Во Македонија ќе се произведуваат електричните возила e-GO

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.205
Поени од реакции
34.441
Контекст:

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски соопшти дека за прв пат во државава ќе започне производство на електрични возила e-GO и тоа во ТИРЗ Тетово.


„Во Република Северна Македонија, за прв пат, ќе се произведуваат електричните возила e-GO. На денешната владина седница ја одобривме владината поддршка за да се реализира оваа мултимилионска германска инвестиција, која ќе даде голем придонес во македонската економија“, информираше премиерот Ковачевски преку својот Facebook профил.

„Првата фабрика од автомобилската индустрија во која за прв пат ќе се произведуваат целосни електрични автомобили се гради во ТИРЗ Тетово. Со изградбата на новата фабрика обезбедуваме нови работни места за нашите граѓани, договори за дополнитена соработка со други локални компании, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии. Ова е можност Северна Македонија да биде мапирана од странските инвеститори од автомобилската индустрија. Како Влада правиме сѐ за да обезбедиме подобра иднина за сите наши граѓани“, додаде Ковачевски.

-

Тоа што немаме производство ни на велосипеди и тротинети (за електрични да не збориме), што немаме ниту една нивелирана шахта, што не сме способни да издадеме свидителства до почеток на следната и учебници пред почеток на новата година, што автопатот према Охрид и пругата према Бугарија нема да завршат дур сме живи - не фрла воопшто никаков сомнеж дека државиште како нас УСПЕШНО И САМОСТОЈНО ќе произведува електрични автомобили!

Мислења за најавената инвестиција?
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.689
Поени од реакции
21.179
Чим бил газдата на Шкендија, и близок човек на ДУИ, ова не е инвестиција туку враќање на долговите на СДС према неговиот коалиционен партнер. 130-че народни пари жглаб во нечиј џеб, а во организација на Артан Груби.
п.с. Инвестицијата ќе се реализира НИКАД, ќе зарамнат терен а парите ќе испарат.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.349
Поени од реакции
8.948
Град во подножјето на Шар Планина, кој нема вода за пиење и загаден е како кинеските мегалополиси, сигурно е толку еколошки освестен, за да произведува и вози електромобили?

Пази учкарите случајно да не дозволат по улиците на Тетово да се движи електричен минибус е.GO Mover, наместо диви таксисти со распаднати комбиња и коли. Веднаш ќе го засипаат со камења.


1660482085798.png

 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Чим бил газдата на Шкендија, и близок човек на ДУИ, ова не е инвестиција туку враќање на долговите на СДС према неговиот коалиционен партнер. 130-че народни пари жглаб во нечиј џеб, а во организација на Артан Груби.
п.с. Инвестицијата ќе се реализира НИКАД, ќе зарамнат терен а парите ќе испарат.
Ептен си песимист. После "успешно" реализирани проекти во Грција и Бугарија, дојдовме ние на ред. Пошто Тетово е добро познат по својата патна и железничка инфраструктура, па богами и понудата на работна сила, гарант заплакале немциве оти не почнале прво кај нас да реализираат ваква инвестиција.

Или шо викаат моиве, "Оволики ми је."
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.496
Поени од реакции
41.974
па, на тетово како пропаднат регион повеќе од потребно му е некаква фабрика да не замине и тој народ што остана. Иако ќе видиме што од ова ќе се оствари, ако уопште испадне нешто.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.667
Поени од реакции
48.759
Дрпање, ама вo real time. Гледаш, јасно ти е, прифаќаш и продолжуваш со животот. Никој не се ни ебава веќе со правење уверливи филмови.
Директен трансфер на 130 милиони евра на сметка на ДУИ.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Се ми иде дека ќе стане ова бунар без дно и доколку ова по некоја космичка интервенција се изгради со можност да се произведе нешто и со оглед на ревјуата што ги читав за тие 500тина автомобили што ги произвеле единствено ДУИ како зелена партија може да им најде пазар. Сите службени автомобили што тие не ги возат ќе бидат од овие. Секако во тендерот ќе биде наведена цена поголема и од цената на една Тесла.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.120
Поени од реакции
16.259
попуљарни ке бидат електрични возила пошто струја не се плаќа... ама скапи се
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.515
Поени од реакции
3.255
Ја мислам дека е доста реално,само да ја довршат пругата према Бугарија кај и да е при крај се...:coffee:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Епа не сакавте да им да дадете авиони на пилотите од Арачиново, затоа мора да се занимаваат со електрични возила Мехатроничарите во Тетове.
130м се за почеток, после тоа уште 130 за да се доврши халата, а после тоа ќе ја пренаменат во расадник за марихуана :cool:

Догодина отвораме и фабрика за ракетите на Илон, пилотите од Арачиново ќе ги правиме космонаути.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.336
Поени од реакции
24.486
Догодина отвораме и фабрика за ракетите на Илон, пилотите од Арачиново ќе ги правиме космонаути.
za toj proekt ke nema bunenje.... so sqip tehnike kosmonautite garant ke se za edna upotreba
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.497
Поени од реакции
2.407
Со странскиве инвестиции го копираат Груевски, само што лошо им оди.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom