Serie A 2021/2023

  • Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.984
Поени од реакции
23.928
"It is unacceptable that Inter values a player who has no Serie A appearances so highly" Urbano Cairo on Casadei to the microphones of
@TuttoMercatoWeb

:icon_lol: :icon_lol: :icon_lol: :icon_lol: :icon_lol:
Глуп му е муабетов иако конкретно за играчов може да е во право дека Интер претерале со вреднувањето. Заниоло исто немаше одиграно ниту еден меч во Серија А па еве го, сега Рома може да го продаде за 50 милиони.
Сака да си го извади малку гзот зашто продал на Јуве ама јасно ни е дека било кој да беше во таа ситуација истото ќе го направеше. Голема беше разликата од едната до другата понуда.
Не знам која точна цифра е одредена како вредност за тој Касадеи во понудата за Бремер ама ако е 5-7 милиони и не е некое претерување.

Од друга страна ако остане Шкриниар не гледам голем пропуст на Интер јер Бремер беше негова замена. Пропуст е што немаат ебан денар и место да го земат и да го користат во ротација една сезона, они им дозволија на конкурент да се засили.

Од друга страна Јуве со продажбата на Де Лихт и купувањето на Бремер ем заработи солидна пара, ем се ујачаа. Интер да го продадеше Шкриниар и да го донесеше Бремер немаше воопшто да се ујача и ќе делуваа многу послабо од лани.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.938
Поени од реакции
8.837
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Глуп му е муабетов иако конкретно за играчов може да е во право дека Интер претерале со вреднувањето. Заниоло исто немаше одиграно ниту еден меч во Серија А па еве го, сега Рома може да го продаде за 50 милиони.
Заниоло цела Италија го знаеше ко огромен талент, овој ниту мајка му не би го вреднала повеќе од тоа што му е и реална вредност според некои веб страни - 1м евра.

Иначе Интер ќе е океј доколку го задржи Скриниар и тука се согласувам ама доколку го изгубат и сам знаеш дека можно е да колабира таа одбрана.
 

433

Член од
17 август 2021
Мислења
123
Поени од реакции
352
Сеа не им ни треба Бремер од кога го ставија во секоја можна формација. Славење нереализирани трансфери како Лавеци, Модрич, Меси, Дибала и утакмкцата со Болоња која ја имаа победено со 100 - 0 едно милион пати

Менување мислење, ставови и спинови на 2 минути како во некоја шпанска серија без буџет.
Таквите лејм моменти се бесценети. Ве молам само продолжете така!
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.536
Поени од реакции
15.018
Од друга страна ако остане Шкриниар не гледам голем пропуст на Интер јер Бремер беше негова замена. Пропуст е што немаат ебан денар и место да го земат и да го користат во ротација една сезона, они им дозволија на конкурент да се засили.

Ајде реално, дали мислиш дека постоеше и најмала шанса Интер да го земе Бремер, а да не го продаде Шкриниар?

Нема теоретски шанси Интер да си дозволи четириесет милионски трансфер без да продаде некого, а уште и да дадат толку пари за некој за ротација. Па и Бремер нема да прифати таков статус, имаше изјава дека целта му е СП во Катар, што значи му треба првотимски статус да се докаже.

Ако остане Шкриниар, Интер е посилен, проблем е само што ако мора Интер да продава, тоа ќе го направи, парите што треба да ги заработат во наредните две-три години тие ќе ги заработат, прашање е само на колку рати.

Но ќе има една година потрезвено да бара замена, тоа може да е единствената предност.

Се некако ми личи, дека ако Интер сега не освои титула, којзнае кога ќе има пак шанса, мислам да почне сезона во фаворитска улога.

Со продажбите, односно потребата да се продава, се јавува тој проблем, што со тек на време, поради ослабнувањето на клубот и губењето на амбициите и тие што сега не се желни за продавање и сакаат да продолжат договори, ќе сменат мислење.

Си отишле двајца, па уште еден, па уште еден и веќе некој како Лаутаро нема баш да има толку желба да остане.

Исто како што и некој како Леао нема да сака да остане, туку ќе си бара поамбициозен клуб, а воедно и финансиски помоќен. И пари повеќе, подобро опкружување, повеќе титули...

Кај Интер е само прашање на време продажбата, дали ќе издржи Жанг да го среди клубот со долговите и да извади повеќе од 1 милијарда, а потоа гледајќи со понудите околу Милан, тешко да дојде нешто друго освен некој фонд. Односно тешко некој што ќе троши како Жанг во првите години.

Затоа мислам дека ова е веројатно последна сезона во која Интер влегува како фаворит во борба за титула.



Може да се почне со хехе и тажно. :icon_lol:
 

Down

Aloysius Devadander Abercrombie
Член од
4 мај 2012
Мислења
4.102
Поени од реакции
7.068
Секој пост на Велештрумф му е: "Ајде интераши не се секирајте уште сте јаки, има и полошо видете не нас" :icon_lol:

Цела ебена сезона, на крај скудето земавме ама не ајде ќе ги тешиме интерашиве на секоја страна од темава :ROFLMAO:
 

Alen_001

Недозволен тајтл, внимавај.
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.632
Поени од реакции
1.199
:lolzz:
Сеа не им ни треба Бремер од кога го ставија во секоја можна формација. Славење нереализирани трансфери како Лавеци, Модрич, Меси, Дибала и утакмкцата со Болоња која ја имаа победено со 100 - 0 едно милион пати

Менување мислење, ставови и спинови на 2 минути како во некоја шпанска серија без буџет.
Таквите лејм моменти се бесценети. Ве молам само продолжете така!
Najjak moment vo Reggio Emilia dodeka veke bevme sampioni,oni cekaa gol na Raspadori:lolzz:
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.536
Поени од реакции
15.018
Секој пост на Велештрумф му е: "Ајде интераши не се секирајте уште сте јаки, има и полошо видете не нас" :icon_lol:

Цела ебена сезона, на крај скудето земавме ама не ајде ќе ги тешиме интерашиве на секоја страна од темава :ROFLMAO:
Каква тешење бе, целиот пост е дека ова им е последна сезона со некакви поголеми шанси да освојат титула. :D
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.984
Поени од реакции
23.928
Ајде реално, дали мислиш дека постоеше и најмала шанса Интер да го земе Бремер, а да не го продаде Шкриниар?

Нема теоретски шанси Интер да си дозволи четириесет милионски трансфер без да продаде некого, а уште и да дадат толку пари за некој за ротација. Па и Бремер нема да прифати таков статус, имаше изјава дека целта му е СП во Катар, што значи му треба првотимски статус да се докаже.

Ако остане Шкриниар, Интер е посилен, проблем е само што ако мора Интер да продава, тоа ќе го направи, парите што треба да ги заработат во наредните две-три години тие ќе ги заработат, прашање е само на колку рати.

Но ќе има една година потрезвено да бара замена, тоа може да е единствената предност.

Се некако ми личи, дека ако Интер сега не освои титула, којзнае кога ќе има пак шанса, мислам да почне сезона во фаворитска улога.

Со продажбите, односно потребата да се продава, се јавува тој проблем, што со тек на време, поради ослабнувањето на клубот и губењето на амбициите и тие што сега не се желни за продавање и сакаат да продолжат договори, ќе сменат мислење.

Си отишле двајца, па уште еден, па уште еден и веќе некој како Лаутаро нема баш да има толку желба да остане.

Исто како што и некој како Леао нема да сака да остане, туку ќе си бара поамбициозен клуб, а воедно и финансиски помоќен. И пари повеќе, подобро опкружување, повеќе титули...

Кај Интер е само прашање на време продажбата, дали ќе издржи Жанг да го среди клубот со долговите и да извади повеќе од 1 милијарда, а потоа гледајќи со понудите околу Милан, тешко да дојде нешто друго освен некој фонд. Односно тешко некој што ќе троши како Жанг во првите години.

Затоа мислам дека ова е веројатно последна сезона во која Интер влегува како фаворит во борба за титула.



Може да се почне со хехе и тажно. :icon_lol:
Зашто хехе и тажно? Се што кажа е точно и нам ни е добро познато, и без разлика какви муабети се правеле тука мислам дека сите фанови на Интер на форумов се свесни за тоа во каква состојба е клубот. Апла се гледа дека немаат пари за трошење и овој квалитет во составот е само успешна работа на менаџментот.
Гледај- нашата одбрана вреди колку еден одбранбен играч на Манчестер Јунајтед. Средината цела е платена помалку од Фред а нападот е живо џабе. Нашиот цел тим ако грубо прерачунам е направен со максимум 100-120 милиони и пак е Интер при врвот, што значи супер работа на менаџментот а газдите само не одалечуваат од некое замислено ниво на кое бил клубот порано. Убаво пиша Син во Фан клуб Интер, место ние да направиме супер тим со ниски вложувања они го распаднаа комплетно составот.
Мене овие моменти во кој Јуве од пред нос ни зима играч воопшто не ми се шокирачки. Моментот е само Јуве да не загриза за одреден играч, нема шанси Интер да се натпреварува финансиски со нив, факт. Особено што они искешираа од продажбата на Де Лихт, ама мислам дека и без него ќе беше ист исходот ако желба им бил Бремер. Ние стигнавме до период каде да ги задржиме клучните играчи е успешен трансфер рок. Ако има некој слободен играч да закрпиме и со господ напред во новата сезона. И да го задржат Шкриниар летово, очекувам наредното ако не он, некој друг клучен играч да биде продаден. Секако, ова го мислам доколку сеуште се кинезите сопственици.


Сеа не им ни треба Бремер од кога го ставија во секоја можна формација. Славење нереализирани трансфери како Лавеци, Модрич, Меси, Дибала и утакмкцата со Болоња која ја имаа победено со 100 - 0 едно милион пати

Менување мислење, ставови и спинови на 2 минути како во некоја шпанска серија без буџет.
Таквите лејм моменти се бесценети. Ве молам само продолжете така!

Единствената формација во која беше ставен Бремер е онаа без Шкриниар. Вестите до пред некој ден беа тие - Шкриниар во ПСЖ па пропорционално на тоа единствена желба на фановите беше Бремер заради сличните карактеристики со словакот.
Ако го задржат Шкриниар, Интер апсолутно не изгубиле ништо. Ние очекувавме ДеФрај да биде продаден а на негово место биде донесен Бремер, ама се нема пари а и никој не загриза за ДеФрај кој најверојатно догодина можно е да си замине и како слободен играч. Не сме ментални покрај сите овие години со кинезиве да веруваме дека они ќе фрлат 40-45 милиони на играч кој би служел во ротација. Али покрај ова што го изгубија Бремер, ако го продадат и Шкриниар, тоа ќе биде поголем дебакл и од ланскиот кога во едно лето го изгубивме Конте, Лукаку, Хакими и Ериксен.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom