Пресвртница за Косово

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување
Остави ги тие смешни моабети од локални пијандури што цел ден седат пред трафика.

Оружјето не е крадено од страна на србите, туку од страна на македонците и албанците кои што работале во касарна, слободно прашај ги твоите постари доколку било кој од нив бил повисок чин во ЈНА и ќе ти го кажат истото. Србите го имаат оставено оружјето до број, ова ми е потврдено и од близок роднина кој бил многу висок чин во ЈНА, како и од комшии - пензионирани војници на ЈНА кои имаат пронаоѓано огромни количини шкорпиони кај сопствени колеги кои го спремале за препродавање.

Да беше тоа оружје украдено од страна на србите, немаше сега уште АРМ да ги користи истите Застава пушки и шкорпиони од време на ЈНА. :)

Кога србите носеле колонизатори тука, дали се слушаш? Србите немале ни приближно толкаво влијание колку што имале бугарите на почетокот на ХХ век во Македонија, поготово во централниот и источниот дел.

Јас како тетовчанец, зборувам на тетовски дијалект (ама се трудам тука да пишувам литературно за да ме разберете), дијалект кој е на македонски јазик, но преполн со србизми и турцизми. Не ме интересира за што ме смета некое детенце у Србија.

На кој основ да водам дискусија со тебе кога немаш елементарно познавање на историја? Дали сум се слушал..човече :pos:
 
Еве, кажи ми што од пишаново алудира на тоа дека немам елементарно познавање на историја?

Кажи ми кој КОЛОНИЗАТОР србите го донеле тука, те молам, еве, јас како некој кој што неколку пати има размислувано да запише историја на факс, ме интересира?

Народ кој носел колонизатори во Македонија
 
Последно уредено:
Зборуваме за народот кој тепаше наши луѓе кои честуваат Илинден на Прохор Пчински? Братскиот народ кое го опљачка цело нарооружување платено од даноците (45 години)на нашите родители, баби и дедовци? Наооружување од вредност 15-20 милијарди долари.

Народ кој носел колонизатори во Македонија и вршел присилна асимилација за овие ли треба да имам симпатии? Па уште носеле брашно, вакцини или пак не биле веќе они такви како пред 100 години...немојте со вакви наивни муабети, срамота е.

Ти како Мијак од Тетово за нив си Србин кој зборува старосрпски и тоа го кажуваат во 21век...Србија нас како засебна нација само политички не има признаено, нивната САНУ друга песна си пее, ама кој да ви кажува.

Запомнете една работа, Македонија и Македонците немаат пријатели и никогаш нема да имаат.
Точно е тоа дека и ден денеска постојат разни струи во Србија кои ја сметаат Македонија (Стара Србија или Вардарска Бановина) и Македонскиот народ за дел од својот народ кој поради Х историски и географски премрежја ете некако се отцепил од Српското ткиво и денеска функционира како посебен народ и држава. Па незнам теории дека не само Македонците во Вардарскиов дел, туку и оние од Егејскиот дел биле Срби, а Македонскиот јазик старосрпски или староштокавски како што го нарекуваат одредени српски академици и.т.н. и.т.н. Но како и да е сепак грото од Македонците имаат симпатии према Српскиот народ, а тоа е поради заедничкиот живот и во рамките на прва Југославија(1918-1941), како и во рамките на втора Југославија (1945-1991), а плус и сличниот јазик, култура и менталитет. Знаеш луѓето најмногу се поврзуваат преку истиот или сличен јазик, пример Српскиот јазик ти е најсличен и најразбирлив јазик од сите можни други странски јазици на планетава, ќе си пуштиш на тв или на нет некоја Српска музика, филм или емисија и се разбираш !
 
А општо не можам да го сварам србоманството што владее во државава, знаете дека србите не имаат поробено во минатото? По што тогаш се разликуваат од татари, турци или шиптаpи? А да не збориме дека до ден денешен имаат територијални претензии према Македонија.
Прво: „Непријателот на твојот непријател е твој (природен) сојузник“ - Сун Цу (а природен е моја додавка)
Второ, не е „србоманство“ ако навиваш за Србите против Албанците... Всушност напротив. Соседите ни се крвници без сомнеж, но во моментов никој колку западните соседи и „сограѓаните“.

Свестете се еднаш дека ова што се случува е агресија која може да заврши на два начини: Или ќе ги зграбите глуждовите и целосно ќе се напупите, или ќе почнете да размислувате за одбрана на своето... До тогаш паразитите ќе паразитираат, ќе плаќаме струја и за сите албанско населени села, и ќе плаќаме паразитска администрација во која албанскиот дел одамна е многу повеќе од нивниот реален процент во државата. Итн, итн, итн...
 
Многу им се брза на шипците да го фатат последниот воз со Бајден и зафатеноста на Русија со Украина.

Паметно од Вучиќ што одложи и не дозволи под нивни услови конфликт туку ќе почека уште некоја година и ќе нападне кога на Србија ѝ одговара
Да знаеш ако нападне тие избеглиците ќе ти дојдат дома во Скопје или Тетово кај роднините или ќе си ги соберат парталите и ќе си направат куќи во Ѓорче, а ти ќе седиш дома и ќе се расправаш на форумов вака или онака.
 
Зборуваме за народот кој тепаше наши луѓе кои честуваат Илинден на Прохор Пчински? Братскиот народ кое го опљачка цело нарооружување платено од даноците (45 години)на нашите родители, баби и дедовци? Наооружување од вредност 15-20 милијарди долари.

Народ кој носел колонизатори во Македонија и вршел присилна асимилација за овие ли треба да имам симпатии? Па уште носеле брашно, вакцини или пак не биле веќе они такви како пред 100 години...немојте со вакви наивни муабети, срамота е.

Ти како Мијак од Тетово за нив си Србин кој зборува старосрпски и тоа го кажуваат во 21век...Србија нас како засебна нација само политички не има признаено, нивната САНУ друга песна си пее, ама кој да ви кажува.

Запомнете една работа, Македонија и Македонците немаат пријатели и никогаш нема да имаат.
Околу болдираново под:
1.Алудираш на Шешељ (прашај ги вистинските патриоти срби што мислат за него)
2.Алудираш на ЈНА комуњарска војска(нормално повеќето со презиме кое завршува на ИЌ а при тоа југословени (според мене гомна невидени кои беа рак рана и сеуште се канцер во Србија) кои највеќе штета им имаат направено на Србија момче...
 
Остај ти пушка, мушка. Прво, си има војска за тоа. Си има доброволци војската и еве ќе воведуваат воен рок, нема противење на тоа. Тоа што ти го тврдиш се вика лажен патриотизам ама не е така. Граѓаните мора да си ја бранат и сакаат својата држава, тоа е задолжително. И апсолутно не значи дека ако не си воин дека не ја сакаш државата.
Инаку доста тресете глупости со тие србомании. Од каде тоа србоманство владее во државава жити сè? Точно е дека Србите нè имаат поробено, но да бидеме реални во денешницава најмногу нè поддржуваат. Брашно, вакцини, струја, признавање на црква итн. Сакам да ти кажам се променија и нè сметаат за Македонци, а овие другиве ни за луѓе не нè сметаат. Тоа што младите слушаат српски песни или дека се заблагодаруваме на помошта од Србија не значи дека сме србомани
Ти викаше дека многу им е важно Косово на србите, важно им е, ама никад нема да го вратат, а најголем дел не се спремни ни у сон да се борат за него. Задолжително не е ништо, а најмалце да ја "бранат и сакаат својата држава". Признавање црква го гледаш како поддржување? А што правиме со тоа колку време не ја признаваа? Што правиме со тоа дека мораше да се додаде ОА, ако сакаме да не признаат? Брашно ни дале, не знам вакцини ни дале не знам што, сфаќаш дека тоа е надворешна политика и имаат корист од тоа?
Па единствена држава што не поддржа во 2001 е Украина, додека Русија одбиваше да ни продаде оружје, Украина ни продаде по многу многу поволна цена, а сите вие квази патриоти ја поддржувате Русија, и се ситите за тоа што и се дешава на Украина. За разлика, по распад на Шугославија, србите земаа буквално се што можеа, буквално до штекери и слично.
Ама не, живела Србија, Цеца е светињааааа.
Прво: „Непријателот на твојот непријател е твој (природен) сојузник“ - Сун Цу (а природен е моја додавка)
Второ, не е „србоманство“ ако навиваш за Србите против Албанците... Всушност напротив. Соседите ни се крвници без сомнеж, но во моментов никој колку западните соседи и „сограѓаните“.

Свестете се еднаш дека ова што се случува е агресија која може да заврши на два начини: Или ќе ги зграбите глуждовите и целосно ќе се напупите, или ќе почнете да размислувате за одбрана на своето... До тогаш паразитите ќе паразитираат, ќе плаќаме струја и за сите албанско населени села, и ќе плаќаме паразитска администрација во која албанскиот дел одамна е многу повеќе од нивниот реален процент во државата. Итн, итн, итн...
И јас навивам за Србија против шиптаpите, ама синдромот србоманство апсолутно не е тоа. Па најголем дел од луѓето, особено постарите без размислување би прифатиле да сме и под српска контрола, нешто како покраина. Ова за мене е класично предавство.

Точно е дека треба да се освестиме како народ за агресијата која се врши врз нас и да почнеме да се браниме, ама тука Србија нема никаква улога.
 
...тука Србија нема никаква улога.
Дури ни како природен сојзузник против заеднички непријател?
Зошто побогу?
Автоматски споено мислење:

Да знаеш ако нападне тие избеглиците ќе ти дојдат дома во Скопје или Тетово кај роднините или ќе си ги соберат парталите и ќе си направат куќи во Ѓорче, а ти ќе седиш дома и ќе се расправаш на форумов вака или онака.
А ти што ќе направиш во тој случај?
Спомнатата хипотетичка ситуација би се случила кога зад вазалите повеќе не би стоела империјата... Што ти кажува тоа тебе и зошто и тогаш би се однесувал како крвниците од Кале сеуште да те контролираат?
 
И јас навивам за Србија против шиптаpите, ама синдромот србоманство апсолутно не е тоа. Па најголем дел од луѓето, особено постарите без размислување би прифатиле да сме и под српска контрола, нешто како покраина. Ова за мене е класично предавство.

Точно е дека треба да се освестиме како народ за агресијата која се врши врз нас и да почнеме да се браниме, ама тука Србија нема никаква улога.
Нема да се сложам во врска со штекерите, затоа што тоа се ептен некој бош моабети кои се одамна debunk-ирани, затоа што самите македонци и албанци во касарните во Македонија ги крадеа тие штекери, сијалици, фасонки, оружје и се останато се со цел да го продадат, а на голем дел од нив и им беше пронајдено од страна на воената полиција. Оружје што кошташе оставија до број, а камоли такви смешни работи од кои што реално и немаа потреба србите. Ова ќе ти го каже секој кој што бил некој и нешто у ЈНА у тогашна Социјалистичка Република Македонија.

У врска со тоа, да - мнозинството народ тука одма би прифатило да сме сателит држава или да бидеме соединети со Србија, но мораш и да погледнеш и низ нивна перспектива (не ја оправдувам, сметам дека Македонија треба и мора да остане независна, но истовремено и верувам во соединување на јужните словени), поготово низ призмата на оние постарите, кои што живееле и во Југославија, но и сега живеат во ,,независна" Македонија.

Македонецот далеку поубав животен стандард уживал, далеку поубав живот имал, и далеку подостојна татковина му била Југославија, отколку што му е оваа квази независна државичка водена од најголемите квинслинзи и лопови, кои што буквално уништија три или четири генерации претходно, и уште толку генерации унапред, државичка во која што ја изгубивме историјата, јазикот, културата и се што е битно за еден народ.

Како да ги кривиш кога работник со една плата одел и на одмор, и плаќал рати или купувал стан, шетал, уживал солиден животен стандард, имал можност да се школува на престижни факултети во тоа време, уживал одлично образование, итн, итн? Се што денес може само да го сонуваме, нели?
 
За првиот пасус не би коментирал, не ни имам доказ за тоа, а и реално зборам од памет што сум слушал :D
Е сега, дури и да сум во право, односно да ни било земено, пак сме си ние криви, нашата невоинствена природа, на чело со тогашната влада на Киро Глигоров.

Јас апсолутно ја земам во предвид перспективата на луѓето што живееле во екс ју, ама никогаш нема да се сложам дека да сакаш припојување на твојата држава со друга не е предавство, па макар и мед и млеко да тече.

За тоа кој колку имал и дека имало некој животен стандард си во право, ама таков систем е економски невозможно да биде на долг рок успешен. Југославија е само еден од многуте примери за тоа.
Дури ни како природен сојзузник против заеднички непријател?
Зошто побогу?
Заради тоа што официјално не сме во војна, ние си имаме внатрешни политички бели мечки, секако не може Србија да ни помогне.
 
И тоа си у право.

Реално приказната со Југославија е далеку покомплексна од тоа дека финансиски не било издржливо тоа, поготово кога зборуваме за држава која што имала огромно производство, огромен извоз и огромни индустрии, индустрии кои што беа приватизирани и уништени при осамостојувањето.

Денес, немаме сопствено производство на храна, т.е производството на храна е толку минимално и толку слабо платено (се разбира, со скриени намери), што увезуваме грав, јаболки и други зеленчуци и овошје за кои што одредени региони биле познати (тетовски грав, тетовски јабуке, итн).

Мнозинството македонски народ, а јас би рекол и мнозинскиот дел од народите кои биле дел од Југославија се за креирање на Југославија 2.0, а не баш за припојување на своите квази-независни државички кон некоја друга држава. Истото е и со македонците, постарите, но и солиден дел од помладите, скоро сите мечтаат за некоја нова Југославија.

Јас верувам дека е прашање на време кога пак идејата за обединети јужни словени, нова Југославија ќе дојде, дури и сметам дека тоа е единствен начин за зачувување на историите, јазиците, културите и населението на сите екс-југословенски народи. И не, не сум комунист.
 
Сега само релативизираш без концепт. Тезата беше дека имаме заеднички непријател, и дека тоа не прави природни сојузници - барем кога се однесува за непријателот. Ти само вртиш окулу овој факт. Зошто - не разбирам, а нема ни да разберам освен ако не се обидеш да објасниш.
 
И тоа си у право.

Реално приказната со Југославија е далеку покомплексна од тоа дека финансиски не било издржливо тоа, поготово кога зборуваме за држава која што имала огромно производство, огромен извоз и огромни индустрии, индустрии кои што беа приватизирани и уништени при осамостојувањето.

Денес, немаме сопствено производство на храна, т.е производството на храна е толку минимално и толку слабо платено (се разбира, со скриени намери), што увезуваме грав, јаболки и други зеленчуци и овошје за кои што одредени региони биле познати (тетовски грав, тетовски јабуке, итн).

Мнозинството македонски народ, а јас би рекол и мнозинскиот дел од народите кои биле дел од Југославија се за креирање на Југославија 2.0, а не баш за припојување на своите квази-независни државички кон некоја друга држава. Истото е и со македонците, постарите, но и солиден дел од помладите, скоро сите мечтаат за некоја нова Југославија.

Јас верувам дека е прашање на време кога пак идејата за обединети јужни словени, нова Југославија ќе дојде, дури и сметам дека тоа е единствен начин за зачувување на историите, јазиците, културите и населението на сите екс-југословенски народи. И не, не сум комунист.
Де објасни ми луѓето пред војната и после 45та живееа во село и се занимавале со Земјоделие, од каде толку пари да се направат толку фабрики во Југославија и да се вработат луѓето?? Исто така Згради, Инфраструктура. Некој на Југославија да не и даде неповратни средства и ефтини кредити за да го изгради се тоа??
 
Да, али рурални средини во Југославија беа трансформирани во урбани средини со разноразни индустрии, згради, итн, си имал војска која броела милиони луѓе само резерви, и стотици илјади до милион активни војници со модерна воена опрема, квалитетно образование, болници, патишта, социјални програми за сиромашни, бесплатни станови, итн.

Денес, Македонија има 1/3 од долгот што го имала Југославија, ако не и поголем од само 1/3, а што се има изградено? Ништо.

Не разбирам што сакаш да кажеш, дека причина за неуспехот на нашата квази независна државичка е резултат на кредитите земени во време на Југославија, или?
 
Живеам за денот кога ќе се направи унија помеѓу Македонија,Србија,Црна Гора и Р.Српска и никаква Југославија не доаѓа во предвид-Доста е веќе!!! Оваа е мојот став а другите дали ќе се сложат со мене или не-Не ме интересира!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom