Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
И после ќе се бунЕт Охрид имало слаба понуда :icon_mrgr:

Еве и ходници со змии имаме за сите љубители на влекачи:pos:
 
Кај е поубаво да се поседи некој ден.Пештани ил Трпејца? Не сум бил..
Зависи што преферираш.
Пештани е далеку побучно, Трпејца е далеку помирно.
Пештани е порамно, Трпејца е за набивање кондиција и добро кардио :icon_mrgr:
 
Охрид врие, триста инциденти последниве две недели. :D

Смената на таткото уште не е налегната како што треба.

Мене искрено не ми се допаѓа што му прават од година за година, значи не личи на ништо освен на некое незнам ромско маало.

Градов во некои делови изгледа како сон на лимитиран градски багабонт.
 
Најди ги 30% од плажата шо се предвидени за да седниш со пешкир.4D4C2C0A-A26D-4789-A4E4-46CBED532E53.jpeg

И бонус прашање, нели втора година со ред не се даени плаживе под концесија? Или јас сум грешка?
 
Најди ги 30% од плажата шо се предвидени за да седниш со пешкир.Прегледај го приврзокот 339516

И бонус прашање, нели втора година со ред не се даени плаживе под концесија? Или јас сум грешка?

Најдобрата плажа моментално во Охрид, супер е организирана, башка во работни денови оди после 4 и застани кај сакаш никој не те чепкат лабаво е неморат да пиеш ништо, е сега за викенди кога има DJ и се плаќа карта за влез незнам и која би била логиката да има место за пешкири.
 
Здраво луѓе ако може совет за мирна плажа нека биде и подалеку. Трпејца или Лагадин не ми изгледаат лоши само не знам како е со паркирање. Секогаш кога врвам за Св. Наум ми се чини сите се преполни и нема кај да паркираш, што е сосема разбирливо со оглед на малите места.
 
Најдобрата плажа моментално во Охрид, супер е организирана, башка во работни денови оди после 4 и застани кај сакаш никој не те чепкат лабаво е неморат да пиеш ништо, е сега за викенди кога има DJ и се плаќа карта за влез незнам и која би била логиката да има место за пешкири.
Логиката е дека со закон е предвидено да се користи ко плажа, не како ноќен клуб и влезот да биде отворен за сите. И да има место за пешкири.
 
Логиката е дека со закон е предвидено да се користи ко плажа, не како ноќен клуб и влезот да биде отворен за сите. И да има место за пешкири.

Во тој случај и немаме право да се буниме што сме толку слаби со ноќен живот и забави. Па искрено ако ми е за пешкир можам на било кое диво плажиче да одам и да се постелам, ги има многу од Десарет до Трпејца, а и било каде. Башка еве ти го Метропол за пример лежалки и по асвалтон наредено имет, а пак ке напоменам дека на Оревче слободно мојш да си фатиш легла под чадор и никој не те чепкат.

Јас многу добро те сваќам која ти е поентата но едноставно ако промовираме туризам и ако сакаме пари од истиот сметам дека треба и малце да се потрудиме околу тоа. Не сакаат сите секој ден да одат наплажа за спиење и сончање, некој сака да се забавува, а Оревче баш се имаат потрудено околу плажата и ако местото за пешкири е 5% во однос на 95% не значи ништо затоа што тие 95% не ти ги наплаќа за користењето. Ке платиш тоа што ке конзумираш.
Не сум вработен во Оревче, уште помалце газда, само едноставно не знам каде би одел наплажа доколку Оревче не е ова што е.

Јас бев најголем подржувач за рушењето на плажите поготово Немо и Лагадин, затоа што не се нудеше ништо а од друга страна се правеше страшна узурпација на плажите, но факт е дека мораме да имаме и по некој шанк на некоја плажа, не сите туристи се дојдени за правење скара на плажа. На крај краева кој ги тркалат туристите, ова што го зборвам го зборвам како млад чоек од Охрид што сакат да имат добра забава и дружење во градот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom