Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Една работа која треба да сфатите кога зборувате за менталитет, пред се спортски или навивачки тој е само цреша на тортата, врвот на менталитетот на еден народ кој опфаќа се а на крајот спортот и фанатизмот, љубовта кон него е кулминацијата на менталитетот кој го има дадената средина.

Кога правиме комперации ете ќе ја земаме Далмација како регион и Македонија, за да биде комперацијата на менталитети јасна и да видиме зошто се тие таму каде што се , а зошто ние не сме таму и зошто на жал најверојатно никогаш нема ни да бидеме, на жал на сите нас поединци кои делиме од масата на која припаѓаме.

Како прво и основно кога зимате споредба погледнете кои се сфаќањата и начинот на кој еден Далматинец гледа кон својата Далмација а како еден Македонец гледа на нашата Македонија, далматинците се неизмерно горди луѓе на своето потекло, нема прилика дека не потенцираат дека доаѓаат од Далмација, за нив нема поубаво место за живеење од Далмација, неговата цел во животот е првично да се реализира како човек и личност во Далмација, додека дури на крај памет му е да иде Загреб или веќе во краен случај странство, тој на секој начин гледа да допринесе Далмација да биде најдобро место за живеење, а посебно фактот што Хрватска не е толку централизирана како нас и има можности за тоа.
Од друга страна е Македонецот, не го сака родното место, се нешто му смета, не сака ни да помисли да остане и да го изгради својот дом кога може да има полн фрижидер и добра кола на лизинг во странство, па дури кога ќе емигрира и ќе сфати дека во неговата нова средина и општество тој е аусајдер и дно му се раѓа неизмерна љубов кон Македонија, кога си тука сега сите те прашуват кога ќе бегаш на горе дека си имал потенцијал и немало што да седиш овде, искрено не ми се ни збори на тој дел од менталитетот повеќе.


Друга карактеристика сите познати и успешни личности, без разлика дали е интелектуалец, спортист, доктор, актер, музичар, уметник, модел, новите инстаграм инфлуенсери и.т.н се идентификуват со клубот, одат на негови натпревари, ја покажуваат својата гордост дека се од Далмација, дали на Хајдук дали кога Хрватска игра на Пољуд тоа е неважно, со самото тоа уште се повеќе гради поврзаност кога еден обичен човек знае дека е дел од една целина во која е и неговиот животен идол и дека заедно тие се една целина.
Кај нас ај што веќе и да не постојат такви познати личности туку и тие кои ги имаме или сме ги имале никогаш не се покажувале припадност кон клуб, репрезентација, единствена значајна личност на која може да се сетам е покојниот Тоше, човек кој ги бодреше репрезнетациите кога ни беа заковани на дното и затоа Тоше е Тоше , има некој си два лика површно познати кои покажувале гордост дека припаѓат на клуб и тоа што е најјакото во приказната тој клуб беше факинг ФК Работнички, клуб кој воопшто нема никакво значење кај нас во навивачкиот свет што ситуацијата ја прави покомична, трагична на што ќе те удри емоцијата.
Ете сега ми текна и за една манекенка која беше на кошарка и ракомет во Скопје, глобала тоа е тоа.
Имавме еден таков наплив на патриотизам сега со ЕП и тоа ај што беше апла поради моментот, поради фактот дека немавме официални дресови во продажба сите се сликаа со фејкови, во моменти кога се имаше најголема национална спортска гордост е до толку сме утепани.

Друга работа гледам кога зборите за Далмација зборите само исклучиво за Хајдук, но Далмација спортски не е само Хајдук иако тој е најголемиот бренд, тука е и Задар кои се фанатици кои дишат и живеат за кошарката и КК Задар, видете за каков фантизам зборуват оние кои биле дел од клубот, како се полни салата и кога се бори за титула и за опстанок, нивното познато Бог го створи човекот а Задар кошарката, на кој начин тие покажуваат дека како задрани, го зборевме Дубровник кој пак е епицентарот на ватерполото, што се случува кога игра ВК Југ , приказна сама за себе.
Значи не е само Хајдук, Далмација е како целина феномен но се тоа доаѓа првично од љубовта кон Далмација, земјата и сопствениот град во кој се родени/живеат.


