FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Star Maker (1995)
L'uomo delle stelle


У едно село на Сицилија пред некои 60тина 70 години доаѓа еден лик со тенок брк и камера, кој се претставува дека е од некоеси големо филмско студио од Рим и тука е да снима луѓе што би се пријавиле и би сакале да учествуваат на филм.
И доаѓа раја, се снима, си кажуваат кој што има да си каже, секој си се претставува себеси на различен начин односно на начин за кој мислат дека би ги однел на филм.

Се е ова океј доека не скурчи у еден момент и не заглави у неправењето ништо. Веќе во втората половина работите малце мрднаа од мртва точка кога ќе се дознае дека бркото е преварант.
Потоа при крајот добива и романтично-емотивна разврска и завршува.

Џузепе Торнаторе е режисер. Енио Мориконе е задолжен за музиката.
Мене не ми се свиѓаше скоро па ништо. Мех филм, невпечатлива музика, полуинтересни ситуации, неубави жени, недоволно интересен главен протагонист, не многу интересна приказна.

Поише време е посветено на снимањето на ситуациите односно аудициите, во еден момент помислив дека ова е некој вид трибјут филм за режисерите и кинематографите со оглед на тоа што Торнаторе има работено на слични тематики. (Синема Парадизо, Енио, Баериа)
Ја така го сфатив а можда па и тоа е поентата.

Како и да е, не е нешто уау.

6.5 оценка.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Италија
#32. La Grande Belleza (2013)

Дојде време и на филмов што отсекогаш сум го мешал со La migliore offerta на Торнаторе. Не знам зошто.
Првите 15-20 минути од филмов се толку неповрзани, конфузни и грубо нафрлани сцени што сакав да го исклучам. Гледаме де некои запотени костумисани старци што денсаат на електро музика, де сцена во истото место мексички маријачи, де некои девојки прават стриптиз позади стакло ко во Амстердам, де кинеска група старчиња-туристи низ Рим од кој едниот се онесвестува (или умира). Бееез врска.

Целава ‘журка’ уствари да ти била роденденска забава на Џеп, 65 годишен новинар што одлучува по роденденот да прави што сака во животов и цел филм само муабети со пријателите или има апсурдни журки.

Најинтересни сцени беа при интервјуто со уметницана што гола се улетуваше со глава во ѕид и кога Џеп ја раскринка госпожата што цело време се фалеше како на неа животот и течел ко подмачкано додека сите околу неа знаеја дека тоа е фарса.

Позитивна ствар покрај овие 2 сцени е и кинематографијата и толку. Поприлично плиток филм што Сорентино не го осмислил добро и при гледање цркаш од досада наместо да уживаш како во The Hand of God.

Не препорачувам и не знам како го зел Оскарот пред еден феноменален Мадс Микелсен во данскиот Jagten.
Оцена 2/5.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Duck, You Sucker! (1971)
Giù la testa


Уште познат како A Fistful of Dynamite или Once Upon a Time ... the Revolution е вестер драма режирана од најдобриот во својот занает, големиот Серџо Леоне во соработка секако со Енио Мориконе.

Мексиканската револуција предводена од Панчо Виља и Емилијано Запата наголемо се рока низ Мексико, у близина на границата еден локален арамија по име Хуан Миранда заедно со своето семејство ограбува локални богаташи кои поминуваат со кочии, и возови.
Сосема случајно, во непријателска прилика се запознава со еден ирец, член на тамошната ИРА, експерт за експлозиви и во него гледа идеална прилика за да си го оствари сонот наречен ограбување на националната банка Меса Верде. Ви звучи познато имево? Брејкинг Бед и Бетр кол Сол.

Во едно, што би се рекло повуци-потегни сценарио двајцата разбојници ги здружуваат силите и покрај нападот на банката остануваат замешани, на крај ќе испаднат и херои, во мексиканската револуција.

Јак филм, рамо до рамо со долар трилогијата, Серџо си го разбира занаетот. Опасно комбо се со Мориконе.
Род Стајгер и Џејмс Корбин се главни актери. Првиов е многу јак. Полусмотан бандит, многу јако одглуми.

А и филмов има доста смешни моменти, хумор од оние класични хехенца. Музиката топ.

