Човек кога те чита, ќе помисли дека живиш у САД, Австралија, Скандинавија или негде, а не дека живиш у државиче кое што има најмали примања у цела Европа.
...напротив, тебе човек тука да те прочита околу ова проблематика ќе помисли дека носиш розови очила и НЕ ја гледаш сопствената околина, ете комшивчето кое само таткото работа, а тој одвај ги пркна своите 10 години си сака смартфон за роденден, но не можеш да го излазеш со тие 100-150 евра ајфон, туку си знае што сака, така да дедото ја дал целата пензија да тато додаде уште толку за да му е исполни желбата за „ептен потребен“ смартфон на детето, а тоа е над 500 евра,
...дали има потреба да коментирам за славење на матура, полуматура, четврт матура и колку таму се троши само за „гледајте не', чудете се“, а детето ништо посебно паметно што завршило, голема работа, нели? родендените, имендени, славите и што уште не веќе се се слават по домата каде ќе се исчука 10 јајца за една торта што сите ќе ја јадат, туку се закажува во игротеки со договорен и наплатен перфоманс, а кафаните и рестораните се преполни со секакви поводи, па дури присуствував на роденден на мачка, ејјјј мачка, ќе ми се налутеше пет сопственикот да не присуствував, па дури и жива музика викнал
Точно, можеби платите беа пониски, но куповната моќ беше неспоредлива со денешната. Денес со 500, 1000 денари не можеш ни денот да го изгураш.
... јебига, дали ти си знаел што е хамбургер, лименка , сладолед и што ја знам секој ден да се купува, а да не се ручува дома, па нормално дека нема да стигнат толку пари како порано што било чоколадо за роденден, а може само за Нова година, секој ден леб и манџа за ручек за сите.
Брендирани патики и облека, најчесто народов тука носи фејк облека нарачана преку фејсбук, која што од Турција и останати земји се носи во увезува во државава, а потоа се шитка на народов на тезги во Шутка или пак онлајн.
Имаш и аутлети кај што за смешни пари можеш да си земеш брендирана облека, буквално за 1.500-2.000 можеш да си најдеш солидно патиче, бренд, оригинал и квалитетно.
..јесте, да, ама не секој втор месец или секоја година, твоето ранче можеби износено од твојот постар брат и патиките ако не биле скинати, а не како сега секој месец патики, облека без веза треба не треба, и секоја школска година све ново без разлика што минатогодишните ранчиња се исправни и сеуште употребливи, така да немој со тие куршуми, сега све е збеснато, се троши на големо и што треба и што не треба, се натпреваруваме со комшиите и со роднините, секоја вредност е изгубена, кредити до гуша за глупости.
... помини по одморите на средните училишта, скоро пола ученици со надпросечна телесна тежина за нивна возраст, деформишани во телото со залапани буреци, хамбургери, сокови, лименки мислиш крај на свет ќе биде, па пикаат резерви во мешето, може и студентите да ги ѕирнеш да видиш што јадат и што пијат, еееееее џин тоник бре за време на пауза од вежби, цигари во ранец, не можат да издржат три часа настава, после пола час губат концентрација те гледаат со очите како жалосна сова, аман немој барем мене да ми кажуваш, причам ти причу, сто ги имам јас да ти ги пишам!
Elitnoto mesto za odmor, turcija i grcija i toa kracine na halkidiki, nebare u monako otisle lugeto.
...а што мислиш ти, дека Монако е нешто посебно, ако одиш едно три, четири пати и те како ќе смениш мислење дека „Монако“ не е нешто пак уауу, јест да е важно местото, но не повеќе од друштвото кое го прави и самиот одмор кул!