Од сите овие, дополнително е што Саше е и редовен адвокат и промотор на ДУИ. Всушност, кога беше случајот со полицајката и пајакот за дигање возила кај Мавровка, тој направи интервју со тој од ДУИ (кој и да беше) кој ја удри полицајката. Во самото интервју, цело време, насоката на разговорот беше бранење на дотичниот. После некое време, кажа дека ДУИ е подморница на нуклеарен погон (така нешто), што нè носи кон ЕУ, па еве, сега на пример, и ги брани рамковните неработници.
Факт е дека разградувањето на државава и уништувањето на македонскиот народ почнува од вакви како Саше, кои ја оправдуваат стекнатата политичка моќ на неписмените рамковни, а не од самите рамковни.
Друг пример, неповрзан со ДУИ и рамковните, но во контекст на внатрешните предавници и промотори на уништувањето на македонскиот народ е и дописничката за МИА, од Брисел, Тања Милевска. Кога Орбан им посака среќа на ДПМНЕ на парламентарните избори во 2020 г., преку видео, во кое видео имаше превод од унгарски на македонски, и беше спомнато Република Македонија, таа почна да пишува на Твитер, твитови, кон различни ЕУ институции, во насока да некако се санкционира Орбан бидејќи кажал Република Македонија.