Тука правилата се различни за секоја држава, пример во NSW треба технички преглед со секоја регистрација исто како во мкд.
За казнувањето имаат камери на секој чекор и автоматски ти стига казна. Последно им се надградени со AI и препознаваат : дали разговараш на телефон, дали носиш каиш, казнуваат за опасни завртувања, ако ја заглавиш раскрсницата (како што се пикаат кај нас во мкд иако свесни се дека нема да може да поминат додека е зелено), на автопат знае да те збрка и полиција и да те застане ако си брз а имаат и камери на многу локации (
плус и им се на приколки и ги преместуваат).
Во школските саати пред училиштата имаат помала брзина и ќе те скинат ако те фатат да возиш побрзо, прават и алкохол тест на рандом локации и интервали (пред 1 недела застанати 2ца џандари под надвозник не натераа да дуваме сите што поминувавме на таа делница во моментот, буквално само застануваш и за 15 секунди ти спрема за дување, ако си пиел те отстранува сместо од сообраќај, ако си чист си продолжуваш, исто мислам дека тестираат и за дрога).
Плус ако ги надминеш демерит поените ти отиде возачката и сите се пазат, а буквално со зборување на телефон, каиш и нешто ситно може да ти отидат сите.
Е ама затоа курињата и со коли од по 1 милион возат колку што треба, 110 на автопат и ретко да видиш некој да вози 10-20км побрзо од тоа. Али чиста среќа што е така, како што има гужва по 4-5 ленти возило до возило уште да возат каубојски. Споредено со МКД сообраќајот е 30 нивоа погоре (пропуштање на пешаци, престројување без проблем, почитување на сигнализација, брзина).
Исто така и во мкд, може ако му однесеш туба и пола да ти го претури кај него, а да ти шибне некое масло од 100че литар