Геополитички размислувања за минатото и иднината на Македонија

Член од
12 јануари 2022
Мислења
652
Поени од реакции
1.326
https://beograd.in/procurio-tajni-plan-vasingtona-kosovo-je-samo-pocetak-evo-sta-je-amerika-spremila-za-nas-deo-balkana-sve-staje-u-pet-tacaka/?fbclid=IwAR23BX2VBVRg95bmbcM_XFNETG5MqnM3LY16ENwNcMneHtsvtQ-CRPqG9aQ

колку е ова можно прашање е, но бришењето на граница меѓу АЛБ и Косово, па и меѓу Северџанија и Косово е неЛогично со зачленување во ЕУ.... или Никогаш нема да се влезе во ЕУ
Значи одново Северна ке го однесе... во корист на браката
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Во Тиранска платформа си имаше една од точките која беше убаво запакувано, а всушност беше границата со Косово и Албанија да не постои. Комуњарите направија таква шиптаризација се со цел само да се на власт и да краднат од која нема враќање. Намената на северен фиром е сите љопки од регионов да цицаат на некој начин додека партијата што е на власт да си лапат и они, штом тоа престане ќе има некоја мини војна и нови граници.
Автоматски споено мислење:

Значи одново Северна ке го однесе... во корист на браката
Браќата ви се сојузници и сега сте bff, така да порадувај се.
 
Член од
12 јануари 2022
Мислења
652
Поени од реакции
1.326
Браќата ви се сојузници и сега сте bff, така да порадувај се.
Имав предвид србите...
Сега РСМ се бори на два фронта: против Бугарија ,читај ЕУ и САД и против албанскиот фактор внатре. Ваша внатрешна работа е да дефинирате кој ви е поважен
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Имав предвид србите...
Сега РСМ се бори на два фронта: против Бугарија ,читај ЕУ и САД и против албанскиот фактор внатре. Ваша внатрешна работа е да дефинирате кој ви е поважен
Ете толку и знаеш кои ги викаме брачата тука. Допирна точна немате со Македонија и објаснувате како требало да биде и каква е ситуацијата. Брачата ви се сојузници и bff и ги одбравте нив, така да ни вие нити пак брачата сте важни туку само проблеми што треба да се решат.
 
Член од
30 април 2022
Мислења
248
Поени од реакции
347
Имав предвид србите...
Сега РСМ се бори на два фронта: против Бугарија ,читај ЕУ и САД и против албанскиот фактор внатре. Ваша внатрешна работа е да дефинирате кој ви е поважен
Одамна е дефиниран фронтот и еден е. Радо ќе пијам ракија и мезам сланина со тебе, него со љуљзим да се бркаме по ридојте и планињето. Народски кажано вака е, оти глабење политика џабе ни е. Се зависи од Софија во моментов. И не е рсм туку Македонија.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.787
Поени од реакции
34.042
Хммм....
Дали е р'чкање со син му на Сорош, или искрена подршка кон Македонија... Nevermind, I'll take it mister Hans van den Berg. (y)

 
Член од
1 ноември 2007
Мислења
81
Поени од реакции
249
Цела историја им ја ревидираме... :) За нив Кирил и Методиј се Бугари, Климент и Наум се Бугари, Гоце Делчев Бугар, Самуил Бугар... Ние сме Бугари... Мислам дека тука во Македонија, ние не ги разбираме Бугарите... Самото постоење на Македонија го негира нивниот народ :) Во Бугарија најголема етничка заедница се „Бугарите' со Македонско потекло, преку 3 милиони. Ако ги додеме тука и помаците кои имаат Македонска самосвест, ќе станат повеќе од 4 милиони.
I sto treba, da se samoubieme i samoukineme samo za da gi zadovolime Bugarite?Istorijata e na ovoj narod koj zivee na ova parce zemja i na ovie lugje... Sekoj neka si uci i tolkuva po svoe i neka si idealizira po svoe.Napoleon za Francija e edno a za Spanija drugo (Koga izvrsi okupacija i vleze bo Madrid),za edni e heroj za drugi tiranin.Taka treba i za Makedoncite i Bugarite....status quo....i sekoj po svoeto..a ne nametnuvanje "istoriski vistini"
 
Член од
16 октомври 2020
Мислења
2.626
Поени од реакции
5.558
Генетичарот Џундев работи на истражување за предците на Македонците: Буквално, во нашите вени тече историјата на Македонија! Резултатите ќе предизвикаат земјотрес во јавноста

Објавено 31/08/2022 во 08:00ч.

genetirac-696x370.jpg


Од каде идејата за истражувањето на поврзаноста на денешните Македонци и античките, колку време и со кого го правевте истражувањето, колку примероци беа собрани и каде беа испитувани?

