Како и да е интересни резултати кои треба доста да се добро анализират, она што можеби ми е најмногу изненадувачки е што гледам многу поголема решителност кај Албанците да расчистат со ДУИ отколку што Македонците имаат да расчистат со СДСМ.
ВМРО ДПМНЕ како политичка партија има голем проблем, покрај тоа што во државата владее невиден гнев кон оваа власт која е убедливо најлошата во историјата на државата посебно што на се тоа се додава и најголемата светска криза во последните 40-50 години, таа не само што не расте туку опаѓа , покрај тоа што народов дефинитивно голем дел ја смети и самата партија како виновна за ова на кое дереџе паднавме туку и слепото црево од лидер Мицковски, не знам што чекаат таму да го сменат, човекот е се само не лидер, ниту карактер, ниту харизма , ниту ораторски вештини а уште помалце пак да понуди решенија нештата да се променат , а да не зборам дека нема муда па воопшто, дефинитивно од овие луѓе кои сега се дел од раководството на ВМРО ДПМНЕ единствени кои може да ја носат партијата нагоре се Орце и Даре кои се дефинитивно луѓе со карактер, став, муда тоа што очајно му треба на ВМРО ДПМНЕ, посебно како десничарска партија.
Левица од друга страна повторно треба да сфати, политиката во Македонија не е само Скопје и социјалните медиуми, ако сакаат да се пробијат како партија, како Трета опција која тие дефинитивно се, да ја искористат ситуацијава која е убедливо најповолна за нив треба и мора да настапуваат и поагресивно но и да се постојано на терен во секој град во Македонија, се соочуват со проблем со иселувањето на младите кое е драматично а повеќето од нив се баш нивни гласачи, така да тој дел од времето не работи за нив, мора да направат јаки организации во повеќе градови, мора пратениците да бидат секојдневно активни на терен надвор од Скопје ако сакат да направат посериозни резултати и да станат главен фактор на политичката сцена во Македонија, дефинивитно се најбрзо растечка партија во моментот во Македонија но се многу многу далеку од нивниот потенцијал кој го имат во ситуацијава каква што се наоаѓа државата денес.