Војна за храна

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.957
Поени од реакции
8.606
Не е се така црно. Како некој што бил и работел може да ти кажам дека кај нас јаболкото во Ресен се прска дупло помалку пати во споредба со она во Северна Италија или Словенија на пример, иста е ситуацијата и со винско трпезно грозје во земјиве што ги кажав погоре. Во Западна Европа се користи и значително повеќе хемија кај житарките додека кај нас поради поволната клима може да се помине со многу помалку, е сега немаме стандардизација немаме услови перфектни за чување на истите, имаме слаби дистрибутивни канали итн. Ама барем сеуште кај нас може да најдеш зеленчук од автохтони семиња не гмо/хибриди и сл глупости
Што му е лошото на хибридите? Западот се клука до нив ко на сФеЦко а на 90 години возат точак ко луди
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.240
Поени од реакции
84.263
Реалноста е таа, ако сакаат ќе може да работат, ако не никому ништо.
Инаку и да нема кој да работи ќе си увезат, еве ги тука backpackers си носат за таквите работи (минималец, плус има ослободувања од даноците). Цените и таму одат нагоре, па ќе може да си донесе робови од „земјите од трет свет“.
Инаку Европа е повеќе зависна, тука во АУС произведуваат буквално се дома, имаат храна за уште + 10 милиони, а и се можно што ќе им затреба. Кога влегуваш во маркет 99% од производите ти се made in australia, затоа и имаат толку многу можности за вработување, имаш фабрики за се што ќе посакаш.
Австралија, стратегиски, морала така се ориентира, низ децениите. Географската изолираност е клучен фактор за тоа.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.628
Поени од реакции
3.949
Што му е лошото на хибридите? Западот се клука до нив ко на сФеЦко а на 90 години возат точак ко луди
Времето допрва ќе каже што е лошо од гмо и хибридите, ама самиот факт дека во 2ра генерација такво семе не дава плодови или се со значително полоши карактеристики во старт смрди работава. За зголемениот животен век не е спорно благодарение на напредната медицина, ама затоа и се трошат многу повеќе пари

За квалитет што спомна погоре

За мене квалитет е јаболко будимка старта автохтона сорта купена на пазар и прскана 0 пати е сега има по некоја флека, ама за некој друг квалитет е грени смит прскано 15 пати со разно разна хемија и исполирано со восок да свети во маркет кога ќе го видиш
 

blejdsk

Collective Consciousness
Член од
22 септември 2009
Мислења
43
Поени од реакции
69
Мора да постои решение, само треба добра воља.
Борбата со гладта во последните 20 години имаше успех, бројката се намали, а нели и светките политичари зацртаа цел да нема веќе глад во 2030 година..што бидна со тој план.
Жалосно.:(
Па нема да има глад во 2030 ке изумре поголемиот дел од луѓето и ке останат само елитата, за нив нема зима.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.718
Поени од реакции
6.094
Јас ти кажувам каква е реалната состојба, државата нема ниту финансии ниту желба да им помогне реално на земјоделците...

Убаво што си видел како функционираат задругите, и јас сум видел во Грција ама прашај ги какви бесни суми од државата имаат добиено за да стигнат до тоа ниво
Od start se razlikuvame, drugarce.... Vie (ocigledno se bavis so jabolko) cekate od drzavata.
Jas ti vikam deka ne treba da cekate, tuku sami da si ja zavrsite rabotata. Toa sto ke vi dade drzavata (a vi dava) e samo nesto plus.
Koj vi brani vie vo taa zadruga da se organizirate, da go izberete najsposobniot (ili da platite nekoj od strana) I da otidete vo stranstvo, da najdete kraen kupec sto ke mu ja prodadete celata kolicina na jabolko po visoka cena, puta 3x, kako sto vikas?
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Па нема да има глад во 2030 ке изумре поголемиот дел од луѓето и ке останат само елитата, за нив нема зима.
Абе другар се знае за кој нема да има зима... За било кој што ќе умри на есен без разлика дали е богат или сиромав...
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Проблемот со војната за храна многу лесно може да се реши...

Ама проблемот е тоа што денешните луѓе се навикнаа на современите удобности и заборавија како живееа нивните дедовци, пред 70-100 години, селата немаа струја, немаше служби за чистење патишта, и тогаш имаше зими со многу студ и снег... па се живеело. Се одвикнавме од некои работи кои на времето беа секојдневие, а сме се навикнале премногу на смартфони, лаптопи, фрижидери и клима уреди.

И селата денеска се „МОДЕРНИЗИРАА“... Нема ни волој, ни крави, ни телиња, ни овци, кози, прчој, петли, кокошки, мисирки...

Огромните ниви станаа џунгли и пустелии... А порано кога ќе поминеше покрај нив абе да ти е милина да ги гледаш...

Ама и доста луѓе кај нас не сакаат да јадат домашно месо свинско/телешко иако е хрането природно како за своја душа, им било сумливо...

Сигурно поздраво и побезбедно месо е увезено од Аргентина, Бразил, Чиле, Перу коешто најмногу го има во супермаркетите Tinex и VERO...
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.291
Поени од реакции
5.568
Огромните ниви станаа џунгли и пустелии... А порано кога ќе поминеше покрај нив абе да ти е милина да ги гледаш...

Ама и доста луѓе кај нас не сакаат да јадат домашно месо свинско/телешко иако е хрането природно како за своја душа, им било сумливо...

Сигурно поздраво и побезбедно месо е увезено од Аргентина, Бразил, Чиле, Перу коешто најмногу го има во супермаркетите Tinex и VERO...
Нема што да те чуди ова кога е неисплатливо за обичен земјоделец да работи ниви. Цените на житото беа смешни по 8,9 денари даваа. А ѓубрива се поскапи и поскапи, државата нема системи за наводнување у најголем дел од државата и се беше оставено на милост и немилост на времето. Приноси имаш 3-4 тони по хектар у најдобри случаи.

За големи комбинати и играчи се исплати ама за поситните играчи не баш.

А за ова луѓе што не сакаат да јадат домашно, тоа си скроз во право. Ама не мислам дека грото на луѓето се такви, туку само одредени префинети "господа и госпожи".
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.718
Поени од реакции
6.094
Проблемот со војната за храна многу лесно може да се реши...

Ама проблемот е тоа што денешните луѓе.. заборавија како живееа нивните дедовци..
Analiza od voeni izvori od vremeto na 1-va Svetska vojna : "region Makedonija moze da obezbedi hrana za nad 6 mil..."

Ova bi znacelo deka denesna RM, so 40% ucestvo vo regionov, teoretski bi trebalo da moze da obezbedi dovolno hrana za cca 2,4 mil, po procenkata na togasnite generali.
Da ne spomnuvam deka denesnata produktivnost e nekolkkratno zgolemena. I deka najverovatno MK nema poveke od 1,5 mil rezidenti momentalno...

I pak sme uvozno zavisni (I toa jako) od hrana
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Нема што да те чуди ова кога е неисплатливо за обичен земјоделец да работи ниви. Цените на житото беа смешни по 8,9 денари даваа. А ѓубрива се поскапи и поскапи, државата нема системи за наводнување у најголем дел од државата и се беше оставено на милост и немилост на времето. Приноси имаш 3-4 тони по хектар у најдобри случаи.

За големи комбинати и играчи се исплати ама за поситните играчи не баш.

А за ова луѓе што не сакаат да јадат домашно, тоа си скроз во право. Ама не мислам дека грото на луѓето се такви, туку само одредени префинети "господа и госпожи".
Има и друга категорија од грото што се префинети "господа и госпожи".

Пази:

Се гнасат да јадат по куќи од некаков си комплекс и психички проблем, фобија од јадење по туѓи куќи, ама не им е гнас да јадат по хотели и ресторани...

А се знае повеќето од персоналот колку вршат хигиена на рацете!!!

Иди по нужда не е битно дали е мала/голема и воопшто не ги мие рацете барем ни со вода... Ај што не ги мие рацете и одма се фаќа за намирниците и си продолжува со готвење...

Од секогаш јас ги пратам тие работи со вработените во угостителски објект...
 
Член од
1 септември 2018
Мислења
248
Поени од реакции
642
Имам дојава дека светската влада че воведи адренокоин за купување на храна. Поточно, ти вадат 1мл адренохром, добиваш 1 коин и обезбеден си со храна за 1 месец.
Ми стаса во порака еве @pozdrav eden topol нека објасни што е.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.344
Поени од реакции
10.223
Имам дојава дека светската влада че воведи адренокоин за купување на храна. Поточно, ти вадат 1мл адренохром, добиваш 1 коин и обезбеден си со храна за 1 месец.
Ми стаса во порака еве @pozdrav eden topol нека објасни што е.
Случајно на јутуб налетав на едно видео, сега скоро, во емисијата на Васко Ефтов имаше еден гост од кој останав фрапирана, згрозена, уплашена од неговите кажувања.
Адренохром е најскапа дрога за подмладување на елитата,која се добива од мачење и силување на мали деца:eek::(:facepalm:

Цела се наежив кога гостинот( заборавив како се вика а и не е битно) кажа дека вакви грозни дејствија се случуваат и во Македонија, во Гостивар, има и во Србија, Бугарија идр...
Можеби вие знаете за што станува збор, но јас искрено прв пат слушам за оваа дрога за подмладување.

Наводно тука се крие одговорот зошто толку многу деца одеднаш ги снемува на годишно ниво во цел свет повеќе од еден милион деца.....а најморбидното(зарем е можно во ваков свет да живееме)е што децата прво се тероризираат, мачат, се силуваат, за да им се покачи адреналинот кој потоа им се зема со шприц и игла од вратна кичма.....уффффф...
Спомната беше и Мадона, дека и она употребува ваква дрога за подмладување и приметена била дека очите и светеле на еден концерт ко на вампирите.
Дали знаете за оваа дрога која ја користат славни и богати луѓе???

Прегледај го приврзокот 279866
Bujrum.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.718
Поени од реакции
6.094
Frcat sponzorirani objavi na Fb od nekoja firma sto prodava spirulina niz MK
Sosem seriozno tvrdat deka 1 kgr spirulina ima hranlivi materii kolku 1000 kgr zelencuk (izgleda samo jas mislam deka ova tvrdenje e teska glupost I manipulacija)

Ako e stvarno taka, togas nema potreba od vojna, ete, tie go nasle resenieto za dovolno hrana vo naredni vekovi...
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Во време на напредна земјоделска механизација, технологија за откривање на жива вода, бушење за жива вода до длабочина од 100 метри, па да имаме недостиг од храна тоа неможам да го разберам. Абе порано нивите ги орале со волој, па после тоа наместо со фреза земјата ја ситнеле со удирање со дикелот од наопаку... Башка и порано што немаше црни најлони со дупчиња за да си ја олесниш работата да не ти расти трева... И пак порано повеќе имавме производство на храна него денес...

Сега и да сакаш да работиш земјоделие џабе е. Бидејќи што дека сакаш да работиш, кога другите членови од фамилијата не сакаат. Сам човек кај може да постигне со земјоделие. (Колку сака нека е физички јак и кондиционен). Порано на времето земјоделие работаа комплет фамилијарно од прво до трето колено. А и башка што чуваа гојда, вепари, маторици, кози и прчој...

Сега барем земјоделската механизација и тоа нова е поефтина во однос на порано. Ама ние парите ќе ги даваме на луксузи наместо на тоа...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom