За Кунде не знам, знам дека сакал да игра во Барселона, не знам само колку баш, претпоставувам.
А за Рафиња и повеќе од јасно беше кого чекаше. Како не му била Барселона прва опција? Чекаа и тој и Деко, одолговлекуваа, чекаа Барселона пари од ТВ права да продаде.
Челзи и Лидс одамна имаа договор. Дури имаше муабет дека би останал во Лидс уште една сезона, само да издејствува идната година трансфер во Барселона.
Роналдињо идол, бла, бла, фан од дете.
Е токму и во тоа се состои пропагандата, која очигледно не ги заобиколила и навивачите овде. Да се прикаже, меѓудругото, дека издвоена е некаква победа. Со замислен противник. Немаш победа во случајот со Рафиња. Имаш чист случај. Желбата на играчот секогаш била и ќе биде пресудна.
Еве за Левандовскк пример. Лапорта излегува во јавност и вели дека ги победиле ПСЖ и Челзи во борбата за неговиот потпис.
Не знам за ПСЖ, ајде, ама Челзи апсолутно никогаш немале ниту конкретен интерес, ниту испратиле понуда кон него и Баерн. Никогаш.
Сега ќе мислат Каталонцитс дека Лапорта е магичен, ете во каква конкуренција успева да обезбеди јаки играчи.