Каде си видел некоја река да тече по угорница? Еве на пример земи ја реката Нил која е преку 6000км.долга. На толку долга река мора некаде да има физичко закривување на водата. Дали веруваш дека водата во природата може физички да се закриви?
Добро, бидејќи знаеме дека не си дислексичен, намерно сега бегаш од темата за движење на земјата и останатите небесни тела, па може да заклучиме дека не знаеш што и како да одговориш.
Ајде не брзај, не мора денес да докажеш твоето тврдење, обрати се до рамноземјашката заедница и кога ќе можеш докажи:
Значи може да прифатиме дека врска немаш како да докажеш дека земјата мирува, не се движи, а сите други околу земјата рингишпил прават???
ШТо ти е сега проблемот не те сфаќам...
Ако тврдиш дека не ротира, докажи. Ако земјата не ротира, како водата, која ги отсликува силите кои се во игра, се движи според законите на ротирачко тело? Ако земјата не ротира, тогаш како другите тела ротираат? Ако земјата мирува, објасни како неподвижно седи во едно исто место во вселената?
Каде си видел некоја река да тече по угорница?
Во право си дека реките течат, само надоле. Но си бил некој шумар, официјално неук, необразован и гледајќи ги рибите во најбрзите потоци, сфатил и докажал дека во водата постои сила која е во спротивна насока од силата по течението на водата, па затоа рибите без проблем стојат мирно во најбрзите делови, или по 1секунда ги гледаш 10метри погоре, не надоле, или па можеш да ги видиш како рипаат благодарение на таа сила.
Ај сега пробај ти нешто да докажеш, ама да докажеш, не само негирање или празно тврдење
Доволно е тоа што физички не чувствуваш движење на земјата
Тоа не е доказ. Ти кажав кога возам, не ми се повраќа, кога ме возат, ми се повраќа. По твое значи кога возам, јас не се движам.
Кога ќе погледнам нагоре, гледам сонцето се движи, месечината се движи, милијарда ѕвезди се движат, па како сите тие се движат само земјата стои? Како може земјата да стои укотвена, нели би требало да паѓа низ универзумот или нешто ја држи цврсто укотвена и што е тоа?
Дали веруваш дека водата во природата може физички да се закриви?
Верувања се за религии, ти нели си по науката и сомнежот....
Кога врне, капките вода сигурно се како шилци кога паѓаат нема шанси да се закривени. Град кога паѓа, тоа топчестиот облик, сигурно некоја сила го прави, ваљда не е божја работа....
Во мојот допис не споменав никаков „напредок„ затоа што не постои напредок во природата. Поимот „напредок„ е идеја која нема своја материјална заснованост, и како идеја се „влече„ уште од XVIII-от век па до ден-денешен и служи за замајување на умот.
Движењето на вселенските тела е несомнено, а тоа движење има смисла само ако правилно се истолкува, во спротивно, станува само една материјало-физичка безмислица.
Добро, извини. Ако може тргни ги твоите религиски толкувања од темава, има многу други такви теми, ако ми притреба твоја помош за просветлување на умот, ќе те тагнам.