Не реков дека не може да се качи со полош точак туку за човек почетник како него подобро е да има погон со полесно качување угорници отколку со потешко затоа што 90% од почетниците не знаат како правилно се користат брзините и на кој погон кои брзини се употребуваат.Тоа е исто како на почетник планинар што сака да оди на тешка планинарска тура да му кажеш дека врв како Кобилица или Мал Турчин што има нагиб помеѓу 40 и 45 степени не е тежок за качување. Најдобро за него е да најде од некој што веќе има 29 ка со преден погон од 28 заба и касета со 32 заба па нека си проба за утре да не се жали дека некој на форум го излажал при совет за купување на точак.
Според прашањето што го постави испаѓа дека си почетник бидејки искусен бајкер не поставува такво прашање на форум туку си оди директно во неколку продавници и си одбира тоа што му треба.
Ако сакаш преносна земи ја оваа.Дава реален притисок до 20 бари бидејки е погодна за пумпање и на амортизери а понатаму ако земеш роуд без проблем ќе можеш и тие гуми до 8 бари да ги пумпаш со неа.Последен пат се продаваше во outdoor пред 2 и повеќе години и чинеше 2000 денари:
Има бе некоја страна кај што има добри тури (мапи) за возење низ Македонија?
Или па некој добар Страва профил што ги има возено веќе туриве низ Македонија па од кај него да се види.
Има бе некоја страна кај што има добри тури (мапи) за возење низ Македонија?
Или па некој добар Страва профил што ги има возено веќе туриве низ Македонија па од кај него да се види.
Може и роуд и оф роуд, не е проблем.
Максимум 65 километри и да нема премногу стрмни угорници.
Не сме нешто кондициски премногу спремни, ја и другар ми, ама па и не сме закржлавени да не можеме да одиме.
Од Скопје сум, не е проблем турата да е и надвор од Скопје зашто имаме држачи за точаците на кола да ги ставиме, но искрено би преферирал доколку би била тука, околу Скопје негде.
Потребен ми е сервисер за електрични тротинети/велосипеди/скутери, кој работи на поставување на ел.делови потребни за претварање на обичен велосипед во електричен. Ми предложија некој мајстор од Кисела Вода кај дом на слепи кој работел такви работи ама немам контакт и име. Некој да не знае контакт за мајсторот или да предложи друг мајстор.
Ви благодарам
П.С. Велосипедот кој го имам е Сити верзија од најголемите и е речиси нов и затоа сакам истиот да го прилагодам да има и ел.верзија

Исто планирам и јас но проблем ми е што кај нас нема китови за Ел. конверзија. Ако не е тајна од каде го имаш набавено китот, претпоставувам имаш веќе купено штом прашуваш за мајстор.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.