Со тоа дека се тешат само се сложувам, али со тоа дека хартијата е некаков релевантен доказ не се сложувам.
- Еве ние го имаме Бледскиот договор ратификуван од Бугарија дека биле окупатори на Македонија и треба да платат одштета како и има наша супервизија врз нивните учебници за да не се фалсификува историјата. На кој му е гајле?
- Имавме и пресуда од Меѓународен суд дека Грција ја прекршува привремената спогодба. На кој му беше гајле?
- Имаме 14 пресуди дека Бугарија врши опресија на Македонското малцинство. На кој му е гајле?
Хартијата трпи се и лесно се пишува, уште полесно се брише, а најлесно се игнорира. Хартијата има каква било вредност само ако има кој да го спроведува тоа што е напишано на нејзе.