Веќе почнавме да го употребуваме копилотот, ама сеуште е далеку од заменување инженери.
Инаку најголемата причина зошто ја обожавам сегашната работа, е затоа што секојдневно работам со и за доктори.
Тоа се двете најарогантни професии моментално, и моментите кога не можат да поверуваат дека системот за нив го прави тоа што пред 6 месеци тврдеа дека е невозможно, се бесценети.
Нема ни да ти сведе на минимум. Самодовербата што ја зрачи некој арогантен хирург со милион операции зад него, 500 роботи не можат да ти ја дадат.
Ќе биде и копилотот, само треба време.
Епа баш заради арогантноста и потребното време да се обучат има голем интерес да бидат заменети/оптимизирани.
Инаку не зборувам за хирурзите туку за општото здравство и дијагностика.
И кога гледате дали нешто е исплатливо да се замени не ги гледајте сумите во Македонија, туку сумите што западните земји ги трошат на истите. Еден девелопер тука кошта 120-200к годишно + компанијата ќе загуби уште неколку пати по толку во периодот на обука на следен човек. Копилотот е ситна боранија за секоја компанија, и да не ми треба, и да не брка работа во моментов, би одвоил пари само и само да помогнам во изградба на алатка што ќе ме спаси од главоболки во иднина. Истото е и кај здравството, инженерство, и се останато.
... но сепак авионите паѓаат, ако добие збунувачки податоци компјутерот(роботот) не може да ја процени ситуацијата правилно и дава погрешна ситуација со што човекот се труди да ги острани можните компјутерски грешки, пак и пак и пак...греши, но човекот е тој кој ракува со него и го усовршува!
Ако не се тие компјутерите истите ќе паѓаат на дневна основа.
Де малце да ми го објасниш со сензориве. Како функционираат? Што детектираат? Паркинг сензори да не мислиш?
Абе биди ироничен колку сакаш, поедноставна верзија на истите веќе се користи и тестира по секојдневните уреди.
Главна и најинтересна цел се трансдермални и нано сензори кои би се носеле постојано под кожата/во телото (народски да ве чипираат), со што имаш континуирана дијагностика. Кога ја имаш дијагностиката мониторинг алатка може да биде дури и твојот телефон.
Откако ќе ја имаш дијагностиката настапува АИто, т.е за добиените податоци пребарува патерни кои се веќе сретнати во други ситуации (истото што го правиш и ти, потсвесно).
Roswell Biotechnologies имаа презентација на проект каде планираат сензор со големина на молекул, и истиот би се вградувал во телото со што ќе собира 24/7/365 денови податоци за сите познати биомаркери/препознавање на вируси/бактерии присутни и нивната количина, токсини и тн.
Следна група ти се сензори кои би вршеле дијагностика преку здив, веќе се направени патерни за присутни гасови кај белодробни заболувања. Истите постојат веќе за квалитет на воздух, само идејата е да се примената со поголема сензитивност во медицина, а AI то би ги пребарувало патерните и би вршело одредување на типот/до кој степен е и тн (пак докторската работа само од различен пристап).
Брза дијагностика на крв/мокрача/измет, идејата е истите да бидат достапни дури и во аптека, се тестираш, резултатот се прикачува на нивниот клауд и добиваш целосна анализа, нема одење на доктур за упат во лабораторија, нема чекање колони во лабораторија, нема чекање на редови.
Поедноставни верзии на магнетни/компјутерски/пет скенови, повторно огромен проблем е дијагностиката и интерпретацијата на резултатите (најчесто поради незаинтересираност/недоволно знаење на лекарите). Доколку ги имаш резултатите, пак АИ алатките се последната фаза која ќе пребарува преклопувања со други случаи.
Ти пишав и погоре, ниедна автоматизација не оди преку ноќ и воведување на 5тата фаза 100% вештачка интелигенција, но истото ќе помогне прво да се зголеми квалитетот на здравството, а второ да се намали бројот на лекарите (нема да има потреба од посета за огромен број случаеви, читај општите лекари за многу брзо може драстично да се намалат/елиминираат комплет).