Секогаш кога дискутираме за нив се запостава традицијата, значи Хајдук е клуб кој во време на СФРЈ беше најуспешен после белградските, секогаш е бил на врвот и секоја генерација носи силни спомени и белег во нивниот живот од Хајдук, од друга страна новите генерации кои немаат такви успеси тоа го надополнуваат со тоа што поставуваат стандарди за навивачкиот дел преку Торцида, едноставно нема генерација која не била дел од успеси кои ги прават горди како Далматинци и хајдуковци, кај нас на жал тоа го нема многу, без да се лажеме во СФРЈ сме биле спортски најутепани.

А врвот на крајот е нашиот спортски антички менталитет кој мора да се потенцира, едно време имавме едно ракометно дерби во кое сите навиваа за едниот клуб затоа што таму играле Македонци го имале знамето на Македонија во логото а другиот клуб им беше легија на странци но тој клуб имаше прави хардкор фантици, кога после две-три години тој клуб стана шампион сите со антички менталитет се чукаа у гради како тој клуб е државата, како тоа е успех на Македонија како тоа е најдоброто што секогаш сме го имале, додека пред некоја година тој клуб го плукаа, е тоа во Далмација нема да го најдете.


И ова е премногу а имам уште многу многу за пишување, во делови можеби ќе треба да поделам но и ова е доволно во кратки црти да сфатите зошто Далмација е Далмација а Македонија е Македонија кога се работи за спортот.


Заклучокот е доста јасен, за да имаш фанатизам и љубов кон еден спортски клуб пред се и над се треба да има прво прејака и силна изразена љубов од тоа кој си и што си, како нација, регионален, градски, идентитет на населба , а кога ќе го имаш тоа се пренесува во љубов кон даден спортски клуб што е во рамки на фанатизам, затоа некој клубови се тоа што се а ние сме таму каде што сме во целина.
Знаеме дека луѓето во Далмација се исклучително горди, ама податоков дека не се иселувале за разлика од нас, ти е зарибан малку. Господ знае колку од нив се имаат отселено во Загреб или странство зашто на југ е тешко мрење кроз година.
Друга работа, бар за Вардар имало јавни личности што се идентификувале со клубот и доаѓа(ле)ат на утакмици, нормално не во тој обем во споредба со Далмација. Доволно е да ти спомнам само неколку: Џамбазов, Диме Илиев, Камиказа, Рубенс, Пеце Суперхикс, Васко Бернајс...
 
Член од
6 февруари 2022
Мислења
8
Поени од реакции
20
вие фрлате камења и другиве според вас не треба да одат таму туку да си седат нс трибина? Бравос има логика. Уште немате срам па пишувате, човекот што продаваше лимонади го погодивте ни крив ни должен.
Pa nareden pat za da ne stradaat nevini lugje ne mavaj so kamenja dojdi i tepaj se maski picko edna smrdena
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
1.683
Добра е оваа иницијатива, бојкот ако не дозволуваат гостински навивачи, само треба да е подржана од СИТЕ навивачки групи. Така вајда може нешто би издејствувале и промениле.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.079
Поени од реакции
13.024
Па и не знам дали би промениле нешто, освен што ќе си направиш штета на клубот со тоа што нема да го бодриш, да апстинираш од пружување поддршка на клубот, само поради тоа што имаш ретардирани управи и поединци во нив, некако не ми оди, кога бојкот некој во историјата вродил со плод, а имаме многу примери каде што бројка или сјај на некоја навивачка група не биле истите после бојкот. А и услуга им правиш на големците така, нивна цел е да ги умртват/растурат сите навивачки групи, бидејќи отпорот во најголема мера потекнува од навивачите за било што штетно во државата (независно дали се делува како официјален став на нг или како соло поединци), ако тие не постојат, полесно може да си спроведуваат се, празна писта. Ги боли нив кур за тоа дали се празни стадионите или не, ништо не им значи клубот, ништо не им значат навивачите, само навивачите би губеле и играчите кои играат за клубот, а со тоа и самиот клуб.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.011
Поени од реакции
7.085
Едни навивачки групи на кои самите клубови им забрануваа гостување на навивачки групи се жалат дека други клубови им забрануват да гостуваат и се така во круг.

Конкретните ситуации имат две решенија, еден привремен а другиот е постојан.

Првиот наместо пишување соопштенија и плачење по форуми се јавуваш дикретно на противничката навивачка група , ги договарате правилата, се гостува ненајавено се собираат двете групи на едно место, влегуваат заедно и потоа секој во свој правец.

Другото решение е навивачките групи да организират навивачки марш и ќе потпишат кодекс по кој ќе се достави до сите федерации во кој ќе се постави еден јасен ултиматум а тоа е доколку спортскиот објект нема простор наменет за гостинска публика а натпреварот е професионален да се забрани одигрување на натпревари во таков спортски објект.
 
Член од
2 септември 2019
Мислења
210
Поени од реакции
1.390
Едни навивачки групи на кои самите клубови им забрануваа гостување на навивачки групи се жалат дека други клубови им забрануват да гостуваат и се така во круг.

Конкретните ситуации имат две решенија, еден привремен а другиот е постојан.

Првиот наместо пишување соопштенија и плачење по форуми се јавуваш дикретно на противничката навивачка група , ги договарате правилата, се гостува ненајавено се собираат двете групи на едно место, влегуваат заедно и потоа секој во свој правец.

Другото решение е навивачките групи да организират навивачки марш и ќе потпишат кодекс по кој ќе се достави до сите федерации во кој ќе се постави еден јасен ултиматум а тоа е доколку спортскиот објект нема простор наменет за гостинска публика а натпреварот е професионален да се забрани одигрување на натпревари во таков спортски објект.
Другар живееш во Македонија и самио знаеш дека на утакмица пола одат со 3 промили во нив и дека на најмала провокација двете групи ке се олешат од ќотек затоа џабе приказни за мали деца
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.792
Поени од реакции
13.237
Другар живееш во Македонија и самио знаеш дека на утакмица пола одат со 3 промили во нив и дека на најмала провокација двете групи ке се олешат од ќотек затоа џабе приказни за мали деца
Спектакуларна глупост е ова што си го пишал. Јаките групи со големите тепачи, па ќе се олешеле од ќотек. Пред десетина години Чкембари дојдоа во Ѓорче и влегоа од нашиот влез. Никаков инцидент немаше. Ако има пијани будали кои прават проблеми, ондак водството треба да го реши тоа за секунда.
 
Член од
11 мај 2021
Мислења
138
Поени од реакции
256
Има полско топ квалитет. За брзо ќе продолжи и нашата страна со работа
Дали има такви овде? Погледнав многу пирошопови овде, но се што можам да најдам се вообичаените бугарски и некои турски. Секогаш кога зедов ја фатев Алба или Елиос беше од ЕУ од некој другар таму
 
Член од
30 јули 2022
Мислења
14
Поени од реакции
17
Најголем проблем во Мк тифо сцената е малобројност, незаентересираност и лоша организација. Бројката ни фали! Моментално шверцерите се во надпросечна бројка, Лозари исто така одлични гостовања имат, додека Комити и Чкембари варират со бројките.
 
Член од
11 мај 2021
Мислења
138
Поени од реакции
256
Најголем проблем во Мк тифо сцената е малобројност, незаентересираност и лоша организација. Бројката ни фали! Моментално шверцерите се во надпросечна бројка, Лозари исто така одлични гостовања имат, додека Комити и Чкембари варират со бројките.
Ova generacija e zaebana (za zal) ima mnogu malku ultrasi. Treba da se sobirat starite generacii pa da ima brojka...
 
Член од
30 јули 2022
Мислења
14
Поени од реакции
17
Ova generacija e zaebana (za zal) ima mnogu malku ultrasi. Treba da se sobirat starite generacii pa da ima brojka...
Ни балистите не се тоа што беа, најпосетената утакмица ви беше со шкупи и тоа едвај, од гостовања најдоброто ви беше во шведска
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom