Кеита Балде сеуште на продажба како и шал Јувентус Ајакс, тотална тезга ако си на бувљак на паркингот кај Кале.

Најлуди се овие штампачи, после било каква шпекулација сместа имаат на понудата дрес од играчот. 6 евра дрес.
Е од ваква тезга пред 20 и кусур години ми беше купен комплет дрес со шорцеви, кхм, од КАЛОН. Големиот Мохамед Калон пошто според мојот татко за кур ми бил дрес од Роналдо 9, таков имале сите, од Калон немало никој. Од Калон и самиот Калон немал дрес, а збориме за играч којшто има основано свој клуб со името Калон, каде на времето беше, претседател, директор, тренер и играч.
И така, кратка тажна приказна од моето детство, за да тргнам пажња од трансферот на Дибала.