8/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
38. La leggenda del pianista sull'oceano / The Legend of 1900 (1998)

1662059592045.png

All that city...
You just couldn't see an end to it.
The end! Please, could you show me where it ends?
It was all very fine on that gangway and I was grand, too, in my overcoat. I cut quite a figure and I had no doubts about getting off. Guaranteed.
That wasn't a problem. It wasn't what I saw that stopped me, Max. .
It was what I didn't see.
Can you understand that?
What I didn't see.
In all that sprawling city, there was everything except an end.
There was everything.
But there wasn't an end.
What I couldn't see was where all that came to an end.
The end of the world.
Take a piano. The keys begin, the keys end. You know there are 88 of them and no-one can tell you differently.
They are not infinite, you are infinite.
And on those 88 keys the music that you can make is infinite.
I like that. That I can live by.
But you get me up on that gangway and roll out a keyboard with millions of keys, and that's the truth, there's no end to them, that keyboard is infinite. But if that keyboard is infinite there's no music you can play.
You're sitting on the wrong bench. That's God's piano.
Christ, did you see the streets?
There were thousands of them!
How do you choose just one? One woman, one house, one piece of land to call your own, one landscape to look at, one way to die.

All that world weighing down on you without you knowing where it ends.
Aren't you scared of just breaking apart just thinking about it, the enormity of living in it?
I was born on this ship.
The world passed me by, but two thousand people at a time.
And there were wishes here, but never more than could fit on a ship, between prow and stern.
You played out your happiness on a piano that was not infinite.
I learned to live that way.
Land is a ship too big for me. It's a woman too beautiful. It's a voyage too long. Perfume too strong. It's music I don't know how to make.
I can't get off this ship.
At best, I can step off my life.
After all, it's as though I never existed.
You're the exception, Max.
You're the only one who knows that I'm here.
You're a minority.
You'd better get used to it.

Forgive me, my friend.
But I'm not getting off.

Р Е М Е К Д Е Л О ! Исто колку и малечката новела / монолог на Барико! 10/10 :cuc:
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
170
Поени од реакции
776
И Серџо Леоне му рекол на Кјубрик, не може, мој е. :D
Па уште и со ќутенката. Би го убила, сместа, а тие остануваат блиски соработници до последно. Му се наѕираше тагата, а не кажа ни збор настрана. Уствари помеѓу дешавката и изјавата стои еден живот ама на вакво злопамтило му е фасцинантен концептот на простување. :icon_mrgr: Се восхитувам на толку нормални луѓе. Со огромен жар посветен на она што го работи, а работи со скромност и ненаметливост. Откако го изгледав не прекинав да ја слушам музикава и благодарение на Мориконе+Торнаторе стигнав до овој генијален филм на Елио Петри
Investigation of a Citizen Above Suspicion / Indagine su un cittadino al di sopra di ogni sospetto (1970)
Не знаев ништо повеќе од она што се спомнува во Ennio, дека е убиена е нечија љубовница. Во меѓувреме заборавив од кого, кога, каде. Не е никаков спојлер и да се знае, впрочем се открива во првите минути ама тоа што не ја знаев содржина ме лиши од било какви очекувања и претпоставки во која насока ќе се развива дејството. Мислам дека тоа беше клучно зошто го доживеав на овој начин.
Татко ми уживаше во шпагетите на Леоне ама тоа беше толку одамна што не памтам ништо освен шеширот на Иствуд. Дел сигурно го знаете Џан Марија Волонте од таму. Се чувствувам како падната од друга планета што дури некни открив вакво актериште. Мама миа, ова беше час по глума. Изведбата нема слабо место. Подеднакво е силен и во театралноста како надмен, авторитарен силеџија и како несигурен, плашлив човек. Кафкијански игра со надреализмот и се потсмева на инфантилните чиновници. 9/10

The Eclipse / L’Eclisse (1962)
Хаосот наспроти празнотијата, совршените кадри и естетика на Антониони, неговата муза во спој со францускиот Адонис. Тоа е целата убавина на Помрачување. Кога ќе го споредам со la notte, скоро да не ми остави белег. 6/10

Marriage Italian Style / Matrimonio all'italiana (1964)
matrimonioallitaliana.jpg
Што е ова патување без омилениот ми глумечки пар? Divorce / Marriage ми се изгледани мал милион пати и можеби некогаш ќе ми здосадат ама тој ден сѐ уште не дошол. Ретко што друго ме расположува како појавата на Мастројани со легендарниот мустаќ и оваа лепотица која тука го носи и него на плеќи. Крајот, леле, го мразааам крајот. Но, сакам сѐ до него. :love: 7/10

p.s. Испадна дека Christ Stopped at Eboli трае три саати и 40 минути ама мојата надеж дека ќе го изгледам до утревечер не умира.
 
Последно уредено:
Член од
31 август 2021
Мислења
18
Поени од реакции
13
Моето патување во Италија започна од островот Сицилија, таму ја видов Малена по не знам кој пат, па од таму се упатив кон главниот град Рим (Рома) каде што ја запознав модерната Римска култура и се смеев на една премногу интересна и убава комедија, за на крај се паркирам во преубавата Тоскана и го гледам преубавиот филм на Роберто Бенињи.

MV5BZGViM2E0MjktZTdlNy00Y2M0LThlN2UtZThkZGNlMWIyMmY1XkEyXkFqcGdeQXVyNjQ2MjQ5NzM@._V1_FMjpg_UX1...jpg


Малена
Сите го имаат гледано филмот, тие што се постарите генерации овој филм добро го памтат по прекрасното и заводливо тело на Моника Белучи, а добро знаеме дека
кога се работи за внесување на еротизам и сексипилност, јас би рекол дека Италијанците се мајстори за тоа. Навистина Италија има доста премногу убави филмови
кои можда се и потценети. Оцена за овој спектакуларен и прекрасен филм, 10/10.

MV5BMTY5NDU0Njg0NV5BMl5BanBnXkFtZTcwOTE0ODI5NA@@._V1_.jpg

„Никој не може да ми суди“ (Анг.„Escort in love“) или на италијански „Nessuno mi può giudicare“ е премногу смешна комедија. Аличе е омажена за еден
италијански филантроп кој е премногу богат а исто така во бракот имаат и едно дете. Аличе е толку вообразена и дрска богаташка која нема почитување спрема
нејзините вработени кои не се италијанци. Но сето тоа еден ден ќе се смени кога нејзиниот сопруг ненајдено ќе загине во сообраќајна незгода и ќе и остави на
Аличе голем долг кој треба да го плати за неколку месеци или ќе биде оптужена и ќе треба да лежи в затвор. Поради големите долгови Аличе буквално останува на
улица и единствената помош која и се нуди е од страна на нејзиниот вработен Азиз кој ја носи во своето маало каде што живее и и помага да се засолни во нивната
зграда. Во исто време бара работа, но за да го отплати големиот долг мора да најде работа која ќе и овозможи да го отплати долгот, па затоа се фаќа за најстариот
занает односно станува ескорт девојка. Но поради таквата работа Аличе е принудена да ги лаже своите нови соседи кој премногу и помагаат, а уште повеќе се плетка
во мрежата на лагите кога го запознава младиот и убав Џулиот. Филмот навистина е смешен и интересен, и во слободно време баш Ви го препорачувам да си го гледате.
Моја оцена 8.5/10

517EeC7lo-L._AC_SS450_.jpg
Животот е убав италијански: „La vita è bella“ е италијански хумористичен драмски филм од 1997 година, во режија и со Роберто Бенињи, кој го напиша филмот заедно со Винченцо Керами. Бенињи го игра Гвидо Орефице, еврејски италијански сопственик на книжарница, кој ја користи својата плодна имагинација за да го заштити својот син од ужасите на интернацијата во нацистичкиот концентрационен логор. Филмот беше делумно инспириран од книгата На крајот, го победив Хитлер од Рубино Ромео Салмони и од таткото на Бенињи, кој помина две години во концентрациониот логор Берген-Белсен за време на Втората светска војна.


Оценка: 10/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
Уффф, какво патување низ Италија беше ова! Со дури 6 десетки од 16 филма! И средна оценка 8,25, со што ја помина и Македонија и сега Италија е убедливо на првото место на листата. Ако некого го интересите, вака изгледа листата во овој момент:

1. Italia - 8,25
2. Македонија - 7,70
3. Österreich - 7,04
4. Malta - 7,00
5. España - 6,97
6. Eesti - 6,89
7. Hrvatska - 6,8
8. Norge/Noreg/Norga - 6,69
9. Ελλάδα - 6,52
10. Ísland - 6,33
11. Azǝrbaycan - 6,18
12. Portugal - 6,03
13. Česko - 5,84
14. Україна - 5,33
15. Б'лгарија - 5,14
16. Crna Gora/Црна Гора - 4,93

Во Италија @Filip Telford и @Варвара гледаа по 4 филма со среден (заеднички) просек - 7,56
@Jon The Snow 3 филма со просек - 9,5
@Mark Renton 2 филма со просек - 9,5
јас, @Shawn Spencer и @Agda Beata - по еден филм со среден просек - 8,00

Одиме во една од моите најомилени држави во филмска Европа!

Denmark.jpg

ДАНСКА 03.09-09.09.2022

Само колку за илустрација каде сме: во последниве 12 години само 3 филма не влегле во кратката листа пред номинациите за Оскар, дури 7 филма од тие 12 биле номинирани за Оскар, а 2 имаат освоено Оскар - Hævnen на Сузан Бир во 2010 и Another Round на Винтерберг во 2020. Дополнително уште 2 дански филмови освоиле Оскар - Babettes Gæstebud во 1987 и Pelle Erobreren во 1988.

Од мене: за тие што го немаат гледано, Ordet на Карл Теодор Драјер (еден од основоположниците, т.е. богот на данската кинематографија) - тоа е задолжителна лектира! Dogville на Ларс фон Триер - уште една лектира! Други предлози: A Second Chance, Jagten, Submarino, Another Round, The Guilty, Land of Mine...

Некои листи:
Every Danish fiction film / Alle danske fiktionsfilm
Danish submissions for the Academy Award for Best International Feature Film
A poll of the best movies from Danish cinema - voted for by members of Pure Cinema
Denmark
The Danish Film Institute’s List of Greatest Danish Films (Through 2000)
TSPDT Starting List-Denmark
Best films from Denmark

Nyd dig selv!
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Изгледав јас уште еден италијански, али ме мрзеше да пишам.

Tre uomini e una gamba (1997) - Тројца мажи и нога

Демек комедија, али едвај на неколку места ме насмеа. Ништо посебно.
Оцена 2.5/5
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
Норвешка не заслужува да е таму на листата, како и Македонија.

Едната имаше несреќа да се падне у прво коло, ве фати незагреани а другата ради тоа што е наша.
И достапноста на филмови по нетов има исто влијание.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
The Guilty (2018)

За жал не успеав да изгледам некој италијански филм иако имав симнато неколку, едноставно не најдов време. Од Данска во watchlist ми беа овој и два од Lars von Trier, кои не планирам да ги гледам и да си го расипам расположението во овој период, ќе почекаат подепресивни времиња тие.
Колку тензичен филм, одличен. Не видовме никаква акција со свои очи, ама затоа слушнавме се и тоа само по себе беше доволно да се развие тензија, мистерија и прекрасно да го долови plot twist-от. Одлично одглумено, одлична приказна. Го препорачувам на сите љубители на трилери.
Од мене добива силна 8/10.
Се надевам дека ќе изгледам филм од наредната држава што ми е во watchlist, бидејќи после 4 години во watchlist си добив прилика да го изгледам конечно овој. Мислам дека ќе му дадев повисока оцена доколку филмов не ме потсеќаше на настан од мојот живот каде што сум се почуствувал лошо.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Open Hearts (2002)
Elsker dig for evigt
pelagonia.png
во продолжение, Yes Patagonia, yes, haha. Мало хуморче.

За Данска планирав да праам некои репризи од Винтерберг и Сузан Биер, па и нешто што остана од Ларс Фон Триер ама реков дека на темава ќе гледам да гледам само нови за мене филмови а репризите ќе останат за друг пат. А и за зимоска сакав да остане Данска, сеа слаб сум со време некако.

Отворени срца е ако не се лажам втор Догма филм, режиран од Сузан Биер, еден од најдобрите скандинавски па и европски режисери. Или режисерки ајде, да не ме замараат феминистките. hh
Имам гледано едно 3-4 нејзини филмови и кај сите може да се најде една иста тема на муабет.
Врски, луѓе, нивниот однос у разно разни форми.

Млад пар дечко и девојка се верат, почнуваат да планираат заеднички живот, брак, се што следи понатаму во животот, еве патување у Пелагонија меѓудругото.
Но, дечкото доживува сообраќајна несреќа и комплетно им се менуваат животите и на двајцата. Не знам како поинаку да го објаснам филмов без да го раскажам цел, најубаво си пишува во description-от на имдб.
Доста добар, емотивен, малце тежок, онака баш скандинавски филм. Си имаат нивен печат, на страна ова Догма концептов.