Пораснав слушајќи ги приказните за нашето потекло од градовите на античките Македонци и газејќи по земјата полна со коски на луѓето кои живееле на оваа земја пред илјадници години. Логично е да се запрашаме кои сме ние, што се крие во крвта која тече во нашите вени, дали античките Македонци или Словените се нашите предци…
Поради тоа, започнав истражување во Руската академија на науките (РАН) за потеклото на македонскиот народ. Јас добив грант од германската, односно баварската влада, а РАН имаше свои ресурси со кои го започнавме истражувањето, за кое имавме финансии за околу 80 примероци. Подоцна истражувањето се прошири на вкупно 250 луѓе, од Македонци и уште две етнички групи. Примероците беа земени од сите делови на етничка и историска Македонија, во согласност со македонските дијалекти, а лабораториската работа ја продолжив во Руската академија на науките во Москва. Во РАН ги анализирав варијантите на Y хромозомот, кои постојат кај Македонците, односно предците по машка линија на испитаниците. Со генотипизирање ние успеавме да направиме јасна разлика и да дефинираме дали предците на определена личност биле Словени, кои се населиле на овие простори, или пак се домородно античко-македонско население. Методот на работа вклучува комплексни анализи за дали тестираните лица се директни биолошки наследници или, пак, колку се блиску до древните луѓе кои живееле во Македонија, на Балканот, зад Карпатите, и на другите региони на Медитеранот и Евроазија.
За истражувањето да биде
поткрепено со цврсти докази, потребно е да се извршат дополнителни секвенционирања на геномот, како и низа други комплексни анализи со кои никој во светот нема да се осмели да ги побие нашите истражувања. Но сè што е квалитетно, е и премногу скапо, а исто така и бара премногу време и енергија.
За ваква круцијална тема како потеклото на македонскиот народ, македонската (поранешна) влада ни денар нема дадено, па на почетокот мораше германската (баварската) влада да го финансира и да поддржи дел од истражувањето. За жал, освен германската, поточно баварската влада и руската академија, никој друг не се интересираше за истражувањето, особено не во Македонија. Дури, една државна национална институција ја попречи мојата работа со изговор за истражувањето дека, ќе ги цитирам со нивни зборови „тоа Грција не го сака“. Буквално, институциите ја мешаат политиката во науката, што е апсолутно недозволиво. Во светот постојат многу места за финансирање на наука со грантови за испитување на научни теми и проблеми, но никој нема да финансира истражување на Македонците, бидејќи тоа не е во нивен интерес. Јас добив понуди да работам на демографската историја на Данците и други народи, но немам мотивација и желба тоа да го правам, мојата цел е да ги откријам тајните на крвта која тече во нас.

До каде е истражувањето и кога ќе заврши?

Се работи за истражување со историска тежина, кое нема да остави белег за ден или два, туку ќе остане да стои за векови и векови. Фактите и резултатите кои ние ќе ги добиеме ќе бидат овде да сведочат за нас како народ и нашата историја. Имаме свето право да го знаеме нашето точно минато и ова е многу важна и чувствителна тема. Затоа тоа што ние го правиме мора да биде буквално на врвот на светската наука и по квалитет да биде прифатено буквално од целиот научен свет на планетата. Односно по објавувањето
на резултатите, сите хипотези за потеклото на македонскиот народ треба да бидат затворени и да се официјализира тоа што ние ќе го тврдиме. Дури и тоа сега што досега го имаме како резултат, ќе предизвика земјотрес кај македонската јавност.
Затоа, многу битно е истражувањето да биде направено со највисоки можни стандарди. Оттука, не сакаме да брзаме, и сè додека немаме најдлабочински, најобемни и најрелевантни можни резултати, не сакаме ништо да објавиме. Јас за мојата работа одговарам пред историјата, не можам да објавам нешто што не е 100% потврдено и силно издржано со цврсти докази. Резултатите ќе бидат објавени тогаш кога јас ќе бидам задоволен од квалитетот што ќе го постигнеме, а моите лични критериуми се многу, многу, многу повисоки од критериумите на рецензентите во Science и Nature.
Има милиони научни трудови кои никој не ги чита, како и трудови како тие на Лавоазје, кои се релевантни и се читаат и по неколку векови од кога се напишани.

