Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Meне ми делува на многу flicks and tricks, and no end product. 8 гола и 4 асистенции во Ајакс? Се надевам дека Тен Хаг ке го преточи потенцијалот во квалитет.
Потенцијалот е тука дали ќе го исполни ќе видиме.
 
Не одраа Ајакс маме им. Што е премногу е премногу, но тоа што е. Предност е што Тен Хаг го знае Ентони, друго што Ентони знае што сака Тен Хаг и тоа што е најбитно е што за нас како фанови ова засилување е баш возбудливо знаејќи дека има голем потенцијал и магија во нозете, останува уште карактерно да е јак и да изгази.

Очекувам до крајов на преодниов рок да се официјализира позајмицата на Дубравка и можеби нешто од Депај/Обамејанг. Ако се исполнат и овие две ситуации може да се каже дека имаме сериозно поквалитетен и поконкурентен тим од тој од минатата сезона. Се надевам дека ќе се разреши сагата со Роналдо и ќе го продадеме до крајот на преодниов рок. Митровиќ е напаѓач кој би посакал да го замени, ама се ми се чини дека Депај/Обамејанг ќе е решенито за форот со или без Роналдо.

Генерално Тен Хаг има поддршка во летниов преоден рок од управата. Се што посака, клубот направи максимум да го реализира. Да беше одлучен и Де Јонг, истиот веќе ќе беше на ОТ, но од наша страна беше се направено. Кој пресврт, од Рабио и Арнаутович на Касемиро и Ентони.
Сега на ред е Тен Хаг да испорача добар фудбал и резултати.
 
100м а искрено не го знам нит сум го гледал. Другиве појаки фаци од Ајакс беа шитнати за помалку пари а повеќе придонес имаа од него.
Така да се надевам дека нема да го акне притисокот ко Гарликлиш во Сити и да се посере.
Со среќа нека му е.
 
Абе доаѓаа на времето и со Депај, Марсијал, Шнајдерлинг и Ди Марија, па видовме колку се исплашија од Јунајтед. :icon_lol:
Никој не запнувал за трансфер до сега како Ентони. Се гледа од старт дека гори од желба да дојди во Јунајтед. Дечкото е нешто сосема друго од повеќе гледни точки од сите овие што ги наброја.
Само има уште работа во него како што спомена Видук, се надевам ќе продолжи да напредува под Тен Хаг.
 
Реална цена му е 50 до 60 мил да го преплативме нема соменежи во тоа, али како што реков ич не се замарам колку пари се дадени за играчот.
 
Реална цена му е 50 до 60 мил да го преплативме нема соменежи во тоа, али како што реков ич не се замарам колку пари се дадени за играчот.
Да реагиравме на стартот на преодниот рок сигурно можевме и Антони и Мартинез да ги земеме за 100-110 милиони ама ние од мај месец освен со Де Јонг кој јавно кажуваше сала да остане во Барселона. Со друг играч оавен со него не преговаравме и сега цената е поголема барем за 30 %.
 
Meне ми делува на многу flicks and tricks, and no end product. 8 гола и 4 асистенции во Ајакс? Се надевам дека Тен Хаг ке го преточи потенцијалот во квалитет.
Не, се е тоа во ред со бројќите но таков играч нам ни недостига,. Антони е еден од најмладите (22 години ) со добар
потенцијал да прерасне во класа десно крило..Со него ќе се отварат многу опции во нападот ќе бидеме поконкретни ќе креираме повеќе шанси итн итн...Сега ни фали ( јас би одел со ) уште еден во напад и во среден ред, пари за десно бек колку и да сакам немаме ..
 
Мислам дека со Ентони добивме многу на десно крило а и сигурно како колектив. Млад играч, кој е брз, пробивен, техничар кој знае да направи 1-2 играч плус, а тоа е она по мое мислење кое што му недостасуваваше на Јунајтед.
Кога имате играч кој знае да направи играч плус па и два, се олабавува притисокот над другите и добиваат поголема самодоверба и слобода во играта а сигурен сум дека ќе имаат и мотив плус кога ќе имаат со-играч кој ќе прикажува магија со техниката која ја поседува.
Не сум го гледам многу признавам, само се надевам не е тип на играч кој кога ќе му направат фаул ќе се тркала низ теренот.
 
Последно уредено:
Мислам дека со Ентони добивме многу на десно крило а и сигурно како колектив. Млад играч, кој е брз, пробивен, техничар кој знае да направи 1-2 играч плус, а тоа е она по мое мислење кое што му недостасуваваше на Јунајтед.
Кога имате играч кој знае да направи играч плус па и два, се олабавува притисокот над другите и добиваат поголема самодоверба и слобода во играта а сигурен сум дека ќе имаат и мотив плус кога ќе имаат со-играч кој ќе прикажува магија со техниката која ја поседува.
Не сум го гледам многу признавам, само се надевам не е тип на играч кој кога ќе му направат фаул да се тркала низ теренот.

Од тоа што сум го гледал, мислам дека го има тоа како секој втор Бразилец од негов профил.
Сепак добиваме друга димензија по десната страна каде што ќе бидеме сериозно непредвидливи. Сега нека се заозбилат и Санчо и Рашфорд ако сакаат да фатат прв тим.

Инаку нека се разгледа можност за Амад и Пелистри некако да се продадат затоа што не верувам дека ќе имаат некаква минутажа во тимов.
 
Проблемот со технички спремните фудбалери кои се супериорни со топка и знаат да дриблаат често знаат и да глумат фаули, а тоа е она што ужасно ме нервирало секогаш (вклучуваајќи го и Роналдо). Покрај тоа што имаат способност да создадат играч + тоа тркалање на теренот во Англија 90% од времето не го судат, а тоа може да доведе до играч+ за противникот.
Се надевам дека ЕТХ ќе му објасни на малиот како идат работите во Англија пред да почне да се бламира на терен со глупости. Цврст фудбалер кој ќе гази на теренот е потребен а не комедијант.
 
Here we gooo... Знам могу е 100 милиони но кога имаме идиоти што го водат Јунајтед но тоа е што е .. Добивме голем играч со потенцијал да стане најдобар десено крило, добивме играч што ќе донесе нова димензија во нападот...Дајбоже да земеме упте еден во нападот и во средниот ред ( Депај и Де јонг ако се во можност.) ..
 
Се надевам дека ке испадне добар трансфер,и дека после години и години ке имаме вистинско десно крило(лично јас би го земал Заха поради искуството,готов производ и висината на трансферот)
 
Колку од вие што коментирате ваков онаков потенцијал го имате гледано освен некоја утакмица во ЛШ и клипчиња на јутјуб? Санчо растураше во Дортмунд ако добро памтам имаше по 15 гола и уште толку асистенции неколку сезони по ред. Па кај нас ништо нема покажано. Пола од тоа да го оствареше кај нас на коњ ќе бевме

Овој Ентони ни бројките ги нема.
Ама да се надеваме дека ќе го биде, ќе пробуваат со потенцијали кога не можат етаблиран играч од голема екипа да земат на таа позиција.

За Касемиро нема замерки.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom