Здраво, денеска на радар кај Демир Хисар возев 84, а дозволено 50. Ме сопреа и ми пишаа казна, ако ја платам во рок од 8 дена тогаш пола износ. Е сега, јас живеам во друг град, откако ќе ја платам казната со уплатница преку банка треба да одам во било која полициска станица за да испратат известување до СВР Демир Хисар дека е платена казната?
Исто така, полицаецот ми рече дека ако ми е првпат, тогаш можеби ќе ме пуштат, веројатно мислеше за одземање на дозволата. Во случајов треба да ми стигне пресуда за одземање на дозволата? Дали има рок за тоа и што ќе се случи ако не ја однесам? Првпат ми се случува, па ве молам некој да ме упати што треба да правам. Благодарам.