Прашање за Христијанството III

Член од
3 јуни 2018
Мислења
309
Поени од реакции
135
Зошто библијата вика да немаш идоли и да му се молиш само на бог или на Исус и други работи додека црквата вика може да се молиме и на светци,да славиме празници и други и дека тоа е во ред....кој е во право
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Зошто библијата вика да немаш идоли и да му се молиш само на бог или на Исус и други работи додека црквата вика може да се молиме и на светци,да славиме празници и други и дека тоа е во ред....кој е во право
Па пред малку у другата тема ми кажа библијата е прирачнико, ти Николчо се зезаш ли со нас?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.901
Поени од реакции
5.030

Поимот „идол„ значи „замена„ за некого/нешто.

Славењето на Светиите и поклонувањето пред нивните икони не е идолопоклонство, затоа што Светиите не се „замена„ за Бог, туку верните, славејќи ги Светиите, не Го забораваат Бога, оти Бог Е над сите Светии.

Светиите и Мајката Божја пак, се наши молитвени застапници пред престолот Божји.

Само Бог Е Свет, по полна смисла на поимот „свет„, а смртните луѓе, кои се закитиле со светост, се свети само во и до одредена мерка, односно само онолку колку се потрудиле да станат слични, но не и идентични со Божјата светост.

Самиот поим „свет„ значи „совршен„ и „бесконечен„ така да овие 2 атрибути може да ги има само Бог, а Светиите можат да бидат свети само до одредена мерка.
 
Член од
3 јуни 2018
Мислења
309
Поени од реакции
135
Па пред малку у другата тема ми кажа библијата е прирачнико, ти Николчо се зезаш ли со нас?
Ова е доказ дека и тука библијата е во право и дека ме треба да се слават никакви светци...ние сме еврејски народ нели како може Израелци да се православни??????
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.901
Поени од реакции
5.030
Ова е доказ дека и тука библијата е во право и дека ме треба да се слават никакви светци...ние сме еврејски народ нели како може Израелци да се православни??????
Кои се тие „ние„ кои се „еврејски народ„?
Кој е Евреин надвор од Евреите како народ?
Први рисјани се токму Евреите, во Ерусалим, кога е основана првата христијанска Црква, водена од Св. Јаков, братот Господов.

Веројатно и денес постојат и православни Евреи, не сум сигурен...
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.138
Поени од реакции
10.150
@liberij одамна те нема на форумов.
Ако прочиташ случајно, сакам да знам,се разбира ако сакаш да одговориш и знаеш, дали Исус бил обрежан!?
Денес на телевизија гледав една многу интересна емисија за религиите, за цркви идр...и ме зачуди една изјава, прв пат слушам, дека кожичката на Исус од обрежувањето била зачувана и како света, се чува во една црква(заборавив име).
Имала наводно голема моќ и помагала на луѓето кои доаѓале да се молат, за размножување.....па вакво нешто нема пишано ни во библија, ниту некој спомнал.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Додека дојде...
Исус бил евреин според новиот завет.
Сите евреи - се обрежани, таков е законот.

И прочитај го новиот завет, не биди неука и мрзлива и само да гледате видеа... :)
Види таму Евангелие по Лука.

21. А кога се навршија осум дена, за да биде обрезан Младенецот, Му кладоа име Исус, известено од ангелот уште пред да биде зачнат во утробата.,,,

П.С. Туѓинци ли ќе ве учат за сопствената македонска вера, православното христијанство? :coffee:
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.901
Поени од реакции
5.030
@liberij одамна те нема на форумов.
Ако прочиташ случајно, сакам да знам,се разбира ако сакаш да одговориш и знаеш, дали Исус бил обрежан!?
Денес на телевизија гледав една многу интересна емисија за религиите, за цркви идр...и ме зачуди една изјава, прв пат слушам, дека кожичката на Исус од обрежувањето била зачувана и како света, се чува во една црква(заборавив име).
Имала наводно голема моќ и помагала на луѓето кои доаѓале да се молат, за размножување.....па вакво нешто нема пишано ни во библија, ниту некој спомнал.
Види во Евангелието по Св.Ап.Лука, 2.21.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
@liberij одамна те нема на форумов.
Ако прочиташ случајно, сакам да знам,се разбира ако сакаш да одговориш и знаеш, дали Исус бил обрежан!?
Денес на телевизија гледав една многу интересна емисија за религиите, за цркви идр...и ме зачуди една изјава, прв пат слушам, дека кожичката на Исус од обрежувањето била зачувана и како света, се чува во една црква(заборавив име).
Имала наводно голема моќ и помагала на луѓето кои доаѓале да се молат, за размножување.....па вакво нешто нема пишано ни во библија, ниту некој спомнал.
Од обврски поретко следам, но фала на Бога еве...:)
Во старозаветната Црква обрезанието бил чинот на иницијација, зачленување, при што преку Христовото крштевање обрезанието се заменува со крштевање за секој нов член Христијанин, тоа е утврдено со апостолскиот собор...
Христос нормално нема потреба ниту од крштевање ниту од обрезание, но е обрезан за да покаже и докаже својата човечка природа дека се овоплотил како Син Божји и станал човек како и сите ние, што подразбира комплетна физиологија.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.138
Поени од реакции
10.150
@alf @PROROKOT и било кој што знае да ми одговори...Зошто религиите не успеаја да го подобрат животот, да го воздигнат човечкото кај човекот?????
Сведоци сме на огромната злоба и љубомора меѓу луѓето...зошто.....младиве генерации се катастрофа...алкохол, дрога, секс, насилство...психички болни деца веќе на 11 -14 години???
:(
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.901
Поени од реакции
5.030
@alf @PROROKOT и било кој што знае да ми одговори...Зошто религиите не успеаја да го подобрат животот, да го воздигнат човечкото кај човекот?????
Сведоци сме на огромната злоба и љубомора меѓу луѓето...зошто.....младиве генерации се катастрофа...алкохол, дрога, секс, насилство...психички болни деца веќе на 11 -14 години???
:(
Религиите, ајде ради муабетов небитно која од нив, имаат улога да ги третираат духовните потреби од луѓето, особено потребите од морално-етичка природа и потреба.

Припадник на религија, барем теоретски, би требало доброволно да ги прифаќа начелата од религијата на која и‘ припаѓа и живеејќи по тие правила, во најмала рака треба да го практикува доброто и да го избегнува злото, како некој морално-етички минимум.

Ако земеш во предвид, а мораш, оти не неизбежно, дека живееме во времиња во кои религиозноста е потисната од световноста, односно религиозноста е предмет на мајтап и предмет на истерување од јавниот живот, како последица се јавува преовладувачко световно живеење, кое во својата основа го има задоволувањето на сите страсти и похоти кои човековата природа го поседува и наследува, по раѓање.

Така, ако секој религиозен поединец не почне со очистувањето на злото во себе, таквиот поединец лесно се вклопува во „модерното„ профано живеење, кое, во нашево време, е сведено на: комодитет, хедонизам, задоволување на стомакот и задоволување на гениталиите...
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
@alf @PROROKOT и било кој што знае да ми одговори...Зошто религиите не успеаја да го подобрат животот, да го воздигнат човечкото кај човекот?????
Сведоци сме на огромната злоба и љубомора меѓу луѓето...зошто.....младиве генерации се катастрофа...алкохол, дрога, секс, насилство...психички болни деца веќе на 11 -14 години???
:(
Незнам од каде ти е идеата дека религиите треба да го воздигнат човечкото кај човекот?
Јас ги гледам како мрежи во кој се фаќаат човечките души.Фрлил мрежа некој рибар(пророк) ја проширил со свој апостоли и чекаат(време) да се фатат луѓето.

Да,имаат некој патокази,но тие се да се оформи самиот пророк во некој кој ќе го помине истиот пат како пророкот.Просто кажано, религиите се како утроба која ќе расте со се поголем притисок(зла),па кој го издржи притисокот и помине низ тесно за да се "роди" пак оној истиот кој зачнал..

Твоето прашање е од сосема друга природа..
Ме потсети на еден текст од 3 Книга Ездра која иде вака..

50. Тогаш го запрашав и реков: <„Штом веќе ми го откри патот, тогаш дозволи ми да Те прашам: мојата мајка, за која ми говореше, дали е уште млада или се приближува кон староста?»» 51. Ми одговори и рече: <„За тоа прашај ја онаа што раѓа, и таа ќе ти одговори. 52. Речи н: зошто оние што се раѓаат сега не прилегаат на оние што се родени порано, и зошто се тие помали на раст од другите? 53. Таа ќе ти одговори: едните ги родив во цветот на мојата младост, а другите се родени на старост, кога утробата моја почна да ја губи својата сила. 54. Сега разбери: зошто сте вие помали на раст од оние што се родени пред вас; 55. а оние што ќе се родат по вас, ќе бидат уште помали од вас; созданијата веќе остареа, младешката сила веќе им одминала.»

И Ездра слично прашува,зошто толку зло по светот.Одговорот е во времето кое како мајка ги раѓа душите човечки.Нејзината сила ослабува,секоја генерација е се послаба и послаба- духовно.
Тука религиите ја имаат улогата на обновување,на ново време,нов почеток...новото време кое ќе го роди во цутот на својата младост она што ти го викаш човечното во човек.
Значи тоа човечното се раѓа,а не прави.Вие сте тоа што сте,ништо повеќе!
И повторно ќе се фрли мрежата,ќе се уловат човечките души , ќе се намножува злото-зголемува притисокот и пак да се роди оној истиот.И така во круг!
Религиите се генаратор на притисок,истиснувач!
 
Член од
7 април 2022
Мислења
13
Поени од реакции
2
Имам еден проблем подолго време, прошлата недела сонував некој сон некоја жена во сонот ми кажа да одам во црквата св Зоасим, ама таква нема има св Зосим во Србија во Тумане. Дали е тоа некој знак нешто?
 
Член од
21 јуни 2021
Мислења
1.397
Поени од реакции
3.821
alf PROROKOTи било кој што знае да ми одговори...Зошто религиите не успеаја да го подобрат животот, да го воздигнат човечкото кај човекот?????
Сведоци сме на огромната злоба и љубомора меѓу луѓето...зошто.....младиве генерации се катастрофа...алкохол, дрога, секс, насилство...психички болни деца веќе на 11 -14 години???
:(
Секс?
Прво се жалиш во темава дека немаш веќе секс и сега го ставаш во групата на катастрофа. Oh my Dragons.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom