Што мислите за Жан Митрев?

Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
Не е прашање на вкус. Него постојат луѓе што носат само скап бренд и не оти знае што носи одат по логиката ако не е скапо не е квалитетно.. Имам другар не знае колку пари има за било што би дал многу пари само да е како што треба и дури можеш таков човек и да го излажеш да му земеш пари. Глупи се..
Тоа е веќе друга тема на разговор. Носење само скапа и брендирана облека, а немање средства за основен живот. Али ако може да си приушти, што да не...
 
Член од
23 февруари 2010
Мислења
626
Поени од реакции
1.317
Во многу работи се согласувам со тебе, така е, но ниту ти, ниту некој друг, колку и да му вадите триста мани, колку и да го правите мафијаш, ваков таков, онаков...Жан Митрев се докажа дека е врвен кардиохирург со илјадници успешни операции кои тоа го потврдуваат.
Само јас лично познавам неколку оперирани пациенти кои секојдневно го благословуваат.
Така да, нека поработи комисијата, нека направат контроли, нека го казнат ако навистина има грешки во работата, за тоа не се бунам.
Проблемот со Жан е кога влегува во другите специјалности каде што не е стручен.Човекот си пати од god complex и се меша во други области.Прашање на време е кога ке му рече и на Коки Митев ти ништо ме знаеш сега јас да ти кажам како са праве артроскопија на колено,ако не му кажал веќе.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Жан Митрев е креатура на политички главешини години наназад.. Од просечен но амбициозен лекар направена е институција. Од донации на опрема на самите почетоци во Воена болница па до денешен ден, помаган од сите актуелни власти.
Колку е виновен он а колку власта која му дозволи во време на елементарна криза да нема никаква контрола ниту над цените, ниту над методите ниту пак задоволените критериуми?
Колку пати беше покрената иницијатива од граѓаните да интервенира министерот заради недостиг на места во државни клиники? Сите останаа неми.
Неговата вина не е мала ама тука зборуваме за комплексна машинерија.
Ако умирале пациенти заради недозволени методи и разноразни бактерии во самата болница, не се виновни и сите институции кои требало да прават редовни контроли?
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.628
Технологијата нема да реши нетехнички проблеми.
Ako zememe u predvid deka golem del od bolesti se nosibo i se reshavaat so plasibo, AI-to moze da pomogne povekje od vas doktorite samo pacientot treba da mu veruva ko kje mu vika robotot - nishto ne ti e, guraj tamu, apni krastavica i namali skarata. Znaci i robotika ni treba podobra, za 100 godini i ja mislam vo golema mera kje ve zamenime. Ali pred toa ide dobar zivot za vas hirurzite primer, zamisli si ziveesh na Mavrovo u vikendica, i bazence imash i ti se javuvaat treba itna operacija na srce da pravish, ti ja stavash VR maskata, pacientot e u bolnica nad nego mashina - robot koj gi kopira tvoite dvizenja i so brziot od 10G internetot od satelitite na cicko Elon virtuelno sreduvash situacijata i vecerta izleguvash so zlatniot na proshetka u prekrasnata priroda. I kucheto. :)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.543
Поени од реакции
11.521

Институцијата што требала да прави контроли му ги препраќале сите мејлови на академикот кои ИРЛ им ги испраќале на нив кога се распрашувале за академикот… Големо е клопчето ама може да се отплетка ако сакаат
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
Ako zememe u predvid deka golem del od bolesti se nosibo i se reshavaat so plasibo, AI-to moze da pomogne povekje od vas doktorite samo pacientot treba da mu veruva ko kje mu vika robotot - nishto ne ti e, guraj tamu, apni krastavica i namali skarata. Znaci i robotika ni treba podobra, za 100 godini i ja mislam vo golema mera kje ve zamenime. Ali pred toa ide dobar zivot za vas hirurzite primer, zamisli si ziveesh na Mavrovo u vikendica, i bazence imash i ti se javuvaat treba itna operacija na srce da pravish, ti ja stavash VR maskata, pacientot e u bolnica nad nego mashina - robot koj gi kopira tvoite dvizenja i so brziot od 10G internetot od satelitite na cicko Elon virtuelno sreduvash situacijata i vecerta izleguvash so zlatniot na proshetka u prekrasnata priroda. I kucheto. :)
Слободно.
Паника се створи на планетава дека 5г ќе ни го спржи мозокот.

Вакцини не сакаа да примат, роботи кхм кхм. Баш ме интересира што ќе кажат луѓето ко ќе чујат дека роботи ќе ги лекуваат. :D
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.628
Слободно.
Паника се створи на планетава дека 5г ќе ни го спржи мозокот.

Вакцини не сакаа да примат, роботи кхм кхм. Баш ме интересира што ќе кажат луѓето ко ќе чујат дека роботи ќе ги лекуваат. :D
Ostaj toa, ovie so 5g se druga sorta, Zurla postoi za da ve ubedi deka site sme zabegani, povekjeto se kako mene antivakseri poshto ne vi veruvaat na novite vakcini ali od drugarot Tito na vremeto mislime deka bile pocisti, sakame i 10G samo da ziveeme u priroda na cist vazduh i prajme pari preku net za da prajme poubavi bazeni so 70inchen super mega led skrin i sraund dodeka ide Netfiks, HBO Max, torenti. Eden den i vie hirurzite moze da ni stanete komshii - so VR maskata i 10G. Haj tek indijanci da ne recham. Elon e nash. :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.307
Поени од реакции
26.212
Па дека не се колбаси ќе се воведе АИ то.
Мојот матичен од 5 до 18 години ме лупаше само Оспен, после тоа око не ми виде цели 7.5 години, а после тоа ме прашуваше дали да ми дадел упат.
АИто ќе има исто право на грешка колку и луѓето, а тие прават секојдневно.
Автоматски споено мислење:

Грешка си, теоретски ќе замени, т.е ќе ги сведе на минимум. Во реалност АИ во сите индустрии ќе биде со ограничено користење, но истото драстично ги крати ресурсите и кога ќе видиш ги замелнило докторите
П.С не само доктори туку ќе менува и програмери, тестери, инженери и тн.
Веќе почнавме да го употребуваме копилотот, ама сеуште е далеку од заменување инженери.

Инаку најголемата причина зошто ја обожавам сегашната работа, е затоа што секојдневно работам со и за доктори.

Тоа се двете најарогантни професии моментално, и моментите кога не можат да поверуваат дека системот за нив го прави тоа што пред 6 месеци тврдеа дека е невозможно, се бесценети. :D

Нема ни да ти сведе на минимум. Самодовербата што ја зрачи некој арогантен хирург со милион операции зад него, 500 роботи не можат да ти ја дадат.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.634
Поени од реакции
37.592
Времето ќе покаже :)
Компјутерот не греши никогаш, може само да има недоволно инпути. Ако има доволно сензори кои ќе му ги даваат потребните информации, и тренирани модели со што е можно повеќе комбинации на параметрите и исходите ќе биде далеку попрецизен од секој можен човек.
Нема емоции, нема грешки поради премореност, нема грешки оти не сум го почастил виски, нема грешки поради што не е задоволен од платата, нема грешки оти паметот му лета во деколтето на колешката...

Сепак, да не ја тупиме темата, отворете нова ако сакате да се дискутира ова, тука терајте за етичките и морални вредности на нашиот персонал со акцент на „академиков“ :D
... но сепак авионите паѓаат, ако добие збунувачки податоци компјутерот(роботот) не може да ја процени ситуацијата правилно и дава погрешна ситуација со што човекот се труди да ги острани можните компјутерски грешки, пак и пак и пак...греши, но човекот е тој кој ракува со него и го усовршува!
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.970
Поени од реакции
8.633

Де малце да ми го објасниш со сензориве. Како функционираат? Што детектираат? Паркинг сензори да не мислиш? :icon_mrgr:
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Веќе почнавме да го употребуваме копилотот, ама сеуште е далеку од заменување инженери.

Инаку најголемата причина зошто ја обожавам сегашната работа, е затоа што секојдневно работам со и за доктори.

Тоа се двете најарогантни професии моментално, и моментите кога не можат да поверуваат дека системот за нив го прави тоа што пред 6 месеци тврдеа дека е невозможно, се бесценети. :D

Нема ни да ти сведе на минимум. Самодовербата што ја зрачи некој арогантен хирург со милион операции зад него, 500 роботи не можат да ти ја дадат.
Ќе биде и копилотот, само треба време.

Епа баш заради арогантноста и потребното време да се обучат има голем интерес да бидат заменети/оптимизирани.

Инаку не зборувам за хирурзите туку за општото здравство и дијагностика.

И кога гледате дали нешто е исплатливо да се замени не ги гледајте сумите во Македонија, туку сумите што западните земји ги трошат на истите. Еден девелопер тука кошта 120-200к годишно + компанијата ќе загуби уште неколку пати по толку во периодот на обука на следен човек. Копилотот е ситна боранија за секоја компанија, и да не ми треба, и да не брка работа во моментов, би одвоил пари само и само да помогнам во изградба на алатка што ќе ме спаси од главоболки во иднина. Истото е и кај здравството, инженерство, и се останато.

... но сепак авионите паѓаат, ако добие збунувачки податоци компјутерот(роботот) не може да ја процени ситуацијата правилно и дава погрешна ситуација со што човекот се труди да ги острани можните компјутерски грешки, пак и пак и пак...греши, но човекот е тој кој ракува со него и го усовршува!
Ако не се тие компјутерите истите ќе паѓаат на дневна основа.
Де малце да ми го објасниш со сензориве. Како функционираат? Што детектираат? Паркинг сензори да не мислиш? :icon_mrgr:
Абе биди ироничен колку сакаш, поедноставна верзија на истите веќе се користи и тестира по секојдневните уреди.

Главна и најинтересна цел се трансдермални и нано сензори кои би се носеле постојано под кожата/во телото (народски да ве чипираат), со што имаш континуирана дијагностика. Кога ја имаш дијагностиката мониторинг алатка може да биде дури и твојот телефон.

Откако ќе ја имаш дијагностиката настапува АИто, т.е за добиените податоци пребарува патерни кои се веќе сретнати во други ситуации (истото што го правиш и ти, потсвесно).

Roswell Biotechnologies имаа презентација на проект каде планираат сензор со големина на молекул, и истиот би се вградувал во телото со што ќе собира 24/7/365 денови податоци за сите познати биомаркери/препознавање на вируси/бактерии присутни и нивната количина, токсини и тн.

Следна група ти се сензори кои би вршеле дијагностика преку здив, веќе се направени патерни за присутни гасови кај белодробни заболувања. Истите постојат веќе за квалитет на воздух, само идејата е да се примената со поголема сензитивност во медицина, а AI то би ги пребарувало патерните и би вршело одредување на типот/до кој степен е и тн (пак докторската работа само од различен пристап).

Брза дијагностика на крв/мокрача/измет, идејата е истите да бидат достапни дури и во аптека, се тестираш, резултатот се прикачува на нивниот клауд и добиваш целосна анализа, нема одење на доктур за упат во лабораторија, нема чекање колони во лабораторија, нема чекање на редови.

Поедноставни верзии на магнетни/компјутерски/пет скенови, повторно огромен проблем е дијагностиката и интерпретацијата на резултатите (најчесто поради незаинтересираност/недоволно знаење на лекарите). Доколку ги имаш резултатите, пак АИ алатките се последната фаза која ќе пребарува преклопувања со други случаи.

Ти пишав и погоре, ниедна автоматизација не оди преку ноќ и воведување на 5тата фаза 100% вештачка интелигенција, но истото ќе помогне прво да се зголеми квалитетот на здравството, а второ да се намали бројот на лекарите (нема да има потреба од посета за огромен број случаеви, читај општите лекари за многу брзо може драстично да се намалат/елиминираат комплет).
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.970
Поени од реакции
8.633
Ќе биде и копилотот, само треба време.

Епа баш заради арогантноста и потребното време да се обучат има голем интерес да бидат заменети/оптимизирани.

Инаку не зборувам за хирурзите туку за општото здравство и дијагностика.

И кога гледате дали нешто е исплатливо да се замени не ги гледајте сумите во Македонија, туку сумите што западните земји ги трошат на истите. Еден девелопер тука кошта 120-200к годишно + компанијата ќе загуби уште неколку пати по толку во периодот на обука на следен човек. Копилотот е ситна боранија за секоја компанија, и да не ми треба, и да не брка работа во моментов, би одвоил пари само и само да помогнам во изградба на алатка што ќе ме спаси од главоболки во иднина. Истото е и кај здравството, инженерство, и се останато.

Ако не се тие компјутерите истите ќе паѓаат на дневна основа.

Абе биди ироничен колку сакаш, поедноставна верзија на истите веќе се користи и тестира по секојдневните уреди.

Главна и најинтересна цел се трансдермални и нано сензори кои би се носеле постојано под кожата/во телото (народски да ве чипираат), со што имаш континуирана дијагностика. Кога ја имаш дијагностиката мониторинг алатка може да биде дури и твојот телефон.

Откако ќе ја имаш дијагностиката настапува АИто, т.е за добиените податоци пребарува патерни кои се веќе сретнати во други ситуации (истото што го правиш и ти, потсвесно).

Roswell Biotechnologies имаа презентација на проект каде планираат сензор со големина на молекул, и истиот би се вградувал во телото со што ќе собира 24/7/365 денови податоци за сите познати биомаркери/препознавање на вируси/бактерии присутни и нивната количина, токсини и тн.

Следна група ти се сензори кои би вршеле дијагностика преку здив, веќе се направени патерни за присутни гасови кај белодробни заболувања. Истите постојат веќе за квалитет на воздух, само идејата е да се примената со поголема сензитивност во медицина, а AI то би ги пребарувало патерните и би вршело одредување на типот/до кој степен е и тн (пак докторската работа само од различен пристап).

Брза дијагностика на крв/мокрача/измет, идејата е истите да бидат достапни дури и во аптека, се тестираш, резултатот се прикачува на нивниот клауд и добиваш целосна анализа, нема одење на доктур за упат во лабораторија, нема чекање колони во лабораторија, нема чекање на редови.

Поедноставни верзии на магнетни/компјутерски/пет скенови, повторно огромен проблем е дијагностиката и интерпретацијата на резултатите (најчесто поради незаинтересираност/недоволно знаење на лекарите). Доколку ги имаш резултатите, пак АИ алатките се последната фаза која ќе пребарува преклопувања со други случаи.

Ти пишав и погоре, ниедна автоматизација не оди преку ноќ и воведување на 5тата фаза 100% вештачка интелигенција, но истото ќе помогне прво да се зголеми квалитетот на здравството, а второ да се намали бројот на лекарите (нема да има потреба од посета за огромен број случаеви, читај општите лекари за многу брзо може драстично да се намалат/елиминираат комплет).
Ова што го спомна е само алтернатива на лабораториска дијагностика која ништо не менува во дијагностички план и напротив алтернатививе што ги наброја даваат параметри кои ниту се попрецизни од официјалниве апарати и методи, нити се побрзи а уште помалку сигурни.

"Сензори" денешно време имаш за мерење на шеќер у крв, но тие не се мали, бараат батерија за да функционира трансмитерот, даваат резултати од интерстицијална гликоза на ткивото која доцни во споредба крвната гликоза и пак мораат да се контролираат со калибрирање на крвна гликоза два пати дневно, а за проблемот со оксидацијата на сензорот формирана од некои медикамемти ги прави уште по-непрактични и пак не можат да го исфрлат класичното мерење на шеќер во крвта. Во крајна сметка дава информација само една гликоза. Што, како, зошто? Треба многу повеќе анализи од лабораторија до поставување на дијагноза.

Сензор за гасови. Сензорите се користат веќе и се секогаш еден вид ориентација. На пример сензорот за парцијалниот притисок за pCO2 на тубусот кој никогаш не дава 100% точност во споредба со вистинската вредност на pCO2 во ацидо-базниот статус. Сензорите на прстот за pO2 исто. Тие варираат уште повеќе во зависност од тоа колку е снабден прстот со крв. А таа циркулација варира од многу фактори која една AI да го препознае, треба да направи најмалку 30 сензори и под предпоставката дека се точни (а не може да бидат) да донесе заклучок. За да биде AI во комплет точна ќе мора да примени многу поагресивни методи за авто-диагноскика како рентген зраци, радиоактивни изотопи кои на практика донесуваат повеќе штета одколку корист доколку се применуваат во рутина.

Зборуваш некаков сензор под кожа. Тој сензор. Пак е тоа само алтернативна безкорисна замена за лабораторија која е неточна а еведури и да е направена до перфекција (кое не е можно) како и погоре споменативе причини не е доволна за поставувањето на дијагноза. Да би било ова возможно што збориш треба цел чоек да биде чипиран :icon_mrgr: :pos: за џабе. Да не зборам за електромагнетските интерференци на чиповите меѓу себе и доколку се најдат во близина на магнет.

Компјутерџија и 20 животи да живее и да студирал во IT и медицина не може да го среди ова.
 
Илон истовремено ти прави мапирање на мозокот и чипови за да да те тјунира, synchron ги претекнаа и веќе го испробаа нивниот, ама не можеле да направат чип што ќе ти го измери шеќерот, или крвна слика :pos:

Абе попаметни и од мене и од тебе работат на истражување на овие работи, и работат цели тимови научници, луѓе кои се на врвот во своите области.
 
Илон маск, чипови, тјунери. Господе Боже, абе со кој правам муабет ја:eek:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom