Етничкото чистење е факт, но не е само тоа. Целокупната слика е многу пошарена.
На пример, Албанската работничка партија, основана во 1941 година, е создадена со помош на Титови комунисти, а основачи биле 8 христијани и 5 муслимани.
Во октомври 1942 година по Шар планина (Италијанска окупациска зона) македонски и албански партизани формират заедничка единица.
Ова исто е верно.
На 9 мај 1941 година, италијанските трупи влегле во Тетово, а следниот ден на командантот му бил претставен тетовскиот Бугарски акционен комитет од 10 луѓе, кој од него добил ветувања дека ќе им даде образовни и културни права на Бугарите и дека ќе го употребува бугарскиот јазик во наредбите на италијанските власти, но ветувањата не се одржаале. На 11 мај во градот е организирана спектакуларна демонстрација на Бугарите од околијата, во која учествувале над 10 илјади луѓе, но биле нападнаи од 100 до 150 вооружени Турци, поттикнати од Србите, Србоманите и италијанските офицери.
На ова велам дека ситуацијата во италијанската окупациска зона е посложена.