За Мадс Микелсен кажано е веќе се, можеби најдобар европски актер.
И ова дружево е истотака јак актер, иам преку 10 филмови изгледани кајшто глуми.

8/10 оценка.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
39. The Celebration / Festen (1998)

1662471473061.png

Тоа што отсекогаш ме одвраќаше да го гледам овој филм е фактот што е Догме 95 филм (за тие кои не знаат, повелете цела тема од @Filip Telford за движењето: https://forum.kajgana.com/threads/dogme-95-scandinavian-movies.112419/ , а накратко: движење создадено од Томас Винтерберг, режисерот на Festen и Ларс фон Трир, во кое постојат строги критериуми при снимањето на филмовите како: не смее да има реквизити, не смее да има насилство / убиства, не смее да има вештачко светло, додадена музика, дејството мора да е сместено овде и сега, не смее да се шета во минато и иднина, камерата мора да се држи во рака и режисерот не смее да биде спомнат на телопите). Можам да поминам преку се од Догме правилата, ама hand-held камерата толку ми боде очи во секој филм, што едвај ги поднесувам таквите филмови. Тука па и сликата беше grainy што дополнително ја отежнуваше гледливоста, барем за мене.

Ама - ООООО, КАКОВ ФИЛМ! :cuc: Просто, немам зборови! Ова е инаку првото Догме воопшто (иако и самиот Винтерберг признава дека прекршил некои од Догме правилата во филмов). Предобра приказна, искрено не очекував да се случи ништо од тоа што се случи. Баш ме заинтригира да видам дали можеби има уште некој од Догме филмовите налик на овој. Според мене, ова е најдобриот филм на Винтерберг од петте кои сум му ги гледал, подобар и од The Hunt. A must see, препорака за сите!

9/10, морав да намалам една оценка зашто ми се заврте во мозокот од камерата.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
40. Queen of Hearts / Dronningen (2019)

1662492054906.png

Филм кој најлесно се опишува со некој наслов на порнич во стил: „Banging My Stepmother“, „Stepmother Getting Fucked by Lucky Stepson“ или „Let Your Stepmom Take Care of You“. И не, не се спојлери ова, го гледате постерот, for God's sake. Го гледав зашто годината кога го предложија за Оскар го испуштив, а сакав да сменам нешто и да се оддалечам од триото Винтерберг, Триер и Биер. Режисерката е речиси анонимус во данската кинематографија и освен овој има снимено само уште еден долгометражен филм. За тој не знам, овој беше некако празен, dull, фалеше повеќе содржина, делуваше предолг и плус некако поентата ми беше промашена тотално. Ми делуваше ко жена (режисерката) да сака да покаже колку fucked up minds имаат жените. Но храбро, во секој случај! Се мислев за една просек петка, ама заради крајот кој искрено не го очекував и ме остави малку вкочанет - 6/10. Ќе си се вратам јас на сигурна територија за наредниот, бар во тоа сум сигурен.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Land of Mine (2015)
Under sandet


По ослободувањето на Данска од германската окупација на крајот од Втората светска војна, многу германски војници остануваат заробени во Данска. Во договор помеѓу Германија и Данска, германските војници треба да го исчистат целото западно данско приморје од мините кои самите ги имаат поставено.
Група германски војници предводени од еден дански генерал се упатуваат кон плажите кои треба да ги чистат во времетраење од отприлика 3 месеци.

Генералот на почетокот е строг, агресивен, и полн омраза кон нив и тоа отворено им го става до знаење. Но набрзо ќе сфати дека си има работа со група исплашени и неискусни деца, испратени на милост и немилост каде среќата е нивниот единствен сојузник. Ако таа ги напушти, летаат на парчиња.

Филм по вистинска приказна. Добар, јак. Недостигаше акција, ама затоа имаше тензија и напнатост низ целиот филм. Впрочем тоа е и целта и поентата на филм каде се деактивираат мини. Споро и напнато.

Се мислев измеѓу 7 и 8, ама знам дека за некое време ќе ми спадне оценката а ќе го памтам како добар воен филм.
Така да,

7.5/10 нека биде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom