Прегледај го приврзокот 342291
линк
Еве подетално за инцидентот.
Жителите протестирале против крстот кој наводно е 30-метарски. Сево ова е премногу сомнително и повеќе како намерно уништување отколку ,,искажување револт заради провокација".
Цитат од жител на селото:
,,Во Пресил има црква, не знам колку е стара. Но, тие решија да ја обноват, користејќи ја за манифестации. Почнаа да ја злоупотребуваат нашата добрина што ние ја чувавме нивната црква да не се оштети, да не биде украдена."
А како тоа вие ја чувавте црквата од крадци и оштетување? Да не ставивте ваше обезбедување? Да не ја вардевте црквата на секој час? Истотака ако дошле Македонци да ја обноват, сигурно се погрижиле таа да има систем на безбедност, во смисла јаки врати итн. Сигурно не ве замолиле вас да ја чувате.
Цитат од општина Крушево:
„Во населеното место Пресил, општина Крушево, имаше обид за поставување на крст во дворот на постоечката православна црква. Постапката е прекината заради тоа што не е добиена дозвола, од аспект на урбанизам, и институциите мора да го имаат последниот збор. Исто така, населените места во општина Крушево отсекогаш негувале добра соработка и комуникација, но овојпат тоа изостана."
Чекај сега. Постапката на градење е запрена. Се мисли пред поставување на темелите или на сред градење? Ако веста тврди дека е сквернавен крст во црквата, тоа значи дека тој е изграден барем во својата карактеристична форма, а со тоа почнат. Истотака насловот гласи дека жители се против
поставувањето на крстот, а не против
поставениот крст. И општината, новинарите и жителиве се зафркаваат со нас. Жителите велат дека крстот е 30-метарски (значи сепак се градел). Што значи сепак дека крстот си се градел и било запрено градењето пред да се заврши.
А не било запрено пред воопшто да се гради.
И уште една сомнителна работа. Крстот, тој 30-метарскиот бил изграден во самиот двор на црква, значи во склоп на црквата. Епа како тоа црквата не е провокација, а крстот е? Па ако одиме по таа логика и минарињата се провокација за христијаните. Инцидентов е исто како од Штип да излезат Македонците на протест против Кадан ана џамијата која со своето високо минаре ги провоцира штипските христијани, а Штип е повеќе од 90 % христијански.
Повторно цитат од општината:
,,Од општина Крушево ги повикуваат жителите во иднина да продолжат со добрата меѓусебна комуникација и да се залагаат за решавање на други проблеми од областа на инфраструктура и економија."
А да секако, повторно алудираат на соживот. По ваквиот инцидент, Македонциве треба да се глупи да зборат со овие испровоцираниве. Ова потсетува на сличен инцидент со поставувањето на крстот во населба Бутел 1 во општина Бутел. И тој инцидент беше контроверзен, но и овој исто...
Заклучок, најверојатно хулиганиве, нечестививе оштетиле полуизграден 30-метарски крст внатре во сама црква. Црквата не била за нив провокација, дури и ја чувале ама затоа новиот крст ВНАТРЕ во таа црква (не надвор или на рид) наеднаш стана провокација.