Што покажаа резултатите од досегашните завршени испитувања?

Можете да ја смените историјата, но не и гените! Вие можете со разни договори да ги смените учебниците по историја, да ги смените книгите, да ги принудувате историчарите да пишуваат според владините барања за промена на историјата, но не можете да ги смените гените и крвта која тече во нашите вени! Буквално, во нашите вени тече историјата на Македонија!
Бидејќи многу добро знам што значат нашите резултати, можам да ви потврдам дека имам феноменални резултати кои би одекнале во македонската и научната јавност како атомска бомба, но тоа не ми е целта и затоа сум многу внимателен. Факт е дека поради комплексната ситуација во Македонија, резултатите ќе предизвикаат далекосежни последици. Затоа, многу внимавам да не се обои и политизира истражувањето. Целокупното истражување и резултатите ќе бидат објавени наскоро, кога целиот научен процес ќе заврши на највисоко можно научно ниво. Морам да напомена дека апсолутно во никој случај нема да дозволам политиката да се меша во науката, за што веќе имаше обиди.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.787
Поени од реакции
34.042
Треба да размислиме за една нова тема каква очигледно ни фали, пошто оваа овде (тема) некако ни изгледа најприкладна (а не е).
 
Член од
16 октомври 2020
Мислења
2.626
Поени од реакции
5.558
Треба да размислиме за една нова тема каква очигледно ни фали, пошто оваа овде (тема) некако ни изгледа најприкладна (а не е).
Постоењето и вистината за Македонците, повели предлог наслов.

Инаку ако ова е точно, тогаш интересно...
Screenshot_20220902-202006_Chrome.jpg
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.787
Поени од реакции
34.042
Не би се согласил, таков наслов наметнува потреба од дискусија за постоењето - што не само што е бескорисно туку оди во прилог само на нашите крвници. Ни треба нешто посоодветно, нешто неформално и со поголем распон на тематиката за повеќето офотпици од ваквите насочени дискусии да одат во таква тема. Нешто налик на „офтопик“ тема за Македонија, само малку посоодветно насловено. Исто и една тема насочена за генетика и култура би била добра работа... @121314 тебе те гледам за ова последново. :)
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.411
Поени од реакции
9.033
Не би се согласил, таков наслов наметнува потреба од дискусија за постоењето - што не само што е бескорисно туку оди во прилог само на нашите крвници. Ни треба нешто посоодветно, нешто неформално и со поголем распон на тематиката за повеќето офотпици од ваквите насочени дискусии да одат во таква тема. Нешто налик на „офтопик“ тема за Македонија, само малку посоодветно насловено. Исто и една тема насочена за генетика и култура би била добра работа... @121314 тебе те гледам за ова последново. :)
Веќе размислував за ова и мислам да отворам тема со наслов:

Болната потреба на нетуркиските источнобалкански народи по секоја цена да се идентификувват како огурски Бугари со кои немаат ниту генетска поврзаност, ниту антрополошка сличност, ни сличен јазик, ни култура.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.787
Поени од реакции
34.042
Смени го „болна“ пошто ќе ја извадат од контекст темата, заради насловот. Пробај вака:
Инфантилната потреба на нетуркиските источнобалкански народи по секоја цена да се идентификувват како огурски (турски) Бугари со кои немаат ниту генетска поврзаност ниту антрополошка сличност, ни сличен јазик или култура.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.073
Поени од реакции
7.160
Screenshot_20220904_182438.jpg


Screenshot_20220904_182647.jpg

Тешко со ваква младина. Овие кога ќе пораснат, ќе се борат за државата, или за ЛГБТ?

Инаку Редит најмногу ја користат дечињата во нашата држава. Кога ќе видете на што даваат upvote, а на што downvote, ќе ви стане јасно каква ни е иднината.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
Прегледај го приврзокот 343790


Прегледај го приврзокот 343791

Тешко со ваква младина. Овие кога ќе пораснат, ќе се борат за државата, или за ЛГБТ?

Инаку Редит најмногу ја користат дечињата во нашата држава. Кога ќе видете на што даваат upvote, а на што downvote, ќе ви стане јасно каква ни е иднината.
Редит Македонија веројатно има помалку активни членови отколку форумов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom