Во постот на кој што јас реагирав ти не напиша за Нуњез, Тимбер, Дамфриз, ти напиша дека Муртог и Арнолд треба да летаат ако Де Јонг потпише за Челзи а не за Јунајтед. Еве што напиша:
Затоа ти кажав дека најмала нивна кривица е Де Јонг. Направија се што можеше да направат, играчот едноставно НЕ САКА да игра за Јунајтед. Што се однесува до другите играчи кои ги наброја, ниту ти ниту јас знаеме кои биле желбите на Тен Хаг. За Тимбер се вртеа муабети, за Дамфриз ниту тоа немаше, понекоја шпекулација на Твитер, но ако се водиме по тие шпекулации Манчестер е заинтересиран за пола Европа. Не ми е муабетот да ги бранам Миртог и Арнолд, но треба реално да се гледа на работите. Манчестер освен по името и финансиите, по ништо друго веќе не е елитен тим кој може да ги донесе најелитните играчи. Еве Халанд на пример, би бил неверојатно засилување за Јунајтед, но не се ни обидоа за него, затоа што знаеа дека нему ну на крај на памет не му е да игра за Јунајтед во моментов. За Нуњез, кој е далеку од Халанд, се обидоа но и тој ги одеба, исто како Де Јонг.
Тен Хаг не беше донесен во Јунајтед како Гаврдиола тип на тренер. Не беше муабетот ќе дојдам во Јуантед ако ми купите 7-8 елитни фудбалери. Беше донесен со идеја да направи од ништо нешто. Затоа напишав дека најважна задача ќе му биде да направи да проиграат староседелците кои имаат потенцијал да играат подобро, како Рашфорд на пример. Оние кои немаат, како Мектоминеј или Далот, тие мора да се заменат.