Сабота 03-09-2022г. 16:05ч
Во автобус 65-ка кај Народна Банка се качуваат патници,меѓу кој и еден албанец ,25-28 години тука негде ,со женска му/ сестра (не знам, а и не е ни битно каква врска имаат со следното),
Стојат на врата додека на првите седишта седат млади тинејџери - машко и девојче , од 16-18 да беа ,најверојатно другари, си прават муабет, по зборење како да беа од друг град најверојатно во дом се сместени , тука учат/студираат ...
Нејсе , отпрвин нешто албанецот му прави муабет на детето македонче , мислиш другари се ,
но кога наслушнав што муабет прават , албанецот доближен со главата до детево и му мантра додека го гледа во очи така:
-Зашто ја гледаш бе , што ја гледаш бе , ta qifsha pidhin и други навредливи зборови ,
дечково, малиов ,му вика што ти е бе кој те гледа, ма да од страв повеќе од настанатата ситуација само ќутеше и тоа девојчето до него молчеше исто , да не биде поголем конфликт ,
Албанката што беше со него му кажува остај го детето бе остај го , а овој се повеќе и повеќе станува агресивен и сака да го удри детето, крева рака накај детето.
Додека автобусот застанува на постојка на Бит Пазар - „фраерот“ почнува да се дере како да има лапнато мегафон на детето у фаца и тука пред да излезе - го факја детето за врат со обид да го дави во што веќе реагираа тука од околу да го отргнат и таа женската со него што беше го одвлече надвор , но типот очигледно сакаше да се истури на некого и малиов си доби црвенило на врат и стрес за 1 година траума, а верувам дека на сите во автобус им беше неугодно .
Не е убаво , луѓе ...
тие муабети од пред 15 години беа интересни/трендинг :
-“што ме гледаш“,
-“зашто си го закачал брат ми “ и слично.
Знам дека нема со постов да се смени ништо и таквите како типот ама
ете да се знае КАКО НЕ СЕ ПРАВИ СОЖИВОТ во државава ,for the record. Позз
Прегледај го приврзокот 343747