наречена брак со копач и раѓање на три деца во рок од 4 години.

edit. Втората и третата пушат од тие пенкалата наречени цигари Ајкос.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom