O
ob1
Гостин
Епа тука е кваката (хехе Апасиев), што Челзи се здобива со посед после фаулот и се рестартира акцијата на Тотенхем.Исто така ако ги погледнеме правилата, зачетокот на акцијата е со фаул, нема никакви прекини, топката (иако проба да ја избаци Жоржињо) беше во опасна зона пред голот на Челзи. Акцијата на Тотенхем не беше прекината и нападот им беше активен.
Дали фаулот се случил пред 1 секунда или пред 1 минута не менува, такво е правилото.
Сега баш го пуштив голот, Кукуреља ја освојува топката, додава до Аспиликуета или кој и да е тој, па додавање до Жоржињо каде што овој ја губи топката и Тотенхем постигнува гол.
Во ваква ситуација мислам дека ВАР не може да интервенира за фаулот што се случил во претходната акција, пред оваа да падне гол.
Вие сте оштетени од Тејлор и линиските судии.
Они се тие кои требаше да реагираат одма при фаулот и они се тие кои што требаше да му дадат црвен картон на Ромеро за влечењето на коса врз Кукуреља.