Друже затоа постои форумов за такви работи да се кажат, дискутира и објави.
Нема ништо страшно во тоа да се каже кој подгрупа моментално ги води Комити, зошто имаат нов воџа и зошто немаше кокци од други подгрупи да не донеле решение да не се вадат, да стојат сите под застава Комити Запад. Кореографијата стоеше одреден период после се закачени 3 застави. Многу прости и едноставни прашања поставив, ако на некој нешто не му одговара или си има мува на капата нека не одговара.
Ако не да збориме за барбики на темава навивачки групи..
Така е, не е ништо страшно да праша , па групата ако сака ќе даде одговор, ако не , немора.
Гледам изнапишани многу страници, извадено од контекст и трети теми на форумов без потреба и пред некој ден ти кога си коментирал за изданието со Охрид, очигледно те сфатиле погрешно и ти се нафрлиле без потреба.
Нема подгрупа што го води Запад, не функциномираме во тој стил, дека една подгрупа ќе ја води трибината и никој друг. Пред некоја недела прочитав некој пишал “Ченто и Драчево ви ја водат трибината сите знаеме“. Ниту тоа не е точно, Ченто и Драчево не ја водат трибина, туку има дел од нив кои се во раководство, неколкумина, помагаат работат. Ние не гледаме никаков проблем, Ченто и Драчево се битни подгрупи за нас, секоја група би сакала да ги има, зашто се спремни момци, лојални, навивачки едуцирани. Ченто е на 8 км од центар, секогаш имале Комити членови од таму, башка, доаѓаат од измешана средина. Немаме никаков комплекс ниту причина да ги криеме, напротив , сме позитивно расположени од такви членови и подгрупи кој се едуцирани и знаат што е како е.
Има раководство од сите подгрупи претставници, но и членови кој не се во подгрупи. Во последно време се повеќе работат и се ОДЛИЧНИ момци кои НЕ СЕ во подгрупи. Повеќе луѓе заедно одлууваат, дури и неколку членови кои не се членови на подгрупи а се дел од Комити со години. Тавкиот начин на функционирање е добар за нас, доказ е минатата сезона. ВО Комити нема едноумие. Работат неколку луѓе, помлади, кои имаат поддршка од постри.
Зошто има нов воџа. Тоа мислам дека е природна работа, има затоа што треба да има, нормално е смената на генрации да го донесе и тоа.
Кај Комити дојде до природна смена на генерација и моментално има одлична конекција, на членство од 20 +, 30+ и 40+ години, сите како едно тело еден дух.
Зашто викам сите како еден, зашто во втора лига, кога сите мислеа групата ќе падне, групата имаше 300 прави членови и функционираше вистински.
Со самофинансирање, со акции со начини за самофинансирање, без многу пари, се создаде другаство, се создаде корео баклијада на секоја утакмица.
Знамиња на подгрупи, сега за сега не е забрането да има, но е договорено да се следат инструкциите од подредените како да биде оградата и излгедот.
Да личи да има ред, луѓе што го разбираат тоа ќе кажуваат дали некогаш треба да се вадат.
Сите што се дел од Комити и ЛФ, моментално, се прави навиавчи, не се залутани фаци , туку добро знаат зошто се таму, за кого се како се и што се.
Тоа е стварно нешто добро да се осети, нана овие простори кај нас.
Поздрав.