Сателитскиот интернет Starlink достапен и во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.427
Поени од реакции
8.637
Возраст
34
1655718160608.png
Сателитската интернет-услуга на SpaceX наречена Starlink сега е достапна во Македонија, соопштија од компанијата на Eлон Маск на социјалната мрежа Twitter.

Доколку сакате да го користите сателитскиот интернет, ќе треба да платите 39.700 денари за хардверот, односно сателитската чинија и рутерот, додека доставата и монтажата чинат 3.650 денари. Месечната претплата, според податоците наведени на веб-страницата на Starlink, Македонците ќе ги чини 6.570 денари месечно.

За поврзување на Starlink се користи опрема целосно обезбедена од компанијата, односно се добива сателитска антена, рутер и сите потребни работи за да се овозможи сервисот. За разлика од другите сателитски интернет пристапи, Starlink функционира целосно независно, односно не е потребна дополнителна конекција. Исто така, брзините на пристап се доста големи, може да се споредат со оптичкиот интернет, а има и мала латенција.

Досега, сателитскиот интернет е достапен во 48 земји во САД и 36 земји низ светот, а целта на компанијата SpaceX е Starlink услугатa да стане глобално достапна. До крајот на годината и почетокот на следната година, Starlink треба да стане достапен и во другите земјите од Западен Балкан, односно во Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Американските медиуми веќе некое време пишуваат дека месечната претплата е превисока за интернет-конекција, особено за конекција што не е ни приближно брза како оптичката конекција, но Маск смета дека инвестицијата вреди за луѓе што досега живееле без пристап до брз интернет.

Извор: konekt.mk
 
Освен некоја фирма до која никој не се нафаќа да пушти кабел/постави мајкровејв линк не гледам кој друг може да им е корисник.
Во градско подрачје секаде има кабел, и за 6500 денари се пакети со сите мобилни линии заедно.
 
луѓе чекале и по 1 година да им стигне пакетот... сеуште чекаат
 
Ако идит Гримес со пакетот ќе го купам ебао беља ебао.
 
Има места што немаат пристап до оптички интернет. Инаку додека не стане поефтин не гледам причина за масовна прифатеност. Интересно е што во одредени автократски режими или во ситуација на војна овој систем им дава глас на угнетените бидејќи интернетот е децентрализиран ама пристапот не е.
 
Прескапо е за нас.
 
Има места што немаат пристап до оптички интернет. Инаку додека не стане поефтин не гледам причина за масовна прифатеност. Интересно е што во одредени автократски режими или во ситуација на војна овој систем им дава глас на угнетените бидејќи интернетот е децентрализиран ама пристапот не е.
Се очекува во наредниот период да има поевтинување до 20$/month
 
Ако падне цената до 3,000 - 4,000 тогаш можеби ќе има смисла за некои луѓе, ама генерално вака за обична употреба слабо.

Во просек брзините им се 60/10 U/D како што можам да видам овде:

Што и не е лошо за тоа ако некој живее на планина.

Има и вака нешто:

100 / 15 U / D

Не е лошо, треба само цена да падне, концептот е супер.
 
Да прашам две прашања

Кој врши монтажа и сервис во државава?
Ако сакаш да откажеш претплата опремата рутер и сателитската чинија каде треба да ја вратиш или останува за тебе секогаш?
 
Да прашам две прашања

Кој врши монтажа и сервис во државава?
Ако сакаш да откажеш претплата опремата рутер и сателитската чинија каде треба да ја вратиш или останува за тебе секогаш?
не се враќа си ја плаќаш при самиот приклучок 40к мкд
 
Се очекува во наредниот период да има поевтинување до 20$/month
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom