Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Николовски немаше повреда. Зошто го извади само он знае.
 
Шо газите бе сендвичи, па на сите му е јасно поради борчот и година, две останвате 2 лига
Уште се надевате како лани до последно да ве лажат еден куп, слободни играчи пропуштивте пола тим го пуштивте (фичо вожи бега во кобкирент) па со Пато и Вецко се надевате на влез, бог да чува а најлесен распоред имате есенва прочитана книга сте ги одвојваш Јовче, Симе и толку од вас!

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 
Воска денес ја уби Саса буквално 3-0 на полувреме и две стативи.Емини е доктор за оваа лига плус ја имаат целата подршка од ффм.

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk
 
Шо газите бе сендвичи, па на сите му е јасно поради борчот и година, две останвате 2 лига
Уште се надевате како лани до последно да ве лажат еден куп, слободни играчи пропуштивте пола тим го пуштивте (фичо вожи бега во кобкирент) па со Пато и Вецко се надевате на влез, бог да чува а најлесен распоред имате есенва прочитана книга сте ги одвојваш Јовче, Симе и толку од вас!

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
Гледај си го дворот опинок смрдиш до тука.
 
Претпоставував дека ќе кикснеме денеска, со сите што зборев викав нерешено ќе заврши.
Како што констатирав претходно, немаме екипа за да доминираме. едноставно нападот е чиста нула, да не беше изнудениот пенал, немавме ниту една посериозна шанса.
Можам да го додадам оној влез од десна страна на Јовче при крајот, кога ја сврте до Величковски, ама овој биеше лошо.
Тоа е тоа, бркаш победа и како резервен напаѓач имаш 17 годишен дечко со 0 искуство.

И тој Ристовски врска нема, џабе го форсиравте дека бил јак штопер. Да не е Мишко во одбрана, никој нема да тепаме.

Не прегазија Плачковица и во прво полувреме, иако водевме.
На 0-0 имаа две чисти шанси Еден корнер, по кој ги натскокаа нашите дефанзивци и топката мина крај статива, покрај немоќниот Гача.
Потоа имаа добро уфрлување по крило, нафрлена брза топка по земја, за влакно со клизач не ни ја турнаа во гол.
Гача во второ полувреме исто одбрани еден јак удар.
Истрчаа 10 пати повеќе од нас, тоа е тоа што го зборам за мотивацијата на нашите примадони.
Десниќ денес беше циркузант, очајно фали Демир, а богами и Шиле.

Какво само голче ни акнаа. Па тој сељандерот зема кур ни покажува, тотално непотребно, до тој момент натпреварот се одвиваше во пријателска атмосфера, без никакви провокации.

Многу работа има во овој тим, ама изгледа амбиции нема. Се знае како се решаваат овие утакмици.

Тешко гостување беше, никој нема да се наигра со нив.
 
Ако не сум грешка, Каланоски би требало да паузира 2 месеци доколку потпише затоа што веќе има направено трансфер во овој преоден рок. Ист случај како Ристески Моцарт лани...
risteski mislam pauzirase deka dogovorot so renova go raskina tek posle zavrsuvanjeto na transfer periodot.
 
Прв пат ги гледав вчера сезонава, лоша игра и никаква мотивација. Заслужено ни скинаа бодови, многу помотивирани, не наттрчаа целосно и беа многу поконкретни. Она што го двоевме како најголем проблем пред почеток на сезонава испадна точно, нападот е лош и неконкретен, во средина фали креативност и некако немаме избалансиран тим.
Христов и Десниќ постојано менуваа позиции на шпиц/крило, Десниќ беше прилично лош, а Христов, иако се гледа дека има повеќе фудбал во него, беше премногу спор со топка, се вртеше во круг и на крај ја враќаше назад или ја губеше. Глишиќ еден куп топки ги пушти буквално во празно, каде ни еден наш играч воопшто не правеше втрчување. Средниот ред мноогу млитав и спор, кај Мицевски се гледа дека има фудбал и беше ваљда единствениот кој прогресираше со топка и со подавања према напред, ама во формацијава ми е премногу лимитиран непотребно. Јусуфи, ниту пак Јаневски, не ми се за класични 10ки како што ги игра Грне, и подобро би било да му се даде на Панта малку поголема слобода со еден од овие двајца и Вецески/Блажевски како задњи везни, затоа што нема поента да форсираме 4-2-3-1 кога немаме ниту една 10-ка во тимов. Попзлатанов веројатно беше најконкретен од напаѓачите, а и најборбен на терен, ќе се согласам за Демир, фали неговото присуство, ќе внесе малку живост и борбеност во играта.
Да се надополнам за поставеноста и формацијата, критика и за Грне, затоа што цело прво полувреме се бутавме непотребно на лева страна, Мицевски движеше таму, Христов и Десниќ се дуплираа, во 16-ник недостасуваше присуство на некој од нив двајца, Јусуфи исто движеше претежно према лево, а десно Попзлатанов немаше никаква помош и многу малку го активираа. И за крај, онаков аматерски гол и поклон не смееме да си дозволуваме, поготово не на вакви гостувања/натпревари, кога знаеме дека нападот ни е стерилен и дека претешко после ќе се вратиме во игра. Патем, Глишиќ и Ристески важат за „поискусните“ во тимов, со прволигашко искуство. :) И дефинитивно Мишковски ни е најдобриот играч и лидер во одбраната.
 
Се иде од крајност у крајност па сега и шуто и рогато се јавува да пљукне по Вардар. Не е трагичен нерешениот резултат вчера, трагично е на каков начин дојде до истиот, со онаков гол кој се прима еднаш у ХХ утакмици, и што наивно дојдовме у таква ситуација.Секако ние не можеме да имаме 30 победи сезонава без кикс. Едно тешко гостување поминавме, второто не, иако не е пораз. Нив ги носеше публика, играа над нивните максимални можности, а ние уопште не бевме ни лоши, уште помалку срамни како што сака да се представи. Малку повеќе концентрација во таа 75 минута и утакмицата ќе беше пресликана со Арсими, ќе лапневме 3 бода и Гордост Македонска ќе пишуваа хвалоспеви као да сме Реал Мадрид и како ќе се прошетаме низ лигава, играчите херои, Гача мангуп, овој мангуп оној мангуп и така натака...Поголем проблем тука е што имаме лесен распоред и со овие 9 бода и потенцијалните 9 наредни кои се очекуваа (Борец, Локомотива, Караорман) ќе не вивнеа на прво место со осетлива предност. Вака ќе бидеме пак тука при врвот до 10 коло, можеби и први но не со таква разлика која можеше да биде после вчерашната евентуална победа. Бени Демир најверојатно ќе треба да го заборавиме, и најверојатно ништо од неговото играње у Вардар. Жоглев од Тетекс деновиве ќе биде представен, одреден период тренира со Вардар, а можно е ангажирање на уште еден напаѓач во текот на овие 2 дена
 
Не сме одиграле лошо? Одигравме како и секоја текма на гости од минатата сезона, пичкарски. Панта и Глишиќ лазат по терен. У Чегране не спаси Гача иначе и таму ништо не игравме, посебно у второ. Упатен си добро у работите, па кажи му на Слободан пак да им помага на ФК Скопје.
 
Па тоа го кажувам и јас, не одигравме лошо, одигравме стандардно за наши услови, како што беше и со Воска кога ја тепавме у гости, и со Арсими, и вчера. Да останеше 0-1 а многу блиску беше никој немаше да спомне лоша игра, туку земавме 3 бода и бегај идеме следна....

Инаку за ова со Скопје ако мислиш на Бени, требаше они да знаат со кого си фаќаат работа тоа едно, а второ не е ни само до нас, има нешто и до самиот играч и луѓето блиски до него...
 
Се иде од крајност у крајност па сега и шуто и рогато се јавува да пљукне по Вардар. Не е трагичен нерешениот резултат вчера, трагично е на каков начин дојде до истиот, со онаков гол кој се прима еднаш у ХХ утакмици, и што наивно дојдовме у таква ситуација.

Ако мислиш на коментарите по фејсбук и остали социјални мрежи, од луѓе кои не се воопшто или се многу малку упатени во ситуацијата, воопшто не би ги земал во предвид и дури би ги затворил официјалните страни за коментари, затоа што срам ме фаќа кога читам :)
За критиките и коментарите тука, истите се апсолутно валидни, и се баш ради тоа што го имаш опфатено. Далеку е од трагичен резултатот, ниту пак играта е нешто ново и невообичаено лошо, ама баш тоа е проблемот, и баш ради тоа јас искритикував тука, и досаѓав пред почеток на сезоната, затоа што јасно беше дека со овој состав, ваква слика ќе не чека на повеќето натпревари. Не е страшно, не е трагично, пак сме меѓу најдобрите во лигата и конкуренти за влез, ама пак си ги комплицираме работите и го доведуваме пласманот во прва лига под знак прашалник, ако лани беше направен кикс, прва сезона, многу промени, смена на тренери, раководни структури, па се зема и тоа во предвид, годинава оправдувања апсолутно нема.
Тешко беше да се помириме дека ќе го гледаме Вардар во втора лига, уште потешко ќе е да се помириме дека Вардар ќе биде второлигашка екипа и неколку сезони ќе се мачи за влез во Прва лига, кога сите очекуваа и се надеваа на експресно враќање.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom