Може е смешно што немаат некои западни брендови, па тие што можат да си дозволат одат во Финска на шопинг, ама од друга страна е трагично што најмоќната економија во Европа, меѓу најмоќните во свет, има рестрикции на топла вода, други препорачуваат да не се користи клима во лето, на 35 плус степени, спремаат и казни, а тек допрва што ги чека зимоска со греењето. И сега некако кога ќе ги споредиш работиве, не знам кој е за смеење, поготово ние македонците, јас, ти, не би требало да се смееме, кога сме во ситација да цените растат, на некои основни производи и преку 50%, струјата и парното растат, а и понатаму ќе растат. Не знаеме во каква ситуација ќе бидеме зимоска и дали ќе имаме и струја. Има недостаток на огревно дрво, а е дупло поскапо.
Европа, тука ќе ја вбројам и Македонија, како дел од тој пакт против Русија, нема топла вода, не може клими да користи, нема да може зимоска да се грее, ама им се смееме на русите што немале Зара, Мара, Икеа, Мек Доналдс, Кока Кола. Апсурд невиден.